Ако се гледа во малку поширок контекст, мислам дека негирањето на правото да се самоидентификуваме е, всушност, дел од една поширока геостратешка игра - западните сили сакаат контрола врз источен Медитеран и Левант, а тоа не е можно ако постои силна држава Македонија, со излез на Егејско Море, за која се плашат дека може да биде пат за излез на Русија на “топлите мориња“ и заобиколување на Босфор како стратешка и, во случајов, ограничувачка точка.
Кога Русија би успеала во ваквите намери кои постојат повеќе од еден век, не само што би ја ослабнала стратешката позиција на Турција, туку и значително би го зголемила своето влијание во Јужна, па ако сакате и Западна Европа.
Е сега, тука никој не пие мастило и сите си го гледааат својот интерес. ЗА Грција ич да не берете гајле - јагнето кое цица од повеќе мајки не гледа црни дни - ова сега е само привремена прераспределба на влијанијата.
Грчката држава е создадена, одржувана, спонзорирана, па дури сега и чувана на „вештачко дишење“ токму заради нејзиното значење во еден поширок - блискоисточен, северноафрикански и југо - источно европски контекст.
Ако Грција доживее пропаст, тогаш ќе значи дека и Балканот го изгубил геостратешкото значење, а тогаш, се плашам, ќе бидеме оставени да се исколеме меѓусебно и да ги исправиме сите „криви Дрини“.
Единствен излез е ако се најдат некои балкански мангупи, свесни за значењето на регионот, кои ќе изиграат малку регионално, ама ова мислам декае речиси невозможно....
Не значи дека сум во право, само „гласно“ размислувам....