Развод - a децата каде?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
Децата или ке се кај мама или кај тато...:toe:

Зависи кој како ке се постави..или како ке сака детето .. дали ке сака кај мајка му .. или кај татко му.. :)
 
со тате ќе идат децата тоа е факт не може една курва да ми ги земе децата,та ќе се омажи и после нека прави колкууууу сака,овие што се моји мои се

Не ти го избришав постов, за да остане забележан твојот памет.
Иначе само сакав да те потсетам, во случај да заборави, дека таа курва ќе ти ги роди децата. Ам како ќе им викаш после, кога ќе те прашаат каде е мама? Дека треба да ја викаат курва и да не прашуваат за неа?
И да, што со твоето женско дете? Што ако и таа еден ден налета на ваков како тебе, кој ќе ја нарекува курва и ќе ја избрка откако ќе му роди деца? Ќе ти се погоди се` дури тогаш, да? Златен тој.

:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo:
 
со тате ќе идат децата тоа е факт не може една курва да ми ги земе децата,та ќе се омажи и после нека прави колкууууу сака,овие што се моји мои се



Да ако ја оставиш ти , тогаш шо праиме кој е курвата во овој случај?
И ако ти се ожениш со некоја друга, таа што ќе биде на тие деца? Или планираш сам да ги растеш без да се прежениш повторно?? Ајде малку размислувајте пред да напишете нешто ве молам!
 
со тате ќе идат децата тоа е факт не може една курва да ми ги земе децата,та ќе се омажи и после нека прави колкууууу сака,овие што се моји мои се
Ко за бонбони муабетов. Едно мене, едно мене, едно мене, ти мрш други најди си.
Права над децата има примарно мајката. Не може кога на вас ви одговара да е "ти го носеше, ти глеј си го", а после "двајцата го праевме, не се занесувај". Не може, крај. Ебате родителот.

Не велам дека таткото нема апсолутно никакво право да одлучува. Ама по кој било основ на светов, за било што, од бременост, до абортус, до раѓање... Си одлучува таа. Кенкајте колку сакате, се` додека сите промени се одвиваат на сметка на туѓ, во случајов нејзиниот организам, се` додека таа го носи, и таа го раѓа можете да си се сликате. Да не го споменувам емоционалниот дел. Мала работа е да 9 месеца да имаш друг во тебе? И се` додека сте мажи, нема да ја имате можноста ни одблизу да почувствувате како е. Жалам. Дали горниот, дали природата... Ве зезнале тука.

Друга работа, ова е дури и добро. Да прочиташ дека има и луѓе што при развод би се степале за тоа кој да ги земе децата. Добар дел од т.н. родители пробуваат да ги шутнат кај другиот (за на бесилка), баш ги боли што ќе биде со нив, па фино и кулутрно си одат, т.е. ги напуштаат (и овие се за бесилка), или ги мешаат работите така што ако не се повеќе со сопругот/сопругата, сметаат дека деца ич и не им` требаат (ептен за на бесилка). Како рековте погоре, крв биле децата? И мене ми се бе. Он не ми е, детето ми е. Па нека ми рече после паметњаковичот курва.
 
Не велам дека таткото нема апсолутно никакво право да одлучува. Ама по кој било основ на светов, за било што, од бременост, до абортус, до раѓање... Си одлучува таа. Кенкајте колку сакате, се` додека сите промени се одвиваат на сметка на туѓ, во случајов нејзиниот организам, се` додека таа го носи, и таа го раѓа можете да си се сликате. Да не го споменувам емоционалниот дел. Мала работа е да 9 месеца да имаш друг во тебе? И се` додека сте мажи, нема да ја имате можноста ни одблизу да почувствувате како е. Жалам. Дали горниот, дали природата... Ве зезнале тука.

Овде не се слагам. Одлуката за носење, раѓање и создавање на дете и за абортус треба да биде двострана. Не можеш на некого да му ускратиш право на одлука за сопствено идно дете само затоа што природата рекла мајката да го носи, а не таткото. Не би било фер.
 
со тате ќе идат децата тоа е факт не може една курва да ми ги земе децата,та ќе се омажи и после нека прави колкууууу сака,овие што се моји мои се
Немој бе.А таткото не можи да напрај други деца а?И кој рече дека причина за развод мора да биди неверството и тоа баш на жената?И ај да не завлегвам во друга тема,ама да ги гледаш случаите кога мајката починала,па таткото морал да ги гледа децата,ќе забележиш дека одма ќе најди друга жена,а не ретко и ќе ги запостави децата.А да е обратно,таткото да починал,мајката ретко носи друг маж во куќата,туку продолжува сама да ги гледа децата со сите сили.

Во нормални случаеви(двајцата родители се стабилни,нормални,имаат сретства да го одгледуваат детето)јас сум за тоа да остани детето кај мајката.Сепак мајката има малку поголема улога во животот на детето.Таа го носела 9 месеци,таа го доела,таа му менувала пелени,и ред други работи, а и првиот збор на детето е обично мама.
Не велам дека таткото не го сака детето,и нему му е крв,ама мајка многу поќе се жртвува.Сега,ако се децата малку поголеми,можи да се прашаат и тие со кој сакаат да бидат.
 
