СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е не влезе Кире у дрим тим,политика е тоа не само спорт,јебига,а Франција заслужено победи,и баш ми е мерак пошто Хрватите уште пред време се прогласуваа за победници,а кои се тие да бидат толку сигурни,не се велесила некоја,..

Веќе еднаш ги победија Французите на првенствово, не изгубија ниту еден натпревар се до финалето. Потсети се дека ова е Светско првенство што значи дека во моментов се велесила во ракомет :wink:.
 
Како не уплатив на Франција,Хрватска ќе победеше.Бев 90 % сигурен дека Франција ќе тепат.
 
Честитки за Полска за освоено 3 место, многу очекувано. Честитки и за Франција иако навива за Хрватска сосема заслужено французите си го освоиа првенството се виде што значи да се игра со Динарт во одбрана и што без него.
Реакцијата на Балиќ покажува само едно огромно разочарување и ништо повеќе, тоа што Лазаров не беше во all star team е повеќе од јасно, мислам не можат да го стават поради тоа што Македонија се пласираше на 11 место, да бевме 7 и тоа како ќе беше меѓу 7 најдобри ракометари за ова светско.
Вори мислам дека заслужено беше избран за MVP поради тоа што постојано играше и одбрана и напад, во нападот беше одличен знаеше да изнуди 2 минути, пенал и да реалзира со висок процент според статистика а во одбраната слободно ќе кажам столб на хрватите.
 
Реакцијата на Балиќ покажува дека е прост човек, поголеми спортисти од него изгубиле многу работи па не се однесувале како него, клошар.
А за Кирил Лазаров и петти да бевме немаше да биде во All-Star тимот. Кога ќе ми текне и Индира Кастратовиќ во '97 го сруши рекордот за најмногу постигнати голови на едно СП и не само што не беше во All Star тимот, туку не доби ни награда за најдобар стрелец.
 
Според мене Французите заслужено го освоија златниот медал, сепак денеска одиграа фантастична одбрана особено во второто полувреме и умерен напад. Во текот на целото првенство играа добро, не форсираа премногу за да бидат свежи во завршницата, со одличен голман, силен пикер и секако Карабатич.
Хрватите можеби изгореа во желбата и еуфоријата која самите ја наметнаа, меѓутоа оваа нивна генерација ќе носи медали и на наредните првенства.
Тоа што Кире не е во ол - стар тимот е чисто педерска и бирократска одлука на ЕХФ. Безразлика што бевме 11то место, најдобриот стрелец и асистент по секоја здрава логика мора да биде во најдобриот тим, ама што да се прави.
 
Епа господа мислам дека е време за катанец на темава бидејќи заврши првенството и има соодветна тема за машката репрезентација :smir:
 
Утре ќе ја затворам. Да му дадеме шанса уште на некој да сподели емоции :)

Исто така, најавувам дека утре ќе го средам и ракометниот подфорум, така да беспотребни би биле сугестиите од оваа тема онаму, оваа тема ваму. Да се надеваме дека ќе имаме пријатни ракометни моменти. :)
 
God less you!:smir:
 
Франција освои злато, ние освоивме 11-то место, Вори стана МВП, а Кирчо наш сруши рекорд.
Честитки за сите, ја праќам темава во легендите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom