Ете баш сега гледав. Добра шанса наместо 270.000 денари, ќе даваат 340.000 што е повеќе од 50-50. Јас поштувам што пријавувањето во квизов на Сител е на обичен телефон, ова на 0500 ми е стварно невидена пљачка. Башка викаат парите ви ги носиме дома. Да не чул некој за што станува збор???? Баш ми фалат дома едно 50.000 евра
...подобро кажано едниот (50-50) е ПРЕглуп, а другиот (Добра шанса) е копија на Најслабата алка.
Уште кога ќе се надоврзат и водителите... :nesvest::nesvest:
Вчера пак почна 50-50 на А1, овој пат со Жаре (Еден на еден).
Малку поинтересно отколку лани, но идиотско е она компјутерското избацување со ха-ха-ха цело време.
Што се однесува за Добра шанса, откако го ставија во термин во петок не сум го гледал.
ама стварно безвеза....може се добри за пари зимање (или не, има толку многу прашања а сумите се смешни) ама не се интересни ама ич....
али кога морам да бирам, би избрал 50-50
Добра шанса е добар квиз, само што водителот ми е антипатичен и поради тоа не го гледам квизов, а 50-50 ни едното ни другото. Поглуп квиз не сум видела, зборувам за ланскиот водител, но сега со Жаре верувам дека ќе биде поинтересно.
Се знае што е добар квиз, со добар концепт, но уште поважно и оној квиз кој водителот знае да го направи таков - (Како Трендо - Милионер и Игор - Земи или остави)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.