СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Возраст
47
Светското Првенство во ракомет (мажи) во Хрватска почнува дури во јануари 2009, но сакав да дадам еден преглед на квалификациите и како Македонија стаса на ова големо натпреварување.

Претквалификации:

Македонија се падна во 6-та претквалификациска група, заедно со Бугарија и Португалија.

Првите два натпревари против Бугарија Македонија ги доби и на гости - 30:33 (15:14), и дома - 41:24 (23:13). Со тоа Бугарија беше елиминирана од понатамошните натпреварувања.

Уследија натпреварите со Португалија. Првиот натпревар дома го добивме со 6 гола разлика - 38:32 (21:15).

Вториот натпревар на гости го добивме со 5 гола разлика - 31:26 (15:14) и така ја минавме и Португалија, поради подобрата гол разлика на меѓусебните пресметки. За овој втор натпревар мора да се напомене дека буквално на крајот на натпреварот, откако измина времето, беше досуден удар од 7 метри за Португалците. Да погодеа, ќе поминеа тие, зашто ќе имаа дадено повеќе голови на гости во меѓусебните пресметки и ќе нè минеа. Но, на голот беше нашиот Борко Ристовски, кој го одбрани ударот на противничкиот играч и стана јунак на Македонскиот ракомет и Македонија општо.


Бараж:

На ждрепката како противник во баражот ни се падна Исланд, кој до тогаш три пати по ред нè елимираше. Првиот натпревар се играше кај нас, вториот кај нив.

Натпреварот кај нас се играше во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Јас лично не бев таму, но гледав на телевизија - тоа била невидена атмосфера. 6500 луѓе биле зад нашиот тим и на секој наш гол имало ерупција. Не знам дали имало некој Исланѓанец на трибините, но и да имало, биле стивнати од целата таа Македонска публика.
Се сеќавам на натпреварот дека Ристовски дури и даде еден гол - удар преку целиот терен. Тоа мислам дека ги погоди Исланѓаните доста рано. Се држеа, како што и доликува на еден противник од светска класа, но се виде дека публиката на нашите ракометари им даде крилја - Лазаров стрелаше во голем стил, како што и му доликува (10 гола), имаше голема помош од Мојсоски и Стојановиќ (секој по 5 гола), заедно со Алушевски изведоа цепелин, за уште малку да ги победат психолошки Исланѓаните... Во еден момент дури и беше 12 разлика за Македонија, за сепак на крајот да заврши натпреварот 34:26 за Македонија - 8 гола разлика, најголем пораз на Исланд во баражот во неговата понова историја.

Возвратниот натпревар во Рејкјавик делуваше дека ќе биде сигурен пат за Македонија - на полувремето беше 13:13. Но сепак, тоа очигледно била тактика на Исланѓаните, да ја умртват играта и да не постигнеме висок број на голови, за да не ја достигнеме бројката што тие ја достигнаа во Скопје. Во второто полувреме станаа многу агресивни и дури и груби - почнаа со провокации, а Митков беше многу грубо фаулиран при обидот да постигне гол од контра. Воспоставија пресинг и ги казнуваа сите наши грешки.
Но тогаш се покажа зошто Кире Лазаров е голем спортист - на самиот финиш, постигна гол со играч помалку, а крајниот напад што го имавме, на неколку секунди пред крајот, го заврши исто така со гол, при што резултатот на 3 секунди пред крајот изнесуваше 30:24 за Исланд - 6 гола разлика и недоволно време за да можат Исланѓаните да ја достигнат онаа разлика од 8 гола со која се вратија од Скопје.

Така, со вкупен резултат од 58:56. Македонија го мина Исланд во баражот. Исцрпувачки натпревари, но наградата е голема - за прв пат по 9 години Македонија ќе може да застане рамо до рамо со најдобрите светски селекции и достојно да се претстави на спортски план.



Секоја чест за нашите ракометари и целокупниот стручен штаб!

:olee: :zver:
 
Браво за Македонија што избори учество во Хрватска. Идеме на 3.место и продолжување понатаму!
 
Немав можност да присуствувам на натпреварот во салата Борис Трајковски но по тоа што го слушнав тоа стварно било спектакл, би можело да се рече атмосвера како завршница на еден мундијал. Како и да е сега храбро во нови походи и што повисок пласман во Хрватска.
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Мислам дека нашите треба да испратат молба до Хрватите да нè пишуваат како Македонија, кога ќе нè претставуваат, а не FYROM. Дотолку повеќе што Грција нема да биде на мундијалот (беше елиминирана од Шпанија во баражот), па би имале поголеми шанси да го постигнеме тоа.

Не знам колку ќе може да помогне, но вреди да се обидеме. Од лично искуство знам дека Хрватите имаат почит кон нас и би помогнале, ако не бидат загрозени со тој потег. Во секој случај треба да се побара тоа.
 
Костовски во моментов има недовршена работа – премијата која ја вети за ракометарите што се пласираа на СП во Хрватска во висина од 30.000 евра сè уште не им е исплатена. И Агенцијата за млади и за спорт им вети награда од 20.000 евра ако се пласираат на мундијалот во Хрватска. До денес ракометарите немаат добиено ни денар.


Vaka ke odime na SP?????
 
Костовски во моментов има недовршена работа – премијата која ја вети за ракометарите што се пласираа на СП во Хрватска во висина од 30.000 евра сè уште не им е исплатена. И Агенцијата за млади и за спорт им вети награда од 20.000 евра ако се пласираат на мундијалот во Хрватска. До денес ракометарите немаат добиено ни денар.


Vaka ke odime na SP?????

Веројатно затоа си дал оставка... ќе морал многу пари да дава на спортистите и тоа најверојатно од неговиот личен џеб.

Не смееме да му се лутиме на Костовски... Ако е сам, а државата не го поддржува, а нема ниту правни акти со кои ќе го спречи неговото заминување од функцијата без да си ги подмири долговите, тој тоа и ќе го стори. На крајот на краиштата, РФМ би требало да е во државни раце, не во приватни - приватникот секогаш ги гледа своите сопствени интереси, не националните.

Ајде, нека се отвори жиро-сметка, за ние да ги даваме тие пари. Би било згодно кога би се отворила и СМС линија, со секој повик да донираме по 100 денари, за да им се дадат пари на ракометарите. Тоа би функционирало.
 
предосеќам дека ќе се случи нешто големо за нас :smir:
 
Дали оваа тема ќе биде поставена како важна за случувањата на СП?
Мислам дека е време да се официјализира темава. До СП има уште 20 дена.
 
Мислам дека ќе ја поминиме групата иако сме во најаката.
 
Многу тешка група, тешко ке ни биде и тоа многу али да се надеваме на најдобар пласнам. Само со мотивација и борбеност не да се плашиме, лесно ке поминеме со среќа нека ни е!
 
Крусер, фала што ја отвори темава во мое име. :) Од милион обврски што ги имам деновиве, една помалку. Ja лепам како важна.

Инаку, на првенствово очекувам висок пласман од нашите ракометари, но сепак, ако играат како што треба, без многу грешки, повторно ќе бидам задоволна, знаејќи дека и судиите не се секогаш на наша страна, па често знаат да не оштетат многу. Со среќа!:oeoeoe:
 
Официјално првенството ќе трае од 16.01-01.02 2009.

Еве потсетување на групите.

Група А
Франција
Унгарија
Словачка
Романија
Аргентина
Австралија

Група Б
Хрватска
Шведска
Шпанија
Јужна Кореја
Кувајт
Куба

Група В
Германија
Полска
Македонија

Русија
Тунис
Алжир

Група Г
Данска
Норвешка
Египет
Бразил
Србија
Саудиска Арабија

Првите четири групи се играат во првата недела, во следните градови домаќини.
Вараждин, Осијек, Сплит, Пореч.
Додека разигрувањето во втората недела во кои ќе вкрстат најдобрите три селекции од А со Б и од В со Г во две нови групи ќе се борат за пласман во Арена Загреб (18.000) и Задар.
Македонската репрезентација моментално се примера на Златибор, и по нова година договорен е турнир во Хрватска пред самото светско првенство.

За повеќе информации тука
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom