Кое и да било списание да го отвориш во него има бар десетина реклами од разно разни надрилекари кои продаваат чудотворни водички, дали со новиот закон за забрана на рекламирањето на лекови ќе се стави крај на оваа појава и крај на безобразната заработка врз грбот на тие што имаат здраствен проблем?
Рекламирањето лек ќе се казнува со 25.000-50.000 евра
Рекламирањето лекови ќе се казнува со 25.000-50.000 евра. Казната ќе ја плати нарачателот на рекламата за лекот, а не медиумот каде што се огласува. Со иста казна ќе биде казнет и нарачателот на огласот со кој се рекламира диететски производ како лек, со што граѓаните се доведуваат во заблуда. На казнените одредби од Законот за лекови посетува Бирото за лекови откако по двомесечно снимање на рекламите во медиумите констатирало дека многу се рекламираат диететски производи кои се прикажуваат како лекови што прават чуда.
„Се рекламираат чудотворни лекови за лекување карциноми, за подобрување на апетитот кај децата, за дијабетес, а всушност, станува збор за обични додатоци на храна, од кои дури може да се доведе во ризик и здравјето“, вели директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев. Затоа тие решиле да им влезат во трагата на овие производи кои најчесто се од приватни лица што заработуваат баснословни суми на туѓа мака, а со кои само се манипулираат пациентите.
За едно такво лице веќе се подготвува казна, зашто рекламирало диететски производ како лек против импотенција, со што се крши Законот. Слични казни ќе има и за другите диететски производи кои Бирото за лекови ќе ги испитува.
„Може да се рекламираат само лекови кои не одат на рецепт и за кои има одобрување од Бирото за лекови, чии содржини се проверени“, вели Захариев и додава дека досега се издадени одобренија на околу десет производители за вакви препрати.