Со кого од семејството сте најблиски?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Со сестра ми, иако е во мрднатите години знае да ме ислуша и да подели по некој совет
 
До пред две години бев сосема затворена личност и не разговарав со никој од семејството, освен оние дистанцирани и формални муабети.

Сега се променив во тој поглед и разговарам за се` со мајка ми. Чувствувам потреба да и го кажам секој проблем, да се пофалам, исплачам, да побарам совет итн. Знам дека е единствената личност во која може да имам потполна доверба и никогаш нема да ми замери за ништо.

Татко ми го почитувам, го сакам подеднакво, но никогаш нема да ја имам таа блискост со него. Тој си има сопствени сфаќања, размислувања кои сосема се разликуваат од моите. Поинаков е неговиот свет на живеење и знам дека што и да му кажам нема да го согледа на тој начин како мене.
 
Порано бев мн блиска со мајка ми .. ми беше како другарка..Али сеа нешто последниве месеци таман нешто ке почнам да и кажувам нешто право меша тема или не ме става на акл.. па си се повлечех.. тка да саа веке ништо не и кажувам.. а гледам оти и она не ме пите ништо.. :(
 
Порано бев мн блиска со мајка ми .. ми беше како другарка..Али сеа нешто последниве месеци таман нешто ке почнам да и кажувам нешто право меша тема или не ме става на акл.. па си се повлечех.. тка да саа веке ништо не и кажувам.. а гледам оти и она не ме пите ништо.. :(

И мајките си имаат одредени моменти на презаситеност од се` околу нив и тогаш знаат да бидат "глуви" дури и за сопствените деца. Најверојатно период и` е некој што ќе и помине. Не му се секирај многу! :smir:
Еве ти шанса ти да покушаш пак да се зближите. Покажи интерес за нејзината моментална ситуација, прашај ја зошто не разговарате како порано, дали има проблем некаков и сл. Биди и "мајка" на сопствената мајка, ќе и` биде мило претпоставувам.
Негувајте си ја близината со неа зошто, колку и да е фраза, ама стварно мајката е најискрен пријател. :back:
 
со мамичка сум си нај близок незнам некако се мозам да и казам а со тато си правиме муабет само за фудбал со брат ми нонстоп се караме и така порано со баба ми и дедо ми бев мноогу близок
 
Со мајка ми, знае се за мене и само со неа сум најопуштен и се по список :pos:
 
И со мама и со тато можеби тато има малку предност оти е машко :helou:
 
Со татко ми бев многу блиска до пред 1 година, после безвезна караница многу се оддалечивме и ептен ми е мака... Сега сум блиска со мама, ама не како што бев со тато...
 
со татко ми и со дедо ми..си ги сакам мжите во фамилијава :)
 
na nikoj bre so oni ima da mi znaat za mojte problemite sam si gi resavam mojte problemi:toe:
 
Со мајка ми и со сестра ми. Додуша, со сестра ми на периоди, многу е терсене карактер, некогаш е добар слушател а некогаш те одје*ува и не сака ништо да знае што ти се случува.

Нормално ниту со двете не сум до толку близок та да им кажувам буквално се што ми се случува, ама од 3-те личности во семејството, тие се поблиските.

Со татко ми не сме нешто блиски ниту јас ниту сестра ми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom