Дали тинејџерите знаат што е љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Кај тинејџерите љубовта трае до 14 февруари, се прават заљубени до таа дата, колку само да им купи партнерот/ката нешто како на пример обетки, ланче од Сваровски и после на 15ти шут карта. Ете тоа е љубов кај тинејџерите.
 
Прво кај нас тинејџерите се израснати во свет со компјутерски игрици, Токио Хотел, ера на Хај5, мобилни у 2 одд,тотална отуѓеност, мсн и разноразни сваштарии кои им ја спечуваат вистинската комуникација со себе најпрво, а потоа со другите.
Мислам дека не можеме да правиме муабет за вистинска љубов, затоа што нема услови како да е создаде.Денес нив порано им се бои главата у порно фазон, не сакаат долги врски, се муваат, и што е уште пострашно, мислат дека тоа е љубов, и преку смс КОМУНИЦИРААТ со своите симпатии, дечковци, девојки. Физичка блискост, запознавање со своето и туѓото тело, нема... Можеби има исклучоци, и секоја им чест, но верувам загрозен вид се.
 
Znaat shto e zaljubenost ama ne ljubov.Ej a the best of mi se koga onaka stanuvaat malce teatralno-poeticni:"Zivotot mi zadade teshki udari(vo ljubovta)"-zatoa shto tipot ne i se javil a i zemal broj!
Ama nekad znae da bide postrashno.Edno devojce od oddelenie koga bev vo 7-mo bezuspeshno se trueshe so "Ajaks-staklo" radi nevozvratena ljubov!!!!! Se prashuvav koj detergent kje go koristi na 25 koga kje sfati shto e ljubov.Shala na strana ne samo shto ne znaat shto e ljubov nego toku nekako monumentalno i fatalisticki ja sfakjaat nivnata zaljubenost shto e nekogash duri i opasno za niv.
 
е јас знам што е љубов... ама стварно знам.... не се занесувам по моторџии полни с сперма... стварно сум заљубена...

а има еден случај у мое одд. едно девојче е заљубена у едно дете 7 години и никогаш не престана да го сака и никогаш не ни засвиѓа друг... 7 години него си го сака...

Тек сега го приметив ова .. и Шо Из Д Фак со децава? Моторџии Полни со Сперма?? Стопосто ова и е фраза од некој тинејџерски филм као на пример "10 Things I Hate About You" кај што ја споменуваат истата.... Незнам што се десило со децава , а искрено неќам ни да знам.. :tapp:
 
И јас мислве дека го сакам дека неможам без него блаблабла. можеби прерано и да бев тинејџер (и уште сум) кога стварно засакав некој. и уште сум со него. па ваљда нема да ме убедувате дека сега незнам што е љубов. сега само сватив дека тоа што сум мислела не е љубов.
и за да видиш дали некој знае што е љубов прашајте го прво што подразбира он под врска со човек кој го љуби..верујте ќе си го добиете и одговорот на ова прашање!
 
Па ви држи теоријава, ама да не генерализираме. Секој сака да сака, ама се хиперболизира чувството на пеперутки во стомак и се нарекува Љубов заради простиот факт што тинејџерите како такви немаат видено сериозни проблеми (тука зборам за повеќето), си имаат мама тато што даваат пари, имаат покрив над глава, а кога се гледаат со дечкото/девојката се ослободени од обврските и излезени за убав провод. И глупаво е да тврдиш дека тој/таа е совршен/а кога го/ја немаш видено во неволја, или кога не си живеел со него/неа. Дознај ги мааните, па ако можеш да ги прифатиш, во ред, make it serious & enjoy while you can.
Мал оф топиk: И преку се` више од тие што сечат вени после неуспешна врска. Снајди се и продолжи да живееш јебига.
 
Секој сака да сака, ама се хиперболизира чувството на пеперутки во стомак и се нарекува Љубов заради простиот факт што тинејџерите како такви немаат видено сериозни проблеми (тука зборам за повеќето), си имаат мама тато што даваат пари, имаат покрив над глава, а кога се гледаат со дечкото/девојката се ослободени од обврските и излезени за убав провод. И глупаво е да тврдиш дека тој/таа е совршен/а кога го/ја немаш видено во неволја, или кога не си живеел со него/неа. Дознај ги мааните, па ако можеш да ги прифатиш, во ред, make it serious & enjoy while you can.

Морам да се согласам со ова.Повеќето тинејџери се уште не осетиле болка во права смисла на зборот и дефинитивно хиперболизираат апсолутно се ! Од мравка се способни да направат и слон !

Но, се во свое време...Човек научува да сака кога ќе почне да страда или кога ќе стане свесен дека никој/ништо не е соврешен/о.Кога е се розево, се сомневам дека се работи за љубов.


Бај д веј, какви се бе тие пеперутки за кои сите зборат...Зошто јас после толку време заљубена не сум ги осетила? :nesum:
 
Тинејџерите знаат што е силна симпатија ама љубов тешко.Се додека мама и тато се грижат за тоа дали се успале за во школо и да им дадат пари да излезат на кафе со дечкото и притоа да поминувааат во годината десет дена заедно на одмор(најнормално со друштво) нема да дознаат што е љубов.
 
Тинјџерите (според мене) можат да сакаат двојно повеќе од (по)возрсните. Љубовта е чувство, а не обврска... па да можеме да кажеме дека кога ќе почнат да заработуваат сами и да имаат други проблеми освен училиште дека ќе научат и што е љубов.
Нивната крв се движи двојно, и нивните чувства се двојно посилни кога ќе засакаат, но откако некој ќе ги изневери тие чувства двојно побрзо и се ладат. Животот им е roller coaster, нема време премногу за бивши љубови, одиме на следната... за разлика од возрасните каде се` изгледа помалку споро и летаргично па можат да си дозволат да кукаат дома.
 
Тинјџерите (според мене) можат да сакаат двојно повеќе од (по)возрсните. Љубовта е чувство, а не обврска... па да можеме да кажеме дека кога ќе почнат да заработуваат сами и да имаат други проблеми освен училиште дека ќе научат и што е љубов.
Нивната крв се движи двојно, и нивните чувства се двојно посилни кога ќе засакаат, но откако некој ќе ги изневери тие чувства двојно побрзо и се ладат. Животот им е roller coaster, нема време премногу за бивши љубови, одиме на следната... за разлика од возрасните каде се` изгледа помалку споро и летаргично па можат да си дозволат да кукаат дома.

И тенјџерите кукаат, не дека не, напротив, само тоа го правиме со некој тип до нас и многу пиво.:devojce 1:
 
Не знаат е многу лош збор. Јас би рекла дека често се залажуваат и мислат дека е љубов и дека обично се меша љубов и симпатија. Еве и јас, барем во овој момент, не знам што е тоа комплетна љубов. Никогаш не сум ни знаела. Зашто за да знам што е комплетна љубов, треба да сум била сакана и да сакам. Сум сакала, никогаш не сум била сакана. Не сум почувствувала на своја кожа како е да е некој сакан, така да не можам да знам што е тоа љубов. Всушност можам да кажам, ама за другите примери. На своја кожа не сум почувстувала и не сум дознала за љубов.
 
На овие години вистинска љубов е километри далеку. Сепак, никако неможе да се каже дека незнаеме што е сакање.
 
Хаха..е мојата љубов е практично..километри далеку...што се однесува до љубов..не треба никоја љубов да се потценува, а првите љубови се најчисти и никогаш не се забораваат...следствено...секој знае да сака (ако тргнал во тоа искрено).
 
има неколку врсти на љубов и тоа љубов кон татковината љубов кон природата љубов кон девојката а љубовта кон сопругата тие што се во брак знаат преминува во љубов кон децата што ги створиле. а љуибов кон нешто макар и кон партнерот е да го сакаш да го почитуваш да се грижиш за него да не дозволиш ништо да не ве раздели и уште многу работи но идеална љубов не постоибарем со мислите ќе залуташ на друго место
 
PA ZAVISI OD COEKOT NEKOJ ZNAAT AMA 98%POJMA NEMAT SO E TO LJUBOV.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom