Развод - a децата каде?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе се дојде до развод, значи дека сите решенија за подобар и хармоничен живот во заедницата се изцрпени.Понекогаш тоа е најдобро решение со цел да се спречи понатамошното патење на децата а воедно и на брачните партнери.Едноставно кога не оди, не оди.Зошто?Како? и слични прашања не се битни.Во такви моменти треба да се размислува најмногу за децата без оглед на која возраст се.Треба да се донесе одлука која ќе биде најдобра за децата, т.е. решение со кое нема да чувстуваат недостаток од двата родители.Нормално дека нема постојано да ги гледа мам и тато заедно, но сепак мислам дека постојано гледање со двата старатели е најдоброто решение..
 
подобро развод отколку мачење за целото семејство
детето кај мајката се разбира! :pipi:
 
Ами, темава ко шо ја читам неколку страни наназад е станата препуцавање до немајкаде, а не истакнување свое мислење.

Членките убедуваат за тоа како тие ќе се добри совесни мајки, делат совети прекрасни, демек абу бабу, а овие членовиве и тие истото та истото, како не ќе ги оставаат децата на жените, затоа што се курви, и пак абу бабу.
Поента некоја нема.
Она што сакам посебно да го потенцирам е следново.
детето кај мајката се разбира! :pipi:
А ова е обичен пример на она за кое раскажував погоре. Од вакви коментари почнувам да го барам оној емотиконон со чоечено кај што повраќа, ама не можам да го најдам, а порано ко да го имаше, али не е битно.

И повеќето мислења од некои членови кои немаат ни адекватни допирни точки со темава, мислат дека разводот се случува така во еден момент. Демек, не оди работава и развод е ај, така ова се дешават во еден ден, му текнало на еден од двата родители и после ебање нема каење.
Колку глупаво, па развод, тоа не се случува преку ноќ. Поминуваат месеци, години некогаш за шанси за спасување на бракот. Па истрауматизирани деца. Па нормално е тоа, јебига, ни тој што е со двајца родители не му е баш розово. Кога доаѓа до тоа едниот родител да заебе, точно се знае кој заебал.
Затоа што ако си мало детенце додека твоите се разведуваат, таткото ќе вели - мајката е крива, мајката ќе вели - таткото е крив, и така одат тие работи, затоа детето е истрауматизирано.

Но не е во секои случаи така, некогаш точно се знае кој е крив макар и да си бебенце. А тој што точно знае дека е крив ги поминува тие судски процеси колку да испадне дека се борел демек, а не дека стварно ги сака децата покрај себе.
Не мора да значи дека одат кај родителот со појака финансиска состојба.
Видете, кај нашиов правен систем постојат многу дупки. Некогаш финтата е во тоа кој родител повеќе ќе се снајде да добие поени кај правните лица.

А најмногу се нервирам кога се спомне тоа, демек разведени родители, и те гледаат после ко да не им си јасен нешто. А децата при развод не се прашуваат кај кој родител сакаат, туку се прашуваат какво семејство сакаат, и ќе ти дадат еден лист празен и да нацрташ, ти нормално ќе си ги нацрташ мама, тато, бато и куќата во позадина, а на предна страна ќе нацрташ трева порасната едно метро.

Али кај е среќата таму, и да не се гледаш со другиот родител, мање више битно, ако си среќен само со едниот зошто да се трауматизираш да го гледаш другиот? Кај нас е тоа чудна работа, некако во менталитетот е да се мисли дека нормално семејство е тоа кај што ги има двата родители. Не мора да значи, тоа е само плитко размислување на некои пилиштарчиња кои како мали си играле со коцки и се тркале со количиња.
 
Се согласувам дека разводот е најдоброто решение кога во бракот доаѓаат сите тие некогаш дури и беспотребни караници.Единствените кои што излегуваат најповредени,можеби и со последици после се децата.Тие се тие кои што мораат да трпат се,да слушаат се и самото тоа не им дозволува да си уживаат во детството.Принудени се да пораснат пред време.
После разводот,децата ќе одат кај оној родител кој што е поспособен,кој што смета дека би можел повеќе да се грижи за нив...Јас сум за да одат кај мајката,но меѓутоа не е секогаш таа најдобра опција.Во некои ситуации таткото е оној кој што е далеку подобар родител од мајката,кој што далеку повеќе знае да се грижи за децата и кој што повеќе им посветува и внимание и се.Во тие случаеви бирам децата да одат токму кај него,но и да продолжат да се гледаат со мајката!
 
А зошто се подразбира дека детето треба да оди кај мајката?

Во 90% од случаите детето се доделува на мајката. Освен ако истата е несоодветна за негово натамошно чување, ако е неморална, ако нема доволно финансиски средства, или пак, ако сама доброволно го даде детето на таткото како посоодветен родител (ова во случај на егзистенцијална немоќ).
 
А ова е обичен пример на она за кое раскажував погоре. Од вакви коментари почнувам да го барам оној емотиконон со чоечено кај што повраќа, ама не можам да го најдам, а порано ко да го имаше, али не е битно.

Eве гоо! :pov:

Токму истaта емоција што и јас сакав јас да ја употребам кога прочитав дека детето МОРА ДА ОДИ КАЈ МАЈКАТА!
Знаете ли вие дека детето не одлучува кај кој родител ќе го доделат, туку судот? И што ако мајката го злоупотребува детето, а пред судот има добро „педигре“?
Ве молам, без такви предрасуди.

Разводот настанува кога веќе не може да се најде заеднички јазик помеѓу двете родителски единки, и кога нема излез, кога бракот го допрел самото дно.
И нормално, децата секогаш треба да одат кај родителот што е поспособен. А ако се и двајцата доволно оспособени за да издржуваат деца, треба да се менуваат на подеднакви временски интервали, за детето да не осеќа дека му недостига еден родител.
 
А зошто се подразбира дека детето треба да оди кај мајката?

Затоа што 90 посто браковите се распаѓаат поради неверство на мажот и многу нормално дека детето ќе оди кај мајката која што целата љубов на него ја посветила..Зар треба кај таткото да остане и он да си шета со љубовниците а дома детето да плаче и така да му се расипе целото детство?
 
Затоа што 90 посто браковите се распаѓаат поради неверство на мажот и многу нормално дека детето ќе оди кај мајката која што целата љубов на него ја посветила..Зар треба кај таткото да остане и он да си шета со љубовниците а дома детето да плаче и така да му се расипе целото детство?
Аеее, сега таткото крив...
А каде се случаевите каде мајката го злоставува детето, го тепа, го мачи?
Или и тука е крив таткото?
Не може така да се генерализира дека секогаш кривицата е во мажот, од едноставна причина што не е така:)
 
Затоа што 90 посто браковите се распаѓаат поради неверство на мажот и многу нормално дека детето ќе оди кај мајката која што целата љубов на него ја посветила..Зар треба кај таткото да остане и он да си шета со љубовниците а дома детето да плаче и така да му се расипе целото детство?

Аха и во случајов според твоиве (не)точни пресметки, мажот е секогаш оној кој врши прељуба, па мајката светица и децата оп кај неа. Грешка си Малата, мора да разграничиме овде дека општо, поради било каква причина, децата одат кај оној родител кој е посолиден и поодговорен за истите. Во твојов случај, јес да е така, али не е точно дека 90 % од браковите се распаѓаат поради неверство и тоа неверство кое го извршил мажот. Nah.
 
Моите се во брак веќе 15 години, мајка ми се омажила со неполни 18 години и нормално се уште била една тинејџерица(без мозок) која се палела на некој си типац со кола и со цигарата у уста ...
Татко ми ќе направел се да ја добие и да ја омажи и ајде биднало тоа ..
После неполна година ете ме и мене, а после 2 ипол години и сестра ми ... али не е тоа темата ...
тоа што сакам да го кажам е дека и двајцата го немаат иживеано животот како што треба...не се забавувале,не искусиле ништо, прерано се врзале, и сега на стари години(не се баш стари, двајцата имаат мање више од 30 до 38-9 години) им е здодеано да се гледаат еден со друг и почнуваат кавги за банални ствари како на пример зашто кафето било со помалку шеќер, зашто не е вратена мајка ми у 4 и 30 од работа кога тогаш и завршува работното време ... и слични срања
И после овој тип прашања се прави еден муабет шо да ти кажуем .... паѓаат тешки навреди(курва,пијаница,ваква,онаков), кажуваат колку се мрзат еден со друг и колку им е смачено еден од друг ..
А јас и сестра ми најнормално не можеме да заспиеме(затоа што сето ова се дешава ноќно време,само што ќе си легнеме)...плачеме,се трауматизираме и не можеме да направиме ништо против тоа!(ова се пролонгира со години)
И сега затоа што сме и девете поголеми ... т.е јас сум веќе свесна за се ... следува и делот каде што татко ми не вика и не прашува кај кого сакаме ... па иди ти кажи сакам кај мамичка или кај татичко ... очи ќе си извадат еден со друг заради тоа што си го рекла а башка и твоите ќе ти ги извадат...
па се вреѓаат кој колку добар родител бил .. и ако едниот од нив воочи дека не бил добар родител го обвинува другиот за сето тоа ..


Се изнафилозофирав јас али ае нвм ...
поентата ми беше дека СУМ за разводот ... и СУМ за тоа да се праша детето кај кого сака но да немаат неговите влијание врз одлуката затоа што често знае мајката да му го тупи мозокот на детето каков бил таткото или па обратно таткото да му го тупи мозокот на детето каква била мајката ..
 
Ако се одлучат за развод, има причина за тоа. Го оправдувам бидејќи не би било фер кон детето да трпи и да живее во несреќен брак. Затоа подобро би било родителите по разводот да се во добри односи и да се трудат да им овозможат на децата што подобри услови и да се намали разликата, давањето љубов и слично.
 
Аеее, сега таткото крив...
А каде се случаевите каде мајката го злоставува детето, го тепа, го мачи?
Или и тука е крив таткото?
Не може така да се генерализира дека секогаш кривицата е во мажот, од едноставна причина што не е така:)


Не викам дека секогаш е мажот крив бидејќи знам случај каде што жената е таа виновната но во 90 посто од случаите е мажот виновниот
а доколу жената е таа неразумната децата кај мажот..Секогас според мене треба да останат кај онаа личност која што нема да влијае лошо врз нивната социјализација...

А родителиве ако незнаат да чуваат деца без да ги повредуваат нека не ги прават!
 
децата на улица, или ко тоа бебето го остаиле у канта за ѓубре и коа пораснал после ја фатил таа стара мома шо беше и оп ја закла и после шо кој е крив сеа??
 
pretezno site sopruznici ostanuvaat zaedno poradi decata... ama moe mislenje e deka podobro bi bilo da se razvedat roditelite otkolku deteto da zivee vo nezdrava sredina t.e sekoj den da gi slusa roditelite kako se karaat i slicno...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom