Бокс

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
ооо обожавам бокс:vozbud:

дефинитивно еден од моите омилени спортови :pipi:
 
Но не е се` во ќотекот:), треба да знаеш како и од каде да го зачукаш противникот, а немаш многу време за мислење и додека боксуваш мораш да бидеш цело време во движење. Напорно, напорно.
Кога бев на гости кај братучетка ми во Шведска, ме однесе на тренинг кај една нејзина другарка, таа тренираше бокс. Ми даде ракавици на заебанција да ме види колку знам. 10 секунди и беа доволни да ме размава:). Ама нежно, нормално, да беше поинаку сега помен ќе ми правевте.
Така да за овој спорт забележав дека се потребни и рефлекси и голема психичка концентрација, затоа што едно мало невнимание и откривање може да му даде шанса на противникот за неколку удари во серија.
 
ејј бокс од кога неам гледано зашо не даваат пак на мтв бе да стануваш во 5 за да го гледаш тајсон лол па и тони насковски од нашиве кои други беа а на сателитска ме мрзи да барам
 
Уф колку сакам да тренирам бокс ама у Кавадарци нема изгледа:nesvest::nesvest::nesvest:
 
Еден од најтешките спортови дефинитивно почнувајќи од фактот дека околу 80% од ударите се во глава :)
Во боксот има 4 вида удари.

Преден директ
jab.jpg


Заден директ
pavlik_taylor_boxing_1_400.jpg


Кроше
box_povetkin_hook_580.jpg


Аперкат
Uppercut.jpg
 
Аматерите Боксери,колку победи треба да имат да преминат во професионалци?
 
Каде во МК се тренира бокс? Не да се спремаш за натпревари туку онака.
 
Еден мој дедо тренирал бокс, ама се откажал по првиот тренинг меч. Дедо ми, 2 метра и бааги килограми, а спаринг партнерот, пола од него. И ситното го протепало дедо ми. Негови легендарни зборови од тогаш биле: Око ми го јаде, ама снага не :)
Иначе бокс е интересен спорт, но повредите на главата кои можат да настанат по завршување на кариера, се едни од најстрашните. Мошне веројатна варијанта е заболување од Паркинсонова болест.
 
За сите љубители на спортот особено на боксот сакав да ви најавам дека утре Сабота во 22.35 на хрватската телевизија НОВА не знам дали кај нас некој ке го пренесува мечот помеѓу Vladimir Kličko vs. Hasim Rahman
 
За сите љубители на спортот особено на боксот сакав да ви најавам дека утре Сабота во 22.35 на хрватската телевизија НОВА не знам дали кај нас некој ке го пренесува мечот помеѓу Vladimir Kličko vs. Hasim Rahman

Фала на информацијата.Интересна борба ќе е верувам :icon_lol:.
 
Кличко во седмата рунда победи со ТКО.
 
Кличко во седмата рунда победи со ТКО.

Round 7, 44 sec.

Уште од втората рунда веќе се осеќаше доминантноста на Кличко, заслужено победи, само можеше судијата да ги остави па ѓутпино поголем ќотек да изеде : )

Секоја чест.
 
Мислам,не смее да го остави ако виде дека неможе повеќе и само прима удари и се брани.Иначе секоја чест за Кличко..
 
Нормално дека ќе го повреди, затоа и судијата ја прекина борбата, овој без душа остана сиротиот. Незнам дали ги слушаше коментарите, дека црнецот уствари го предизвикал на Кличко заради доброто спонзорство што го добил, па си рекол дека не се знае, демек не си ја знае силата па ќе го предизвика на актуелниот шампион. Брука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom