Тодор Капидан

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Некаде до осумнаесетите години на 19 век во Богданци живееле, освен Македонци, Турци и Ѓупци (Роми). Карактеристично е и тоа што бројот на жителите скоро секогаш се движел околу 4.000 жители.

Без оглед на етничкиот состав на населението, Богданци отсекогаш било и место каде се случувале важни општествено-политички настани што ја прави неговата "биографија" мошне сложена но и богата. Уште пред периодот на формирањето на организацијата ВМРО во Солун 1893, па и во селото веднаш потоа (во книгата на Мито Теменугов - Железни"Богданци во НОВ), дадени се податоци дека неговиот развиток бил мошне бурен. Така, преку жирациството и трговијата богданчани контактирале со Солун, Енице, Вардар, Дојран, Струмица и др. градови. Местото станало пазаришен центар. Многу луѓе оделе на школување и при враќање ги пренесувале напредните мисли и модерните идеи од културата, просветата и економијата, а со тоа се појавила и новата граѓанска класа, пред се трговската. Во тој поглед се истакнале фамилиите Под Дучеви, Каркаљашеви, петрушеви и др.

Со слабеењето на централата отоманска власт, село замав безвластието и самоволието кај локалните турски големци кои почнале да го ограбуваат, тероризираат и потурчуваат населението. Не изостанувале ни убиствата. Тоа создало голем револт кај истото и како резултат на сите тие несреќи, во овој крај се појавило и арамиштвото (ајдуштвото) како форма на самозаштита и одмазда од зулумите на таквите трупци. Прва армиска група била таа на Тодор Мишев - богданчанец, кој кај народот бил познат како Тодор капидан.

Заради неговите успешни акции против месните турски насилници, Отоманската власт праќала голем аскер. Притоа власта се служела и со поткупување на лицата кои биле јатаци на арамиите. Тоа овозможило еднаш, сепак, групата на Тодор капидан и тој самиот да бидат убиени. Тој настан е добро опишан, за вечно сеќавање, во песната што народот од тој крај ја испеал, како благодарност за нивната храброст и закрила:

Тодоре, биро капидан
џанлатин бего караман
писмо ти дојде Тодоре
од това Мицо касапин (предавникот)
чини што чиниш Тодоре
вечер да дојдиш на гости...

Оваа група учествувала дури и во Кресненското востание од 1878 год. под команда на Павле капидан. Таквите услови на живеење, во тие времиња, кај богданчани траеле долго. И како резултат на таквата положба, еден настан во Богданци, навидум банален, ќе ја потресе не само Отоманската империја, туку и цела Европа, па и светот. Тоа било грабнувањето и обидот за потурчување на девојката од ова село - Штефанка Ланскова. Тоа се случило токму на Ѓурѓовден 1876 година. На тој ден, некаде кон пладне, Штефанка отишла на чешмата "Дуковец", во горниот крај на селото, да налее вода. Таму турчето Муто Акбабов со помош на свои познати анами ја грабнале Штефанка, ја покриле со фереџе и зар и по извесно криење по турски куќи со воз ја одвеле во Солун каде требало да стане официјалното воведување во Исламот. Кога мајка и дознала, во очај, заедно со својот брат, со истиот воз исто така заминала за Солун со цел да ја врати дома. Тоа и успеало при слегување од возот на железничката станица во Солун каде со помош на граѓани - христијани, кои дотогаш спокојно седеле пред кафеаните во празнично расположение. На повик на мајката тие помогнале Штефанка да ја оттргнат од анамите и заптиите кои исто така се нашле во групата. Притоа на Штефанка и било симнато фереџето и со пајтонот на американскиот конзул ја одвеле во неговата резиденција. Но, за да се затрие трагата, по извесно време ја префрлувале во други христијански куќи. Меѓутоа, насилното симнување на фереџето и зарот, на јавно место, предизвикало силен револт и наврела кај тамошните Муслимани, како и грабањето на девојката од страна на мајка и. За да си ја вратат, муслиманите се растрчале низ Солун и го повикувале муслиманското население на одмазда.

Настанал општ хаос. Низ улиците се повеќе и повеќе се собирале муслиманите со развиени верски зелени анамиња и вооружени, што внело страв во коски кај христијанското население во градот. Тие се затвориле во своите куќи во нивните квартови. Во градот кружел општ страв од одмазда. Насекаде пушки, исукани сабји и зелени знамиња. Толпата најмногу се собирала во тогаш познатата солунска џамија "Саатли џами" и во нејзиниот двор. Викотници го исполнил просторот и воздухот. Поради се поголемата опасност од крвави испади, конзулите во Солун се договарале да интервенираат и да го спречат најлошото. Меѓутоа, двајцата конзули - францускиот Муден и германскиот Абот, презеле фатален чекор, без да знаат дури и нивните најблиски, и се упатуваат кон конакот на Валијата на Солун да протестираат да преземе чекори да ја смири ситуацијата. Но на тој кобен пат, наидуваат на еден турски офицер кој, место Валијата, ги упатил конзулите во "Осилото" - Саатли џами, каде божем се наоѓал Валијата. Но при самото влегување во дворот, разјарената толпа муслимани жестоко ги нападнале и ги маскирале дотаму што не можеле да се препознаат подоцна. Некој турски офицер при фаталниот момент се обидел да ги заштити, но во тоа не успеал. И по ваквиот крај на несреќните конзули, Муслиманите и натаму барале да им биде предадена - вратена девојката. Ситуацијата се повеќе се влошувала, па овој божем банален настан се претворил во дипломатски и меѓународен скандал. Веднаш се ангажирале големите сили, особено Франција и Германија и Америка. Во солунското пристаниште впловиле турски и странски воени бродови. Но наспроти тоа, безредијата освен Солун, ги зафатиле и другите блиски места и во целата Империја: Цариград, како и во Анадолија. На улиците излегле не само обичното муслиманско население, туку и верските водачи - молите и нивните студенти. Барањата биле дирекни: сменување на Султанот. И тоа се случило. Стариот Султан Абдул Азно само 24 дена по настаните во Солун бил симнат а го заменик принцот Мурат. Односите особено се влошиле со Русија кои дотогаш биле добри, зашто муслиманите сметале оти султанот и попуштил на Русија која ги штитела христијаните во Турција. Почнало да "мириса" на војна и таа ќе дојде неполна година по настанот со Штефанка.

Во меѓувреме, во Цариград се формирала комисија која имала задача да ги испита причините за несреќните настани. Во комисијата влегле високи турски државници, но и претставници на големите сили. На крајот, мнозина од извршителите на масакрот ќе бидат осудени на смрт и јавно обесени на плоштадот крај морето во Солун, некои на доживотна робија а на високи воени личности им биле одземени воените чинови.

А што станало со Штефанка? Таа по крвавиот настан била предадена на турските власти, ја изеле пред комисија и таму изјавила дека е грабната на сила. Така и била вратена на мајка и, но... од срам, Штефанка не се вратила дома, во Богданци, ами се омажила за друг Турчин - Јаја Бег и отишла да живее длабоко во Анадолија, во градот Гевза. Често се допишувала со своите родители, а татко и бил шест месеци на гости кај неа. Грабнувачот Муто Анбабов бил осуден на затвор. Овој значаен историски настан, добро е опишан во книгата на Мито Теменугов - Железни "Богданци во НОВ", но и уште поинтересно и со многу докумнтирани детали во научниот труд на солунскиот историчар Вакалопулос. Во историјата на македонскиот народ тој е споменат во десетина редови Но, ако се има предвид дека грабнувањето на девојката Штефанка Ланслова од Богданци е повод за бередијата низ целата Отоманска империја, интервенцијата на странски држави, дека се сменти низ државен пуч, двајца султани и била предизвикана руско-турската војна во 1877 год. и потоа познатиот Берлински конгрес 1878 година, настанот не е за "фрлање". Уште повеќе што последиците од него се големи, иако почнал како банален грабеж на девојка (и до тогаш имало такви грабежи). Така Штефанкината судбина станала причина на Берлинскиот конгрес на Србија и Романија да им се признае независност на Бугарија, слобода, а Отоманската империја ги изгубила Бсна и Херцеговина во корст на Автсроунгарија итн. За Македонија - ништо! И натаму останала под турно ропство... И денес во Богданци постои "фамозната" селска чешма "Дуковец" но веќе не е осамена, туку опкружена со куќи, како вечен спомен за настанот од пред 120 години!

Во тие години на 19 век и во Богданци започнало будењето на националната свест. Богданското население се повеќе е ангажирано во борбата за просветни и црковни слободи и права. Таа борба, за жал била многукратна зашто освен со османлиите, народот требало да се бори и против туѓите пропаганди, пред се птотив грчката Патриаршија која одамна имала пуштено длабоки корени, како во однос на црковното дело, така и во училиштата, на теренот, но и во Цариград, пред Портата, каде се служела со гнасни интриги за да го одложи остварувањето на правата на македонскиот народ. И тука, во реонот на Богданци главна ролја играл кукушкиот грчки владика Мелетиј потпомогнат од солунскиот митрополит Неофит, кога богданчани прават усилби за изградба на своја црква каде ќе се врши богослужба на словенски јазик. И таа во 1880 година била изградена. Истата и денес се наоѓа средсело. Но, пред влијание на Патријаршијата се служело на грчки јазик. Немајќи друг излез, жителите барале изградба на друга црква за која Цариград дал одобрение. И таа, во 1880 година била изградена. Истата и денес се наоѓа средсело. Но, под влијание на Патријаршијата се служило на грчки јазик. Немајќи друг излез, жителите барале надградба на друга црква за која Цариград дал одобрение. И таа, втора црква, била изградена во долниот дел на селото, но пак се појавила неволја; бидејќи се немало доволно средства, останала недоградена па за доградување пари дал некојси Кукушанец и во неа се служело католичка - унијатска служба. Дел од населението било незадоволно и насилно ја презема црквичката од Унијатите, а Валијата од Солун, по инцидентот, им ја враќа на Унијатите. Така православните Богданчани морале и по трет пат да градат своја црква. Тоа станало во 1885 година, кога на штици е направена таква и за прв пат се чул попот да пее на словенск и јазик, а населението во се поголем број ја напуштало Патријаршијата.Тоа пак ги заплашило сериозно Патријаршистите од селото и тие се решиле на "оган"! Во 1889 година дрвената црква била изгорена. Но македонскиот дух не згаснал,богданчани биле упорни и по четврти пат! Собираат пари и откупуваат еден турски конак во селото и го адаптираат во црква...По скоро десет години,поточно по Хуриетот во 1908 година ,православните богданчани си ја вратиле старата црква.
 
Bip bip bip bip na bugarodetektorot ovoj Kapidan pominuva , nisto ne pokaza meracot... cary on :tv:
 
Човекот не е Бугарофил, знам за по некој Аспарух од Богданци, е тоа ти се неколку Бугарофилски фамилии, ама важно е што овој не е еден од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom