@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Во март 1881 година привремената Влада на Македонија објавила Манифест испратен (со Протоколарното решение на Македонското национално собрание) до дипломатските претставници на големите сили. Во Манифестот се барало признавање правото и на македонскиот народ, како историски народ со богато и славно минато кој оставил траен белег во цивилизацијата на човештвото, да ја возобнови својата државност. Привремената влада апелирала и до прогресивното јавно мислење, до сите «слободољубиви луѓе, со благородни срца», да му притекнат на помош на македонскиот народ во неговата борба за слобода. Со Манифестот привремената Влада на Македонија повикувала, пред опасноста татковината да биде распарчена од агресивните «околни народи», «гробари на големата и славна татковина» сите народни сили да се обединат под знамето на «единствена и обединета Македонија.., како единствен национален симбол» Бидејќи, само со единство можело да се смета да се извојува сопствената слобода, «тоа скапо наследство на народите». И со тоа да се обезбеди спасот на татковината. Владата предупредувала на опасноста од делба на Македонија и ново ропство што трајно ќе го спречело возобновувањето на македонската држава . Големите европски сили, и покај силната нивна поларизиранот, биле против создавањето нова држава на територијата од посебна стратегиска важност за сите нив, каква што во тоа време била Македонија. Затоа нивната главна грижа била и останувала да не допуштат било која од големите европски држави да воспостави свое предоминантно влијание. Во тој однос посебно се експонирале двете, «непосредно заинтересирани» големи сили Австро-Унгарија и Русија .Во 1881 година тие, заедно со Германија со тајниот трицарски договор од 18 јуни, се обврзале да гарантираат заштита за Македонија од евентуална агресија од Бугарија .А исто така и од Србија. Српскиот крал Милан за време на неговата посета на Виена во август 1882 година, бил предупреден за посебниот интерес на Австро-Унгарија Србија да се откаже од секаков план по однос на Македонија .
Пред крајот на 80-те години била обновени активностите за актуелизирање на македонското прашање на европската дипломатската сцена. Видни македонски личности се превзеле акции за придобивање на дипломатиите на големите сили. Кон крајот на јули истата 1887 година Наум Евро и Коста Групче упатиле апел до дипломатските претставници на големите европски држави во Цариград да ја признаат посебноста на македонскиот народ и да се застапат кај владата на Османлиската држава за разрешување на македонското прашање со давање посебен статус на Македонија во рамките на самата држава. Од европските сили барале заштита за Македонија која, «поради важноста на својата географска и стратегиска положба», станала објект на претензии агресивните соседни балкански држави. При тоа укажувале дека претендентите не барале сретства за остварување на своите претензии. Како и дека за Македонија подготвувале «застрашувачка катастрофа», што едновремено претставувала директна закана не само за мирот на Балкан туку и за европскиот мир. Барале интервенција на силите «за да се искоренат таквите илузии на речените (балкански) државички». Предупредувајќи при тоа дека «никој нема право да претендира на Македонија. Таа им останува на Македонците»