Каде и колку често одите на фризер?

  • Креатор на темата Креатор на темата setaj
  • Време на започнување Време на започнување
Ектремно ретко одам на фризер. Косата брзо ми цвета и ми се кине и поради тоа баш често треба да одам, ама сакам да ја пуштам подолга, кратка многу лошо ми стои, па жал ми е да ја шишам, чак и расцветана. :(

А одам у принцип кај Димче (кој е геј среќно оженет со жена и дете :icon_lol: ), ама ме нервира малце, многу ми трача, а јас сакам да пуштам мозок на пасење дур ме фризираат. :icon_lol:
Последниот пат (што беше пред скоро 6 месеца :O) бев кај една маалска што тотално ме унакази и кај која не се враќам веќе. Или може дека ја начекав со потечен заб, па не и беше денот... :icon_lol:

А син ми у Диор го праќам :pos:
 
па бидејки чувам долга коса се шишам само еднаш во година ипол

Е баш затоа што сакаш да си јачуваш косата здрава и долга , треба да ја шишаш почесто а не 1 во годината.
А, да инаку во Драчево кај Јоцо се шишам , дечково е супер
 
Кај Цимер во Капиштец...на секои 2 месеца
 
Кај Марија, еднаш на 2 месеци.
 
Во Avangarde.
И сум презадоволен.
Идам на интервал помеѓу дваесет дена и еден месец.
 
порано кај патра во к. вода(ај малце реклама на братучед ми), но сега вика4 си купи машинка па се мааме на 2че сами хахаха
 
Кај Слаџана во Аеродром супер шиша ептен се погоди а нон стоп менував фризери пред тоа и ретко енкој да ме погоди
 
Па зависи ако носам прави шишки мора да одам почесто, барем на 1 месец за да ги одржувам, да можам да гледам :) А ако ми се шишките на страна тогаш на 2-3 месеци за да ја скратам малку целата коса, она оштетеното. Понегогаш пак може да се случи 5 пати да одам во еден месец, онака само малку да ме средат, да ме испеглаат, ова во периоди коа ми е досадно и нема што да правам....а муабет во фризерниците има колку сакаш:)
 
Куде Нелу на Треќу Македонску Ударну Бригаду..иначе шишам се на 4-5 месеца а пеглам се свак божји дн :lud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom