Бричење еднаш неделно

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
И покрај тоа што се свесни за болката што ќе им ја создаде, жените без двоумење претпочитаат мажи со кратка брада (4 до 6 дена), како за долготрајни така и за краткотрајни врски.
3EE68F3F11E1ED47AD82CF86FC02041B.jpg

Мажите со ваква брада, од страна на понежниот пол се перципирани и како цврсти, зрели, агресивни, доминантни и мажествени.

Иако немаат точно објаснување за ваквиот став на понежниот пол, според експертите за човекова еволуција, причината за него може да е што влакната на лицето сигнализираат агресија бидејќи ја истакнуваат големината на долната вилица.

Психолозите од Универзитетот Нортумбриа, кои го спроведоа истражувањето, веруваат дека мажите со ваква брада, на жените им го нудат "најдоброто од двата света," не се премногу мажествени но се зрели и имаат потенцијал да пораснат регуларна брада.

На учесничките во студијата им биле дадени слики од 15 машки лица со 5 различни нивоа на брада.

За најмалку атрактивни и најлош избор за краткотрајни врски биле одбрани мажите со големи бради, кои истовремено биле и најмажествени, агресивни и социјално созреани.

За разлика од нив, лицата со брада од 4-5 дена биле оценети како најатрактивни и идеални за партнери на краток или долг рок. Тазе бричените мажи се нашле на дното во категориите за доминантност, агресивност, мажественост и социјална зрелост а биле најмалку одбирани за партнери на долг рок. Тие биле и претпоследни по атрактивност.



За мажите: Колку пати неделно се бричите?
За девојките: Какви мажи сакате, мазни како газе од бебе, со кратка брада или брада како од поп?:vozbud:
 
Оти бе си прашала неделно?:)Ами за ние еднаш на 2 недели што се бричиме??:):toe:
 
Оти бе си прашала неделно?:)Ами за ние еднаш на 2 недели што се бричиме??:):toe:
Че пишиш 0.5 пати неделно :pos:
Он: Се бричам еднаш, максимум два пати неделно, немам потреба од секојдневно бричење, плус сакам малце да си "пуштам" :)
 
Се бричам на 4-5 дена, но не целосно, туку оставам должина на брадата од неколку милиметри...
 
За мажите: Колку пати неделно се бричите?
За девојките: Какви мажи сакате, мазни како газе од бебе, со кратка брада или брада како од поп?:vozbud:

б). :pipi:
 
Ме мрзи да се мазнам на секое, така да еднаш неделно. И постар изгледам со малце брадичка:baeh:
 
Најчесто еднаш до два пати неделно, малку ми е ретка т.е не сум баш влакнест и имам чисто лице ама постепено ми станува се погуста и побро расне, порано знаев и по две недели да не ставам брич :)
 
mora da se izbrichime, posho sve ke vi gi izcrvenime bradicite na vas curite:smir:
 
брада од 3-4 дена... уффф колку е тоа секси ебате..
мразам попска брада а исто така и ме нервира фаца а ла бебешко газе
 
Aма како да имаше ваква тема, едната беше “На колку дена се бричите?“ а другата “Жени сакате ли мажи со мустаќи и брада?“.

Оn-topic - еднаш неделно.
 
Aма како да имаше ваква тема, едната беше “На колку дена се бричите?“ а другата “Жени сакате ли мажи со мустаќи и брада?“.

Оn-topic - еднаш неделно.
Мислам дека си во право... сепак...
Lady напиша:
За мажите: Колку пати неделно се бричите?
За девојките: Какви мажи сакате, мазни како газе од бебе, со кратка брада или брада како од поп?
Ее, ама си дискриминирачки расположена. :) Ја ќе одговорам на двете.

1. Се бричиме, од велигден на божик. Фала му на Бога (читај девојка ми) што ме сака особено со брада... ама коа ќе види утре дека вчера ја тргнав осеќам дека ќе има боксови...

2. Ми се допаѓаат елегантни мажи без брада бидејќи изгледаат авторитативно како мажи. Го нудат со тоа шармот на привилегијата да бидат маж и да одберат дали сакаат да заведат или не, плус немањето брада е безвременско, другото е само мода.
Ми се допаѓаат сепак и со онаа кратка, ама на некои им стои, на некои не. Само Бред Пит е газда и без и со малку, и со Харли Дејвидсон брада...
 
Бричењето долги години ми преставуваше проблем бидејки морав да се бричам ако не секој прв тогаш секој втор ден.Последниве две години го немам тој проблем и најчесто сум забраден мада ми преставува проблем кога ке се решам да се избричам,тешко иде без машинка.
Неделно-ниеднаш.Од прилика на две недели,дур не почне да ми смета т.е чеша.
 
Јас сакам мажи со кратка брада до 1cm мајмногу
 
Мислам дека си во право... сепак...

Ее, ама си дискриминирачки расположена. :) Ја ќе одговорам на двете.

1. Се бричиме, од велигден на божик. Фала му на Бога (читај девојка ми) што ме сака особено со брада... ама коа ќе види утре дека вчера ја тргнав осеќам дека ќе има боксови...

2. Ми се допаѓаат елегантни мажи без брада бидејќи изгледаат авторитативно како мажи. Го нудат со тоа шармот на привилегијата да бидат маж и да одберат дали сакаат да заведат или не, плус немањето брада е безвременско, другото е само мода.
Ми се допаѓаат сепак и со онаа кратка, ама на некои им стои, на некои не. Само Бред Пит е газда и без и со малку, и со Харли Дејвидсон брада...

Ма кава дискриминација, јас Ве обожавам Вам мачо мажите со кратка брадичка:vozbud:
Нели гледаш во Ваша чест, тема Ви отворив:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom