22-ро мото рели Македонија - Независност

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89


22-то мото рели Македонија - Независност ќе се одржи од 7 до 9 септември. Поаѓањето е во сабота од плоштадот Македонија во Скопје, а пристигнувањето на истото место е предвидено за на 9-ти септември (понеделник, неработен ден).

Мото рели Македонија се вози по повод денот на независноста, 8-ми септември, и е единствена спортска манифестација која се одржува секоја година од осамостојувањето на земјава.

Остануваат уште некои детали да се допрецизираат, ќе ги дополнам веднаш откако ќе бидат усвоени, а она што е познато за сега е следното:

Цената на котизацијата изнесува 600 денари за возач и 300 за совозач, уплатата ќе се врши преку банка со уплатница на сметката на МФМ или во сервисот „Сито“ во Скопје каде ќе може да се плати во готово.

Ден 1
Според планираната рута, годинава ќе се вози од Скопје, преку Куманово, Кратово, Пробиштип, Кочани, Берово, Струмица и Дојран каде ќе се ноќева првата вечер.
Во Дојран предвидени се активности за учесниците по доаѓањето, а забавата е предвидена за во кампот „Партизан“ каде во 20.00 има вечера за учесниците, а потоа и забава со рок бенд.
Во Дојран обезбедено е сместување во кампот „Партизан“ каде има четворокреветни приколки по цена од 400 денари, и четворокреветни бунгалови по цена од 1000 денари. Бунгаловите се со кујна, купатило и клима, но за слободни места ќе треба да се праша на самото место.
Втора опција за сместување во Дојран е хотелот „Престиж“ (гледа кон езерото, а се наоѓа пред кампот Партизан), каде цената за ноќевање со доручек изнесува 600 денари по лице.

Ден 2
Од Дојран се вози преку Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен и Охрид каде се ноќева. Во Охрид обезбедена е вечера во пицеријата кај „Билјанини извори“, а потоа и забава за учесниците. Ноќевањето може да биде во „Калифорнија“, „Партизан“ или по сопствен избор.

Ден 3
Од Охрид рутата води преку Вевчани, Дебар, Маврово и потоа е враќањето во Скопје. Доделувањето на наградите, дипломите и затворањето на релито ќе се случи на плоштадот Македонија во Скопје.

 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
само шо пристигнаа у Струмица:):)баш ми се срцки:), а и бајаги на број се..

ехх од кога се немам возено на салам моточе:(:(лигите ми истечеа гледајки ги:(

среќен пат дечки:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom