Ѓорѓе Балашевиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Serdarot
  • Време на започнување Време на започнување
Добро како да знам кој ред и кој број на седиште се овие места што подоле на сликата ви ги означив со црвени квадратчиња? :( Никогаш претходно не сум бил во Борис Трајковски, па не можам да се ориентирам... ќе може некој да ми помогне, ве молам?
Screenshot_3.png
 
Прегледај го приврзокот 128752

Многу едноставно, СРЦ Борис Трајковски нема 4 трибини, туку 3, а бината е сместена на оној крај кој нема трибина.

Доколку си сместен на било кое од означените места, ќе бидеш блиску до бината, а над глава ќе ти виси екранот од проекторот.
 
да, да сконтав дека нема 4 трибини ама еве зошто прашувам: Кога одам на купукартизасе, и кликам на пример Б2 или Б14, ме прашува кој ред, а подоцна кое седиште го сакам. Јас би сакал да сум сместен на едно од тие 4 обележани квадратчиња ама не знам дали ред 1 е најгоре (најдалеку од бина) или ред 1 е најдоле (најблиску до бина) ? И после седиште 1 е лево (на мапава) или седиште е десно (на мапава) ? Тоа прашувам...
 
Јас сеуште барам партнер за на концерт, слабо ми оди засега. :cautious:
Ќе оди некој од вас на концерт?
 
КОНЦЕРТОТ НА БАЛАШЕВИЌ, СЕПАК НА 14-ТИ НОЕМВРИ

Почитувани,

Сакаме да ве информираме дека поради техничко логистички причини, датумот за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е префрлен за 14-ти ноември, на иста локација- арената „Борис Трајковски“- Скопје.

ВАЖНО: Сите фанови кои набавиле влезници за 30-ти октомври, истите важат и за новиот датум!

Авалон продукција со огромно задоволство го најавува концертот на легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“, на кој пред македонските обожаватели ќе го претстави својот најнов музички проект. Човекот кој секогаш го распродава апсолутно секој концерт што го работи (инаку Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години и со околу 30 илјади посетители, изби на првото место на интерната листа на Авалон продукција по посетеност, и тоа пред Iron Maiden), повторно после 2 ипол години најавува незаборавно музичко патување со македонската публика.
Последниот музички проект на Балашевиќ наиде на огромно воодушевување секаде каде што тој заедно со неговиот бенд го претстави во изминативе година ипол. Задоволството да уживаат во него досега го имаа загрепчани (пет распродадени концерти во „Ватрослав Лисински“), сараевчани („Зетра“- 20 илјади посетители), жителите на Осијек (10 илјади посетители), Сплит (распродадена Арена еден месец пред концертот)...
Како и за секој голем концерт што го работи Авалон продукција, така и за овој несекојдневен настап на Балашевиќ, билетите беа пуштени во продажба речиси шест месеци пред концертот преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со цени: 900 денари за партер (седење), 700 и 900 денари за трибина (седење) и 1200 денари за „golden seats“.

Ваша,
Авалон продукција
 
Се извинувам за прашувањето, знам оти не е за тука, ама ги има книгите од Балашевич на македонски некој преведено? Не сите, барем една да има?
 
Се извинувам за прашувањето, знам оти не е за тука, ама ги има книгите од Балашевич на македонски некој преведено? Не сите, барем една да има?

На српски можам да ти пратам, македонски нема да најдеш :)
 
прати пп а по библиотекиве ги нема?

Мислам оти воопшто не се преведувани на македонски. Ако грешам нека ме поправи некој. Ама ќе се изгуби сиот шмек дури и да ги има и да ги најдеш на "нашински". Топ се вака на југословенски :)

Пратено пп.
 
Да да, фала во секој случај за испратеното. Ако ги најдеш и другите праќај повторно :)
 
pJhlUQM.png

спремнииии... трет концерт во последниве пет години :) ваљда нема да ме разочара како претходниот пат.... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom