Добро сепак мислам дека темава треба да биде во образование и наука бидејќи тоа е епохално научно откритие кое ќе промени многу работи на светско ниво.
Доколку на Марс има замрзната вода тоа значи дека порано имало жив свет и тоа во макроскопска големина, а не само микроскопска. Доколку има вода, а присутно е и Сонцето тоа значи дека порано имало испарување на водата и создавање на атмосфера со облаци. Тие облаци често се судирале и имало електронско празнење! Марс е вулкански неактивна планета, но порано била! Незнам само дали има варовник на Марс, но доколку има со тоа би се потврде животот во минатото и сегашноста. Како? Како и на планетава, така и на Марс водата ја одиграла клучната улога во создавањето на живиот свет. Имено, во водата дошло до реакција помеѓу вулканската маглам и варовничките плочи кои заедно допринесуваат за создавањето ан органски молекули од кои се состои секој жив организам. Е сега, улогата на грмотевицата била многу значајна бидејќи таа ги убрзувала тие реакции. Оваа е лично мое размислување за постоењето ан живот на Марс.
Е сега, бидејќи со создавањето ан сончевиот систем планетите се одалечувале од Сонцето, Марс ја изгубил топлината која порано ја примал и станувал се поладен и поладен а тоа допринело до изумирање на животот на него или пак негово префрлање на друга планета (можеби и земјата

).
Инаку денес, со глобалното затоплување на планетава Земја, температурата на Марс повторно треба да се зголемува а тоа значи дека има големи шанси мразот да започне да се топи и да се ослободуваат капки вода. Во тој случај следен на потег е човекот со тоа што ќе се насели на Марс на следниов начин:
1. Да создаде атмосфера преку употреба на посебни машини кои ќе прават неред на поланетата т.е. ќе креваат прашина и разни честички во воздухот слично како што вози некоја кола по селски пат

.
2. Откако ќе се направи вештачката атмосфера ќе се овозможи и оформувањето на кислородни честички што се неопходни за нашето дишење на тој начин што ќе се однесат растенија.
3. На марс би требало да бидеме многу повисоки одколку што сме сега поради послабата гравитација, да имаме долги раце и кратки нозе (така мислам) и издолжени глави, со крупни очи, мал нос и уста и тенок врат.
Како што ќе се зголемува јачината на Сонцето и ќе расте температурата ние ќе треба да се префрлуваме од една кон друга планета. По марс следна и последна дестинација во сончевиот систем ни е месечината европа (или Јо беше) која исто така е замрзната вода која ќе се стопи. Но таму животот ќе ни биде под вода бидејќи цела месечина е во вода.