what is macedonian напиша:
i shto znachi BOULGAROI na GRCHKI jazik?
Vidi batka, ne e tolku slozeno da se razbere ZASHTO ne sakash da otgovorish.................
Види приjателе, и самиот Отец Паjсиja Хилендарски во своjата Историja вели дека терминот "Бугар" Грците го употребуваат за "Словени", а jaзикот коj сите општо го нарекуваме "Словенски", Грците го нарекуваат бугарски т.e. груб, прост (види "Славјаноб'лгарска историја" во делот "За славјанските учители"). Затоа на пример и во повекето хроники од средновековните хроничари Цар Самоил е наречен "Цар на вулгарите", а неговите поданици "вулгари" (како на сликата погоре).
3а разлика од вас кои се китите со тоj навредлив термин, терминoт не ги означувал етничките турко-Бугари. Византиските историчари турко-Бугарите почнале да ги нарекуваат "Мизи" со цел да ги одвоjат тие два различни етникума. Византискиот писател Лав Ѓакон е првиот што сведочи за промената на името Бугари во името Мизи, а на нивната земја Бугарија во - Мизија. Во врска со превземениот поход на византискиот император Никофор Фока против Бугарите во 968 година, Лав Ѓакон за прв пат го употребил новото име за Бугарите:
"Кога Никифор стигнал пред падините на Стара Планина... тој ја разгледал земјата и скалестите предели, бидејќи, за да се изразиме поетски, во земјата на Мизите, само зла извирале... и за да не ја предаде (својата војска) на Мизите да ја исколат..." тој го прекинал походот". (ГИБИ, 5. том, стр. 247).
Во врска со навлегувањето на Русите во Бугарија во 968 и 969 година и разбивањето на бугарската војска, Лав Ѓакон пишува за смртта на бугарскиот цар Петар:
"Велат дека тогаш водачот на Мизите Петар... соочен со неочекуваната несреќа, добил апопклептичен удар и недолго потоа го напуштил овој свет" (Исто, стр. 248-249).
Од овие цитати гледаме дека уште пред уништувањето на бугарската држава, на Бугарите им било дадено ново, политичко име, па нивниот последен реален цар кој 42 години владеел со Бугарите од
"цар на Бугарите" наеднаш се престорил во
"цар на Мизите".
Шест децении по Лав Ѓакон, Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година, исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува:
"...Печенезите го преминале Истар и ја опустошиле Мизија" (исто, стр. 299). За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото име на оваа земја, па вели:
"Печенезите повторно ги нападнаа Мизија, Тракија и Македонија" (исто, стр. 200).
Друг византиски писател - Скилица Кедрин исто така пишува за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).
Мислам дека треба да ти е малку поjасно.