Надворешна убавина или внатрешна исполнетост?

  • Креатор на темата Креатор на темата зунза
  • Време на започнување Време на започнување

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Што би било подобро:
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.

или​

- Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?
 
Второто, дефинитивно! Ако се чувствуваш исполнето, ќе зрачиш со самодоверба, која пак како што велат најмногу паѓа во очи! Што значи не ти требат мини сукњи и хот пентс за да бидеш секси и забележлива! Убавината, сексапилот и привлечноста се видливи и ако си облечена во широко, и во работно одело итн итн.
Значи се додека ние сме исполнети и задоволни од самите себе, другите не се важни!
Знаете како велат, ако некој те сака ќе те сака што и да облечеш, што и да направиш... :pipi:
 
Внатрешно исполнета.
Во спротивно ќе бидам празноглава лигла на која што и е битно само како изгледа,а тоа не го сакам.
Од друга страна,кога е човек внатрешно исполнет,зразчи со позитивна енергија и убавина без разлика како е облечен.
 
Што би било подобро:
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.

или​

- Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?

Па тешко дека некој би бил целосно исполнет доколку не е задоволен со својот изглед.... обично се работи за сооднос од двете работи,па се добива задоволна личност.

Лично не верувам дека некој може да биде целосно 100% исполнет,задоволен, или тоа е ептен ретко. Затоа што секогаш нешто фали, нема состојба на совршенство.

Од друга страна,кога е човек внатрешно исполнет,зразчи со позитивна енергија и убавина без разлика како е облечен.

И ова е точно. Се согласувам.
 
Лично изборов ми нема многу смисла. СЕКОЈ, нормално сака да биде сраќен. Сега за да бидам среќен, на пример јас сакам да имам другари и девојка, на пример. Како ќе фатам девојка ака не сум убав, дотеран... све што спомна за првиот избор. Ова е како да прашаш: Што сакаш повеќе, да одиш бесцелно по патот или да го поинеш патот за да стигнеш до дестинацијата.:nenene:
 
Што би било подобро:
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.

или​

- Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?
Троа нелогично. Ако си згоден, убав, дотеран и привлечен, нема шанси да си кој знае колку психички неисполнет. Ќе имаш љубов зошто си привлечен, имаш пари пошто си нели, ете, дотеран. Непишано правило е тоа дека ако си привлечен полесно ќе си поминуваш во животот. Ќе имаш повеќе пријатели зошто луѓето им се понаклонети на привлечни луѓе. Голема е веројатноста дека полесно ќе поминуваш на испити, при вработување исл. Ем си имаш и пари (штом убаво се облекуваш), така да, мирна глава.
Може звучи малку материјалистички, ама факт е дека луѓето стварно ги вреднуваат дури и премногу овие два квалитети, убавина и пари.
Поентата е, тешко е да си психички неисполнет ако имаш скоро се што е услов на психичка исполнетост.:) Ама има случаи, секако. Душевен немир од икс причини може човек да чувствува и кога се навидум му е под конец.

Од друга страна... Ако си предебел/преслаб, недотеран и грд, ептен е тешко да постигнеш внатрешна исполнетост. Зошто? Епа исто ко погоре: веројатно ќе имаш проблеми при остварување на потребата за љубов (и секс), што бај д веј е една од водечките причини за депресија. Поради комплексите кои се неизбежни, можно е да станеш интровертен и со тоа уште повеќе да ја отежниш комуникацијата со другите. Ќе се нанижат низа проблеми, со кои малку е возможно сепак да доживее човек внатрешен мир и исполнетост.

Сега јас овде одев малку во екстремности, ама тоа само колку да доловам.:) Се разбира, во светот луѓето не се поделени на среќни (убави) и тажни (грди) :)

Ништо не би било подобро од двеве опции. Сакам да сум и привлечна и дотерана и финансиски добро поткрепена и психички урамнотежена и исполнета и среќна. :) Знам де, малку високо „циљам“... :icon_lol: Сепак свесна сум дека не можеш да имаш се у животот. :toe:
 
Лично мислам дека кога не сме психички исполнети или задоволни, не ја вреднуваме надворешната убавина.
Кога си внатрешно задоволен и среќен, па и од спиење ко ќе станиш таков мамурен целиот и се погледниш во огледало, пак си убав на себеси.
Ми се случувало да има периоди кога таква дотерана и комплетно нашминкана и средена ќе се погледнам в огледало, и не ми се насмевнува па не знам шо да е.

Се ми се чини внатрешната исполнетост те прави да сјаеш,бликаш и покрај дотераноста и сето то. Ти влева самодоверба, се чувствуваш добро во својата кожа, тогаш ти се чини на сите им се допаѓаш и на сите им се чиниш убава/привлечна.
 
Apsolutno si vo pravo samo sto, licnosta koja e psihicki ispolneta i srekna bi se trudela da poraboti i na svojot nadvoresen izgled, zatoa sto slikata za nas drugite ja sozdavaat vrz osnova na nasata vnatresnost i nadvoresnost, taka da ako edno od ovie ne e onaka kako sto treba togas ti ne si kompletna licnost.
 
Лично мислам дека кога не сме психички исполнети или задоволни, не ја вреднуваме надворешната убавина.
Кога си внатрешно задоволен и среќен, па и од спиење ко ќе станиш таков мамурен целиот и се погледниш во огледало, пак си убав на себеси.
Ми се случувало да има периоди кога таква дотерана и комплетно нашминкана и средена ќе се погледнам в огледало, и не ми се насмевнува па не знам шо да е.
Aма ти зборуваш за моменти :) Нормално, кога цел ден ми е отиден у *тииит* и не сум расположена, нешто ме растревожило, нема да се чувствувам добро во своја кожа.
Ама јас зборам за подолготрајна исполнетост, внатрешниот мир, наречи го и среќа, кое не се јавува и исчезнува само на моменти, туку е резултат на твојата психичка рамнотежа и задоволство, што секако не е вечно и лесно може да премине во тоа што го викаш неисполнетост, ама сепак се работи за период, состојба, не момент.

Нема везе, јас погрешно сум ја сфатила темата или ти погрешно си ја поставила, битно и двете си дадовме одговор од наше гледиште :)
 
Многу психолошки ја рaзработивме темата :icon_lol: Нашиот надворешен изглед ваков или онаков е нешто со кое сите си наоѓаме внатрешен компромис, се спогодваме бидејки никој не е совршен нали. Кој како не вреднува е нешто кое е надвор од наша контрола.
Туку, не знам... Ништо не можи да ми пружа поголемо задоволство од убаво завршена работа или самодоверба или чувсто на задоволство од себе. Нити еден убава-коса ден. Е сега Адријана Лима можи поинаку функционише. :pos:
 
Не знам,мене така ми се чини.
Дека внатрешната исполнетост ја потенцира надворешната убавина, или убавото расположение и чувства те прават да се гледаш (па дури и позитивно прифаќаш) себеси убаво и онаков каков што си.
 
Дефинитвно.

Кога се осеќаш внатрешно убаво и надворешно ќе изгледаш убаво.
Во најголемиот дел случаеви,кога сум била среќна,не сум изгледала онака “уауу“,а пак сум се осеќала убаво,а кога ќе сум изгледала “уауу“ ич не сум се свиѓала.
 
Кога сме внатрешно исполнети и среќни тогаш сите зрачиме со некој посебен сјај кој не прави исклучително убави.
Сепак, не можам да кажам дека едно од тие две ми е побитно, кога сметам дека и двете се важни. Сакам да сум средена секогаш, спрема прилика. Сакам да водам сметка за себе, тоа е едното од нештата што ме исполнуваат. Не дека ако некогаш не се средам ќе ми пропадне светот, али така поубаво се чувстувам. Комбинација од двете е најдобро решение.
 
Јас уште од сега го исполнувам првиот критериум:devil3:
 
Јас мислам дека штом си внатрешно среден комплетно, дека се чувствуавш убаво и среќно, надворешното ќе ти биде лесен залак, ќе се уредиш спрема тоа како се чувсвуваш и да облечеш само еден обичен цветен фустан ќе бликаш од убавина и шарм, затоа на многу теми имаме разглабано дека многу е важно каква е внатрешната состојба дали од внатре сме убави и зрачиме, ако тоа го постигнеме надоврешниот изглед е само јаготката на шлагот... и морам да ја додадам реченицава која никогаш нема да ја заборавам, а истата ми ја кажа една мој пријател, вели* Ако си доволно своја и самоуверена и веруваш и чувствуваш дека си најпрекрасната личност, сите околу тебе ќе го имаат тоа чувство и така ќе те гледаат!* :pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom