A
Anck-Su-Namun
Гостин
Првата љубов теоретски може да се случи во кој било период, но најчесто се случува токму во тинејџерските години. Тоа возбудливо прво искуство повеќето луѓе го паметат до крајот на животот. Гледано од перспектива на возрасна личност, љубовните радости и проблеми во адолесценцијата се чинат смешни, детски и едноставни, особено во споредба со барањата на “возрасниот“ живот и во бракот. Многу често возрасните забораваат колку е драматично во тинејџерските години да се учи да се градат вистински љубовни односи. Поради тоа возрасните често воопшто сериозно не ја разбираат првата или неколкуте први љубови на тинејџерите. Се смеат на тие “детски слатки грижи“ и не им веруваат на силните емоции.
Од друга страна, денешните тинејџери покажуваат големи разлики кога станува збор за љубовните односи. Некои тинејџери веќе на крајот од основното училиште се во сериозни врски, а други не излегуваат два пати со истата личност се` до факултет.
Љубовните односи не се едноставни. Тоа го знаат сите возрасни. Потребно е да се вложува труд и напор, а и со сето вложување понекогаш ќе ве заболи глава од тој однос.
И момчињата и девојчињата во адолесценцијата проживуваат многу силна емоционална болка поради прекинот на љубовниот однос. Да се биде оставен на 15 години може да биде поболно отколку да се биде оставен на 30 години. Со 15 години младиот човек нема внатрешна емоционална сила која помага да се преброди загубата.