- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.572
- Поени од реакции
- 18.605
Пронајден главниот град на Хазарите
http://www.makfax.com.mk/look/novin...n=2&NrArticle=124138&NrIssue=758&NrSection=30
Руските археолози го пронајдоа одамна загубениот главен град на Хазарското кралство во јужна Русија.
„Ова е големо откритие”, рече организаторот на експедицијата Дмитриј Василјев од Астраханскиот државен универзитет по враќањето од локацијата во близина на селото Самосделке на брегот на Каспиското езеро.
„Сега можеме да ја разјасниме една од најголемите мистерии на тоа време: како живееле Хазарите. Многу малку знаеме за нив, нивните обичаи, погребни обреди, културата”, рече Василјев.
Станува збор за главниот град на Хазарите, полуномадски народ кој ја прифатил еврејската религија како официјална вера во периодот меѓу 8. и 10. век, кога ги покориле владетелите на древна Русија.
Во својот врв хазарската држава контролирала поголем дел од денешна јужна Русија, западен Казакстан, источна Украина, Азербејџан и големи делови на севернокавкаското подрачје.
Во арапските хроники градот се споменува под името Итил, но Василев вели дека ова име веројатно ја означувало Волга на која бил изграден градот или подрачјето околу делтата.
Итил наводно бил мултиетнички град чии остатоци никогаш не се пронајдени и за кои се верувало дека ги поплавило Каспиското езеро.
Археолозите истражуваат на подрачјето на Самосделке изминативе девет години, но дури сега собрале доволно докази, што ја поддржуваат нивната теза, вклучувајќи ги и остатоците од древната тврдина од цигли.
„Внатре во тврдината пронајдовме колиби слични на јуртите, кои се типични за хазарските градови... Тврдината има триаголен облик и била изградена од цигли. Тоа е уште еден доказ дека не станува збор за обичен град.”
--------------------------------------------------------------------
ABC овие се тие што ги спомнуваш цело време дека го владеат светот?