21-во Мото Рели „Македонија независност“

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89


Годинешното мото рели „Македонија независност“ ќе биде по различно од досегашните. Направени се промени во организацијата, рутата и начинот на кој ќе се одржи настанот со цел да му го вратиме сјајот на релито, но и интересот на учесниците.

Сеуште се подготвува конечната саатница, но она што е сигурно е дека котизацијата ќе биде 900 денари за возач и 900 за совозач (со образложение дека и совозачот ги добива истите работи како и возачот, моторот како мотор не менува ништо во однос на трошоците).

Оние кои ќе учествуваат на релито ќе треба да поминат на неколку контроли со што ќе се стекнат со право да користат бенефиции вечерта на самиот настан. Ќе има игри за кои ќе треба да се пријавите, ќе има бендови, скара и евтино пиво, ќе има награди за учесниците и за победниците во игрите, ќе има и сертификати за секој кој ќе ги помине сите контролни точки и успешно ќе го заврши релито.

Релито ќе се вози од 7-ми до 9-ти Септември. За гостите од странство обезбеден е кампинг простор во Орман еден ден пред стартот на релито.

Предвидената рута е:

1. ден
Старт од Скопје од плоштадот Македонија во 13.00 часот. Се вози до Велес каде ќе има пауза на која ќе се положи цвеќе на споменикот во центарот на градот и учесниците ќе добијат симболични поклони од градот Велес. Потоа се вози до Радовиш па назад од Лакавица низ Криволак и околу 16.00 треба да пристигнеме во Кавадарци. Кампот каде ќе бидеме сите сместени е во Ваташа, таму се предвидени активности за сите учесници. Сместувањето ќе биде во шатори, а има опција за престој во конаците на манастирот и хотелско сместување за кое МФМ ќе партиципира со 50% од цената за сместување. Ова треба дополнително да се дефинира.

2. ден
Поаѓање од Кавадарци во 11.00 часот, возиме до Прилеп, потоа Битола и Охрид. Пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 16.00 часот. Попладнето се предвидени активности за целата група и забава на која ќе бидат доделени сите признанија и сертификати за учесниците. Сместувањето е предвидено во Калифорнија, Партизан и уште неколку хотели. Вечерата е планирана за во пицеријата „Билјанини извори“ кај каналот, но можно е да има промена на ова.

3. ден
Третиот ден е незадолжителен односно враќањето до Скопје е само за оние кои сакаат. Се тргнува од Охрид во 13.00 часот, се вози преку Дебар, а пристигнувањето во Скопје е планирано за во 16.00 часот.

МФМ обезбедува стартен пакет во кој ќе има маица, билтен, стартен број и сертификат за учество. Обезбедена е и вечера во Кавадарци и Охрид, а грицки и освежување ќе има во Велес, Радовиш и Битола. Организаторот ќе учествува и во трошоците за сместување на учесниците во местата во кои се ноќева.

Право на учество на релито имаат сите членови на клубови кои се но и оние клубови кои не се членки на МФМ, како и сите слободни возачи. Пријавувањето ќе биде преку клубовите со пополнување на формулар, а останатите кои не се членови на некој мото клуб ќе можат да се пријават преку мотори.ком.мк. Канцеларијата ни се наоѓа зад Универзална сала, до кафулето Конак, каде веќе може да се остават формуларите и да се плати за учество. Клубовите можат да ги достават пријавите за учество во Сојуз на спортови на град Скопје (СОФКА). Пополнетата пријава можете да ја испратите на contact@motori.com.mk или на nikolovska@sportskopje.mk Пријавите можат да се пратат и по факс на 02/3228-624.

Пријава за мото рели Македонија независност 2012:
- Поединечна пријава
- Клубска пријава
- Entry form

НАДОПОЛНУВАЊЕ:

- Првата контролна точка ќе биде во Радовиш. Право на учество во игрите но и повластена цена на пијачките и јадењето ќе имаат само оние учесници кои ќе ја поминат контролната точка.

- Во кампот во Кавадарци се обезбедени тоалети и цистерна со вода. Во кампот ќе има настап на бендови, а за секој учесник е обезбеден сендвич и пијалок. Во Кавадарци учесниците ќе можат да се пријават и да учествуваат во следните игри:
1. Влечење камион (двајца учесници ќе треба со помош на јаже да извлечат камион на одредена далечина пр.20м, а ќе се мери времето за кое ќе го направат тоа)
2. Бавна трка (двајца учесници паралелно еден до друг, победник е оној кој побавно ќе стигне до целта без притоа да се спушти нога или да излезе со моторот од предвидената лента)
3. Трка со буре (трка во која целта е со помош на мотоциклот побрзо да се избутка пивско буре до целта без притоа бурето да излезе од предвидените ленти)
4. Пиење пиво на екс
+ Игри кои ќе се организираат на самото место

- Во Кавадарци сите учесници ќе добијат подароци од градот (привезоци, грозје, вино...)

- Втората контролна точка ќе биде во Битола

- Во Охрид меѓу другото ќе биде организирана и Гимкана

- Сите учесници на релито ќе бидат осигурани со лично осигурување

Во подготовка се материјалите за релито, а веќе во понеделник ќе можеме да ги објавиме, се работи на нов модерен дизајн на маичките како и на брошурата во која освен стандардната содржина ќе има и совети за возење во група и слични корисни содржини. За игрите дозволено е пријавување на максимум двајца учесници по клуб, за оние кои не се во клуб ќе се направи селекција во зависност од бројот на пријавени за одредена игра.

Не очекува навистина интересно Рели Македонија, па затоа не чекајте, пополнете ја пријавата и испратете ја веднаш.


Кликнете овде за да го погледнете прилогот на МТВ за првото мото рели Независност во далечната 1992 година.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Со поскапувањево на бензинов да се надеваме дека нема да се разбегаат оние традиционалните :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Ве чекаме во Кавадарци :D
Во сабота заедно со олдтајмерите ќе биде хаос во центарот на градот :D
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Џишовото правило за дружба: Шо појќе, то повесело :)
Кавадарци има да се треси :vozbud:
 

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89
Маичките за релито



и рутата по која ќе се вози



Релито секоја година ќе има различна рута со цел да се поминува низ сите градови, без притоа да имаме огромна километража за возење. Следната година планот е релито да се вози прво низ Западна Македонија па потоа низ Источна низ градовите кои годинава не се поминуваат.
Не заборавајте, стартот на релито е утре во 13.00 часот од плоштадот „Македонија“ во Скопје, можете да се пријавите и на самото место пред поаѓање.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom