(2020 UEFA Super Cup, 24.09.2020, 21:00) Баерн Минхен - Севиља

Кој ќе биде победник во УЕФА Суперкупот за 2020 година?

  • Баерн Минхен

  • Севиља


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357



УЕФА Суперкупот за 2020 година ќе биде 45-то издание од истиот. Станува збор за годишен фудбалски натпревар организиран од УЕФА, дуел помеѓу актуелните шампиони на двете главни европски клупски натпреварувања, УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа.
Обично се одржува во август пред почетокот на новата сезона, но оваа година финалето беше одложено поради доцнења и компликации поврзани со епидемијата на Ковид-19.
Холандскиот спортски новинар Антон Виткамп е автор на суперкуп концептот во 1971 година и истоиот низ голем број промени од неговото основање, па до денес.
Првично, натпреварувањето вклучувало одигрување на два натпревари: дома и на гостински терен, но во 1998 година било одлучено да има само еден натпревар, кој ќе се одигра на неутрален стадион.

Оваа година, домаќин на натпреварот ќе биде Пушкаш Арената во Будимпешта (Унгарија), која има капацитет од 67.215. Тоа ќе биде првпат местото на одржување на Суперкупот.
Суперкупот првично требаше да се одржи на „Естадио до Драгао“ во Порто (Португалија) на 12 август, но по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот предизвика одложувања, УЕФА одлучи да го додели презакажаното финале во Лигата на шампионите на Португалија и го одложи и премести Суперкупот во Будимпешта.


Порталот за апликации за влезници беше затворен на 9 септември.
УЕФА стави на располагање 3.000 билети за навивачите на секоја екипа, со намален капацитет од 30% на стадионот.
Суперкупот ќе служи како пилот-натпревар на УЕФА и обид да се вратат навивачите на трибините.
Безбедносните мерки на претпазливост помеѓу посетителите на стадионот ќе се применуваат во текот на целиот натпревар, со тоа што сопствениците на влезници од странство се должни да презентираат доказ за негативен тест од Covid-19, направен најмногу три дена пред влегувањето во Унгарија и мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа по нивното влегување.
Покрај тоа, маските се задолжителни во секое време, како и 1,5 метри оддалеченост помеѓу навивачите.

На 15 септември 2020 година, УЕФА го именуваше англискиот судија Ентони Тејлор за судија на натпреварот. Тејлор е судија на ФИФА од 2013 година, а претходно работеше како еден од дополнителните помошни судии во Суперкупот на УЕФА 2014, финалето на Лигата на Европа 2015, финалето на Лигата на шампионите 2016 и финалето на Евро 2016. Heго ќе му се придружат и неговите сонародници, Гери Бесвик и Адам Нун како помошници судии, Стјуарт Атвел како видео асистент судија (ВАР) и Пол Тирни како асистент ВАР. Израелскиот судија Орел Гринфелд ќе служи како четврти судија.

Победник на минатогодишниот Суперкуп беше Ливерпул (победникот од ЛШ), кој издвојува победа над Челзи со 5-4 на пенали (2-2 во регуларно време).

___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

На овогодишниот натпреварот ќе учествуваат:
- германскиот клуб Баерн Минхен (победници во Лигата на шампионите 2019-2020)


Роберт Левандовски ќе се обиде да го предводи освојувачот на тројна титула, Баерн Минхен до уште една титула.
Левандовски беше катализатор на успехот на Баерн во 2019/20. Со 55 погодоци на 46 настапи низ Бундеслигата, ДФБ Купот и УЕФА Лигата на шампионите, тој стана првиот човек кој ја освоил континенталната тројна и завршил како најдобар стрелец во сите три натпреварувања. Капитенот на Полска веднаш излезе од сенката на претходната сезона и во првото коло од новата сезона постигна пенал на историскиот натпревар на клубот од Минхен во Бундеслигата против Шалке. Тој исто така имаше и асистенција за рабона за Томас Милер во победата од 8:0.
Алфонсо Дејвис го пропушти мечот во петокот против Шале како мерка на претпазливост (мускулна повреда), но се очекува Канаѓанецот да биде подготвен да започне повторно на позицијата лев бек во главниот град на Унгарија. Кингсли Коман исто така би можел да се врати на местото на новото засилување Лерој Сане, чиј 73 минутен настап против детскиот клуб Шалке (еден гол и две асистенции) - беше најдолгиот во кој играше на натпреварувачки натпревар од јуни 2019 година.
Баерн стана европски шампион по шести пат, совладувајќи го ПСЖ со 1:0 во август.
Баерн цели кон втор освоен Суперкуп на Европа (првиот го освоија во 2013 година против Челзи). Од актуелните играчи на Баерн само Мануел Ноер, Мартинез, Боатенг, Давид Алаба и Томас Милер играа во таа победа во главниот града на Чешка - Прага.

- шпанскиот клуб Севиља (победници во Лига Европа 2019-2020).


Севиља стана скоро редовен победник во Лига Европа, откако ја освои оваа титула рекордни шест пати во последните 15 години.
Нивниот последен триумф беше против екипата на Интер од Милано со резултат 3:2 на РајнЕнергиСтадион во Келн, откако претходно ги исфрли Рома, Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед на завршниот турнир во Германија. Поранешниот напаѓач на Борусија од Менхенгладбах, Луук де Јонг беше херој на ноќта со два гола во првото полувреме.
Андалузијците оттогаш се засилија со повторно потпишување на поранешниот играч за врска на Барселона, Иван Ракитиќ. Меѓу другите трансфер се Сусо од Милан, Оскар Родригез од Реал Мадрид, левиот бек Маркос Акуња од Спортинг, како и голманот Боно од Гирона.
На Севиља им беше дадена продолжена пауза по победата во Лигата на Европа, што значи дека нивните два натпревари во првенството беа одложени и дека Суперкупот е нивниот прв натпреварувачки натпревар во кампањата 2020/21.

Претходни мечеви помеѓу двете екипи:

Champions League
2017/2018 Quarter-finals Bayern München - Sevilla FC 0:0 (0:0)
2017/2018 Quarter-finals Sevilla FC - Bayern München 1:2 (1:1)​

Поважни статистики пред натпреварот:

- Баерн Минхен е непоразен на последните 31 натпреварi, победувајќи на 30, a постигнал 106 голови.
- Тимот на Ханси Флик стана првиот тим во историјата кој победил на секој натпревар на патот кон освојување на Лигата на шампиони минатата сезона (11 победи).
- Севиља ја има освоено Лига Европа 4 пати во последните 5 учества.
- Последно учество на Севиља во УЕФА Суперкупот беше во 2016 година, кога изгубија 3-2 од Реал Мадрид во продолженијата

Moжни состави:

Баерн: Neuer (c) - Pavard, Süle, Boateng, Davies - Kimmich, Goretzka - Gnabry, Müller, Sane - Lewandowski
Повредени: Nianzou (thigh)
Можни повредени: Alaba (muscular)
Тренер: Hansi Flick

Севиња: Bono - Navas (c), Kounde, Carlos, Escudero - Rakitic, Gudelj, Fernando - Suso, de Jong, Ocampos
Повредени: -
Можни повредени: -
Тренер: Julen Lopetegui
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Убав вовед.
Севиља се незгоден тим поготово ако се потценат, добро избалансиран тим. Цврста одбрана, искусен среден ред, и брзи крила. Ако изиграат 100% Баерн од тоа што го играат би требало да тепаат.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Па и тие троjца што се за Баерн. :D
Џабе што сте повеќе навивачи тука кога екипата ви е срање.
Ова е исто како 100 души да сте во гомна и да се посмевате на тројца што се на суво.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.897
Поени од реакции
16.207
Па и тие троjца што се за Баерн. :D
Стелт напнува за 333 не се секирај :D
Автоматски споено мислење:

Каква Севиља бе не играјте мајтап
 

Kajgana Shop

На врв Bottom