па добро мајката ќе сака да се омажи тој другиот можеби нема да сака туѓи деца,така ќе се заеба и мајката.
ако дојде до такво нешто пак исто ќе речам децата ќе останат со мене.:toe:
 
Ако не го бива за родител за време на бракот, по разводот ич нема да го биде. Секое дете заслужува да биде со поспособниот родител во секоја смисла.
Gos, а ако мајката реши да не се премажи повторно и тогаш нема да бидат со неа?
 
па добро мајката ќе сака да се омажи тој другиот можеби нема да сака туѓи деца,така ќе се заеба и мајката.
ако дојде до такво нешто пак исто ќе речам децата ќе останат со мене.:toe:



Па добро...можда и ти ќе сакаш да се прежениш, а таа твојата нема да сака туѓи деца...и што тогаш?

И на крај сепак не си ти тој кој одлучува каде ќе останат децата по разводот така што џабе ти е се... :toe:
 
....И што ако сум крива за разводот,на сила неможеш да одржуваш брак ,но тоа незначи дека децата неможам јас да ги земам.
И која е границата за поспремен родител,каде ја гледате вие?

Според Законот за семејство, еднаква одговорност околу одгледувањето (не се однесува само на градинарски култури) на децата имаат мајката и таткото. Ако не можат да решат спогодбено кој ќе се грижи за децата после раводот, Судот во консултација со социјалните работници го одредува старателството, висината на алиментација, како и правото на родителот кој не е старател да ги гледа децата.
Страшното е што во вакви ситуации, пресуден фактор е материјалната околина, односно финасиската ситуација на родителите, а не кој е поспремен родител.
Ако јас се прашувам, спремен родител нема да се доведе до развод дереџе.
 
Ако јас се прашувам, спремен родител нема да се доведе до развод дереџе.

Знам како одат работите според законот,затоа и така го поставив прашањето,зошто во такви немили ситуации за жал други работи се пресудни кој ќе се грижи за детето.(да не навлегуваме во детали како мајката има најмногу право над детето и слични субјективни моменти)

Но со твојава констатација не би се сложила само од еден аспект.По претпоставка ,спремен родител не би дозволил развод во смисла дека не би стапиле во брак воопшто додека не сме спремни родители...или на нешто сосема друго упатуваше?

Луѓето се менуваат,она што денес е реално и соодветно за правилен избор,утре добива нова димензија ,а со тоа и целиот развој на иднината.
 
Ако јас се прашувам, спремен родител нема да се доведе до развод дереџе.

Значи и покрај сите тие кавги, тепачки, измами, треба родителите да останат во брак? Овде страдаат најмногу децата разболувајќи се, станувајќи некои психопати, убивајќи се, укривувајќи се.......
Спремен родител исто така нема да може и сака да трпи некој да му изигрува менаџер (на пример) и секако да си дозволи нешто да им се случи на децата. Ама да не ја преувеличувам, постојат и мирни разводи

Децата одат кај оној што ги заслужува, за тоа последен збор дава судот.
 
имав еден пријател велеше ,,подобро со нормални баба и дедо неголи со луди родители". само се чудам како вие младите размислувате. девил да те видам по неколку год.дали ке немаш деца а зевсус тотален кретен си и не би сакала ќерка ми да заврши со некој како тебе, а мајка ти случајно да не е машко?мене недај боже да ме рчне некој за децата очи ке му извадам,а добри родители се само оние кои и по разводот ќе мислат на нивното добро.сите што на суд се расправаат за децата е продолжена кавга меѓу мажот и жената и кој кого повеќе да повреди.познавам родители што кога ке ги видиш заедно ако не знаеш дека се разведени нема ни да приметиш а познавам и една мајка што беше претепана од таткото пред детето и тоа кај него пред школо (каков шок и срам за тоа дете кога цело школо го виде тоа) со зборовите дека е курва а женава е се само тоа не.деца размислете добро за вашиот менталитет, во денешно време да ве има толку со заостанати сваќања просто човек да се разочара подобро:kesa:
 
Па добро...можда и ти ќе сакаш да се прежениш, а таа твојата нема да сака туѓи деца...и што тогаш?

И на крај сепак не си ти тој кој одлучува каде ќе останат децата по разводот така што џабе ти е се... :toe:

па ќе правам и со неа да не биде тажна:helou:

да ти кажам право не може ни суд ни идризово ни никој да ми се меша
 
... Но со твојава констатација не би се сложила само од еден аспект.По претпоставка ,спремен родител не би дозволил развод во смисла дека не би стапиле во брак воопшто додека не сме спремни родители...или на нешто сосема друго упатуваше?

Луѓето се менуваат,она што денес е реално и соодветно за правилен избор,утре добива нова димензија ,а со тоа и целиот развој на иднината.

За да се сложиш или да не се сложиш со мојата констатција, треба да ја разбереш. А јас ќе се обидам да ја појаснам.
Спремен родител значи зрел човек кој е подготвен да го одгледува своето потомвство со многу љубов, внимание и нерви и при тоа да обезбеди некакви сретства за елементарна егзистенција. Спремен родител обично не е еднина туку се двајца кои решиле да гледаат во ист правец и да ги стават потребите на своето дете пред сопствените потреби, комплекси и фрустрации.
Се надевам дека е сега појасно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom