Дали тинејџерите знаат што е љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не знаат. Си мислат дека се’ е розово и како во бајките дури не пораснат и не ја видат реалноста.
 
Ништо не знаат. Си мислат дека се’ е розово и како во бајките дури не пораснат и не ја видат реалноста.

хахахахахаха а ти не си тинејџер/ка а?! тинејџерството е од 13та-19та година од животот а ти имаш точно 19 :) значи за една година ќе имаш право да го кажеш ова, сега можеш да го кажеш на друг начин т.е. и себеси да си се сместиш у групава :) :helou:
 
Знаат...љубовта е љубов и во тинејџерските години само што е посилна и поискрена од онаа позрелата!!!

Тинејџерската љубов е посилна и поискрена од позрелата? Од кај испадна сега ова?
Децата знаат да сакаат? Како тоа? Па тие не ни можат да бидат со еден партнер подолго време. Денес "сакаат" еден, утре друг. А и кога се со еден и тоа малку време, денес го сакаат, утре го мразат, задутре му љубоморат, а после тоа цврсто се борат за него, за на крај пак да испадне раскинување за некој позгоден/на.
Љубовта не е таква и трае повеќе и трпи повеќе. Зрелата љубов не би можеле да ја знаете вие малите, па затоа и не можете со извичници да ја потврдувате. :toe:
 
Едно е некого да сакаш, а сосема друго да сакаш да сакаш. Најчесто е под 2, ако е во прашање личност со малку години. Не велам јас дека тинејџер не може да искуси љубов. Ама се` додека се поистоветува со нешта како мување, "те сакам" на две минути, титкање на една минута, драми за банални работи (глупост), раскинување за банални работи (уште поголема глупост), следниот ден смирување (нонплусултра глупост)... Никој нема да ме убеди дека е тоа љубов.

И мене ми се случило да мислам дека сум смртно заљубена и нема да погледнам друг до крајот на животот. Ама да љубиш не значи да тргнеш од себе, или од тоа како ти да бидеш сакан, или да се "заљубиш" во зелените му очи, или слично.
Љубовта бара храброст, тешко дека 15 - годишњак ја има. Се учи, а за учење треба време. Време = години; години = зрелост (би требало). Океј, има луѓе кои на 50 се се`уште зелени во главите, евентуално и цел живот. Ама има и такви кои не ја почувствувале, пак, целиот живот.

Друго, има разлика помеѓу заљубување и љубов. Второво е многу, МНОГУ покомплексна работа од пеперутки во стомакот и слични бљувотини. Ова, романтики де. :icon_lol:
 
Врска немаат. Одкол накол.

После од кога ќе пораснат добиваат некои основни поими. Како овие луѓе на пример. They know love. Пеат за неа, се облекуваат во неа...

6E8BAEE0C8BAB8419841228873BB8B4B.jpg


C250CF159C0D874189E8B298C4E2688E.jpg


%7B1A3FE5F1-6265-4374-BD29-B07E5B8FBA63%7D_elena-2.jpg


jovan_elvir_2008.jpg


Секако да не ја заборавиме една од култните страни во веб етерот за промоција на љубовта со еден куп заљубени момци и девојки

http://www.exclusive.com.mk/
 
ljubovta e sveta rabota za da ljubis trbaba da mozes i da znaes i da si spremen da davas mnogu od sebe a ne samo da zemas
 
Последен пат кога осетив љубов, беше кога бев тинејџер.:nesum:
 
Некој знаат некој не , сепак има степени на зрелост кај тинејџерите....
 
А шо има врска тинејџерството со то дали знаат или не знаат стварно не разбирам.
 
Претежно абер немаат...
а има многу уфилмани, „заљубени“, во фази кога би сечеле вени и оделе по оган...
незнам дали има некоја тинејџерска врска која опстојала и преминала во брак... а нема ни потреба од тоа, нели... само проблемот е што некои го сваќаат тоа и така постапуваат при секое влегување во врска додека другите...
ако ви е тоа проблем, ете абер немаме...
 
na tinejgerite im vrie krvta...poise mislat na sex nego na ljubov...ali mmoze da se kaze deka do negde znaat sto e ljubov...ama ne celosno!
 
Има такви кои знаат но повеќето немаат поим од љубов.
Тинејџерите пред се обрнуваат внимание на надворешниот изглед и се затрескуваат во фраери/фраерки и готово љубов е тоа мислиш ромео и јулија.
-Ма ја го сакам стварно го видов еднаш и тој е вистинскиот, постојано мислам на него!!! (е вакви се тинејџерските љубови)

Повеќето врски кај тинејџерите се кратки и во нив нема љубов туку привлечност и некоја мала доза може на заљубеност.
За љубов е потребна зрелост и според мене потребно е време за да се дознае дека станува навистина збор за љубов. А не како тинејџерите еден бакнеж и тоа е голема љубов готово.

Но постојат и тинејџери кои навистина се сакаат и знаат што е љубов. Има врски кои започнале токму во тинејџерските години и завршиле со брак и партнерите биле заедно засекогаш.
Но постојат и такви повозрасни ќе си речеш зрели луѓе (кои нималку не се зрели) на кои што тинејџерите можат да им држат часови за љубовта.
Значи пред се е индивудуално.
 
За оваа тема не може да се збори во глобала.
Ова е индивидуално.Дали знае човек што е љубов зависи од многу фактори, најважниот е зрелоста кај човек, а зрелоста не зависи од годините на човекот.
 
Тинејџерите појма немаат од љубов само знаат да се залажуват да се зезаат да се филмаат дека се сакаат,се посакуваат тоа само го слушаат но не го чувствуваат не им се развиени сетилата за љубов туку само симпатиите се изразени не постои вистинска љубов кај нив кога ке пораснат ќе сфатат и ќе се смеат
 
AceMaus напиша:
Мора некој и нив да ги научи мајкому...јас сакам постара...побрзо дава:vozbud:..мала треба да ја молиш, башка незрело ми делува многу, од постараима пто да научиш
Пораснатиов (20 години) сваитл? Зашто не би знаеле? Луѓе, не глобализирајте, има секакви и од помладиве, и од постарите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom