@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕЛОТО НА НИКИФОР
ГРИГОРА – ВИЗАНТИСКИ ИСТОРИОГРАф ОД XIV ВЕК
Никифор Григора (1295–1360) роден е во епископскиот град Хераклеја на Понт. За неговите родители не се знае ништо. Фамилијата не можела да влијае на развојот на Григора, бидејќи на 10 години останал без двата родитела. Повеќе отколку за родителите Григора оставил спомен за неговиот вујко-хераклејски епископ Јован, кој што му го овозможил образоването.
Во престолнината Н. Григора се дружел со Теодор Метохит и патријархот Јован XIII Гликас. Тоа му го трасирало патот на византискиот двор. Императорот Андроник II инаку самиот астроном аматер, сакал да се дружи со образовани луѓе и со нив да води научни разговори. Григора имал можност да настапи пред императорот со свое реторичко излагање и да ги здобие неговите симпатии. Императорот му понудил на Григора функција хартофилакс, но Григора му се заблагодарил и останал доследен на својот став да не учествува во политиката. Неговите амбиции биле на друга страна. Веќе имал завршено неколку дела, кога во 1324 година предложил реформа на календарот, кое нешто уште повеќе го афирмирало како научник. Императорот го одобрувал предлогот,но немал енергија или не наоѓал сила да се обиде да го оствари во држава што не била склона кон промени. Сепак Н. Григора во својот живот прифатил една политичка мисија, која што има важност и за нас. Бил испратен во Србија како пратеник со задача да ја наговори ќерката на Теодор Метохит-Ирина, своја некогашна ученичка, да се врати во Византија (1327). Таа по низа околности се затекнала на дворот на српскиот крал Стефан Урош III Дечански, инаку нејзин зет, но не како гостинка, туку таму живеела во избеглиштво. Нејзиниот сопруг паниперсеваст Јован Палеолог, внук (од брат) на императорот Андроник II Палеолог, се одметнал од него со желба да се осамостои во еден дел од Империјата.
Зад себе Григора оставил обемна книжевна заоставштина. Особено е значајна за нас неговата «Ромејска историја» од 37 книги. Освен неа пишувал писма, две астрономски дела и други дела, на број до 80.
Со историографија Н. Григора се занимавал «одамна», како што сам вели на едно место. Истражувачите откриле податоци дека материјал прибирал уште во времето на симнувањето на Андроник II (1328). Од тогаш па се до смртта Н. Григора се занимавал со историја, но на тоа поле не ги растурил своите напори во големиот број разновидни дела, туку ги посветил на своето главно дело «Ромејска историја».
Формално Н. Григора го започнал своето дело од 1204 година, како пресвртница во историјата на Византија. Но, излагањето на Григора има карактер на вовед се до осмата глава, каде што почнува расказот за судирот помеѓу двајцата Андрониковци. Во својот вовед Григора се потпира на неговите претходници, претежно на Георги Пахимер и Георги Акрополит.
Истражувачите многу се труделе да утврдат кога е напишана «Ро-мејската историја». На крајот е заклучено дека таа е пишувана на «бранови», од 1328–1338 г. Сепак делото не можело да биде завршено пред 1341 година, бидејќи во него е поместен надгробниот говор за императорот Андроник III , значи го завршил 1344, а го објавил 1347 година. Тогаш веќе Н. Григора ги имал напишано поглавијата на продолжетокот до 1354 година.
Григориното дело постепено продрело во книжевната традиција кај Јужнословенските народи. Дел од податоците што се наоѓаат во првите 11 книги ги искористил Мавро Орбин, авторот на «Кралството на Словените» што се смета за прва историја на Јужните Словени (1*).
Во првиот дел од «Ромејската историја» на Н. Григора, иако не е современик за тоа, сепак дава податоци и за Македонија и Македонците.
Прв пат Н. Григора споменува за Македонија кога зборува за бугарско-никејската војна 1221/22 и епирско-никејската 1222/24 година и крунисувањето на Теодор Ангел за цар од страна на Охридскиот архиепископ Димитри Хоматијан. Во првата епизода Н. Григора вели дека: «…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ούτω πάντα 'ράδίως ό Ιωάννης κατέδραμεν άχρι θεσσαλονίκης και Μακεδονίας, όπόσα εκ κώμαις και πόλεσι και φρουρίοις , μικρού ν έρημίαν, το δη λεγόμενον, άποδείξας)» (5*). Но овој бугарски напад бил со грабачки карактер, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели «најпосле го покорил и самиот главен град Солун, кој што е прв во земјата на Македонците… (έως και αυτήν ή της τν Μακεδόνων προκάηται γης έχειρώσατο μεγαλόπολιν την θεσσαλονίκην)» (6*). Токму овој податок А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» (7*), а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» (8*).