Семејно стебло

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дали го познавате вашето семејно стебло?

Колку навистина ги познаваме нашите предци? Или сите сознанија завршуваат кај прабабите и прадедовците, ако воопшто и нив ги знаеме. Кои се, од каде потекнуваат, со што се занимавале? Не сте се запрашале некогаш?
 
Сум се запрашал, ама никогаш не сум се потрудил да дознаам нешто повеќе за моите предци... знам дека прадедоми умрел кога сум имал 3-4 години, и толку.
 
И ја сум се запрашал ама не сум се потрудил да дознаам. Едно време сакав да праам баш стебло со слики ама ми беше мака да барам слики глупости;)
 
Мојата прабаба, бог да ја прости, постојано во својот џеб имаше една книгичка во која и беа запишани имињата на сите членови на семејството. Секој новороден се допишуваше а за секој починат се спомнуваше. Во таа книга имаше имиња на нејзините прародители.
Моментно баба ми ја има книгава. Кога таа ќе почине најверојатно ќе дојде кај вујко ми итн. но книгата со имиња и не значи многу, имињата служат само за раскаувачот (оној најстариот кој ја има книгата) да може да каже нешто за предците. Сепак во секоја фамилија треба не само некој кој ќе раскажува туку треба некој и да слуша. Мислам дека многу малку од новите генерации се заинтересирани да слушаат приказни за своите предци.
Инаку за жал имам еден слеп дел од семејното дрво кој навистина би сакал да го дознаам, сепак неможноста да се дојде до луѓе (сите се починати) ќе ме остави само да претпоставувам кои биле моите предци.
 
знам за дедо баба и прабаа од една страна и прадедо од друга страна...
и не сум се замарал да барам...
шо има да се замарам за на крај да дознаам дека потекнувам од кралско семејство и после шо прајме... :nesvest: :nesvest: :nesvest:
 
Јој имам овде шо да кажам

Вака сеа

Мама е од чешка - Либерец
Дедо - грк ( не знам точно од каде )
Баба - негде егејска македонија ( костур )

Тато е од Србија - Белград
Дедо - Србија ( некое село близу белград )
Баба - Македонка - Вишни струшко

Прадедо - Германец и толку знам

Салата :vozbud:
 
Дали е семејно стебло ако речам “Сине дрво си!“ ??
 
Многу ги сакам овие роднински муабети, можеби поради тоа што знам само имиња а личности не. Со сестра ми поодамна си нацртавме нешто од типот на семејно стебло. Сега фали уште да ги најдам и да ги запознаам. Имињата ги знам до прапрабаба ми и прапра дедо ми. И знам кој што работел и каде живееле.
Со душа чекам да одам во Хрватска, мислам дека тогаш сите ќе ги видам (макар и на слика) и ќе дознаам многу повеќе за нив, од страната на мајка ми. Овие од кај татко ми се тука некаде, не се толку забавни :pipi:
 
Абе подалеку од баби и дедовци неам прашано
 
Хммммм

Дедо- с.Длабочица Паланка
Баба- с.Петралица К.Паланка
Тато -македонец

Дедо-живееле во некое градче во Босна во близина на Српска Граница по што преминале во Србија во Тршиќ-село до Лозница.Кога се преселиле дедо имал само 10 дена(убав тој:pipi:)
Баба-родена во с.Орашје во близина на Власотинце Србија
Мама= србинка која живее во Македонија

Јас=пола Македонец пола Србин

За прабаби и прадедовци незнам многу...знам дека таткото на дедо ми бил жив на свадбата на моите.И знам како се викал....Ги знам татко то и мајка та на баба ми(мајка на мајка ми)За другите незнам...Низ србија имам куп роднини знам смао 10 % од нив....
 
Моето семејство најрано е споменато во попис на фамилии во 1735 година
 
Знам дека дедо ми и баба ми се од едно планинско село,и нивните родители се од тоа село, сите тие се од на татко ми страната.
А од на мајка ми, знам дека баба ми и дедо се од с.Доленци Кичево.
 
Кај мене до прабаби и прадедовци сите се Македонци колку што знам.Натаму поима немам.Сум се интересирал да научам, ама не сум научил:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom