Кога љубам...

  • Креатор на темата Креатор на темата Lavanda
  • Време на започнување Време на започнување
кога љубам правам глупости.....:back:
 
кога љубам правам глупости.....:back:


Магдо, какви глупости мор кажи изјасни се отвори ја малку душата, а не ви ги читам постовите по три збор/
-Кога љубам глава губам
-Кога љубам правам глупости... итн ај малку поживо да опипаме и ваши чувства...(прочитаме):smir:
 
Кога љубам сите работи ми изгледаат полесни и повозможни,очите ми светат како пијана кокошка(:pos:),сите работи што ми се случуваат несвесно ги поврзувам со него,кога љубам некогаш љубовта не е возвратена,кога љубам воедно е најубаво,но знае да биде и најболно,кога љубам излегува најдоброто од мене,љубовта ме прави подобра личност.
 
Кога љубам, едноставно кажано сум среќна.
Кога љубам и ме љуби, тоа веќе незнам како да го опишам. Секој ден е поубав од претходниот, секоја ноќ посветла, секој миг исполнет без оглед дали сум со него или не, секое звонење на мобилниот ми поттикнува насмевка, секое исчекување да го видам се` повозбудливо, секој проблем изгледа помал, секој страв понадминлив ... се` лошо изгледа добро кога љубам и ме љуби.:pipi:
Делот со врискање на цел глас колку го сакам и кажување на цел свет би го избегнала, прво затоа што знам дека не би можела да опишам ништо со тоа, а второ затоа што нејќам секој да знае што чувствувам.
 
Кога љубам... Заборавам да јадам, да си легнам, да се разбудам, да си ги завршам обврските, да ја исклучам ринглата после варење кафе, да си ја земам ташната на излегување. Не знам која дата сме, кој ден, која година, заборавам на која планета живеам, ама ни за момент не заборавам да мислам на човекот. И се топам, се смејам ко напушена, место не ме држи, ноќе пред спиење мечтаам и го замислувам, не ја слушам мајка ми што ми зборува (мада и кога не љубам тоа е тешко :icon_lol: ). Светот е убав и шарен и тонам во мириси на лудило, на убавина, на неговата кожа. Сонувам сон од кој не сакам да се разбудам.
Ех, кога љубев... Се беше помагично.
 
Не знам зашто, пробувам постојано да пишам на темата, ама постојано го бришам она што сакам да го напишам.

Кога љубам... во некој таков период сум, кога се поврзано со сакање и љубење ми е прилично негативно, така што сега во моментов ќе кажам дека кога сакам, завршувам со скршено срце.
Всушност, јас и не знам дали сум љубела.
Не знам, не сум сигурна дека тоа што сум го осеќала било навистина љубов или слатка заљубеност помешана со почит.
Кога сум мислела дека љубам, на почетокот сум била среќна, се ми било весело, но на крај сум завршувала во солзи.

Не знам ништо. Само знам дека кога ќе знам дали љубам, ќе бидам спремна да направам се во името на љубовта.

Брееј колку негативен пост.
Ај, ај, ќе дојде и тој убав ден во подалечна иднина кога и јас ќе напишам позитивен, убав и шарен пост на темава.:pipi:
 
Кога љубам го посакувам целото време на светот да го поминам со него. Да го почувствувам неговото присуство, мирисот на неговото тело, допирот на неговата рака, ритамот на чукање на неговото срце. Да имам свет создаден само за нас двајца за кој не мора никој да знае.

Кога љубам сакам да го почувствува тоа преку дела. Да му повторам стотици илјади пати и пак да го прашам дали знае. Да му ја дадам својата поддршка во се` што прави. Да бидам со него на дното, за во другиот миг да се најдам како лебдам на небото, задоволна што сум успеала да го извлечам.

Кога љубам заборавам на се` што постои околу мене (лошо, ама тоа е). Ги игнорирам сите и се предавам само на него.
 
Кога љубам ја љубам само нејзе, и не давам никој да ми ја земе. И сум најсмирен потоа. Немам вишок енергија бидејка цела е дадена таму:salut::back:
 
кога лјубам......

незнам за себе.....

а не за другите
 
кога љубам, многу сум заборавен, ништо не ми е во ред, цело време имам немир во душата, и неможам да куцам добро на тастатура....и даваам не соодветни одговори на прашања...као пример

некој: Колку е саат!
јас: не сеа утре...

уствари не бе тоа беше коа сум пијан.....:pos::pos::pos: се шалам али слично е:vozbud:
 
Во тие мигови сум најсреќното дете на светот :)
 
кога љубам сум расеан и тоа многу, сите ги исклучувам од мојот свет и мислам само на неа :back:
е така, ај :salut:
 
Кога љубам...понекогаш и многу губам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom