Jax Rebel
Navajo Rider
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5.282
- Поени од реакции
- 2.287
Каде може да ги купам книгите,у Куманово ги нема?
Сега ја читам темава, па да прашам - има и книги од Рани Мраз?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Каде може да ги купам книгите,у Куманово ги нема?
Темава ја видов и морам да пишам, го почитувам човеков неизмерно многу и уживам во неговите текстови...
Прочитав ќе идел во Февруари мислам 12 и 13, два концерта ќе одржи, па на еден од нив сигурно ќе одам, а зошто да не и на двата![]()
Вчера земав карти...
800 денари само за концертот, 1100 е за концертот + филмот.
Карти само за филмот не се продаваат.
На концертот е најавено дека ќе пее 40ина песни, што значи дека ќе трае 3-4 саати сигурно. Истото важи и за филмот.
А кај зема карти, кој продаа? И јеботе, 800. Ме вреѓа бе... Па Таксират со сите имиња беше 800 ебате.![]()
Со сета почит, Стар Почетник, но Таксират (поправи ме ако грешам за оваа информација)
се одржува секоја година, а ова беше прв концерт на Балашевиќ после 4 години.
Толку од мојот одговор до тебе.
Што се однесува до концертот:
Бев, полна сала, и старо и младо, Џоле доаѓа со белата морнарска капа, придружен со морнарите од Панонска Морнарица,
дотерани како морнари, се разбира, 4 саати незаборавна уживанција, и... не ми текнува уште што да додадам бидејќи уште
ми бие адреналинот.
Тоа што го знам е дека не знам како ќе се изначекам уште 4 години до наредниот концерт.
Но Џоле редовно држи концерти во Србија и Хрватска, еве баш во 2009 и 2010 ги има одржано еден
на пролет и уште еден на есен и во двете држави, па ако стојам добро финансиски и ако дознаам за концерт
на Џоле во Србија или Хрватска, без никакво двоумење ќе одам.
Прифаќам, но имам коментар, ако дозволиш...
Поправи ме ако грешам, ама ти не си бил на концерт на Балашевиќ, а ова ти е прв. Инаку, доаѓа по пауза од 6 или 7 години, така нешто беше, а ќе дојде пак, кога ќе биде сигурен дека ќе профитира добро.
како и да е... концертот за мене беше супер со оглед на тоа што го чекав од средно некаде... једино од тој нивни блок 6 и не се гледаше баш најубаво
, право да ти кажам и мене малку
навредливо ми делува тоа неговото "Околу 98% од Македонците подобро пеат од мене", кое го кажува не само на концерти
во Македонија, туку и на други концерти.
Индиректно го разбирам како навреда од типот:
"Први куртуливте од Југославија, а сега први плачете по југоносталгичари како мене".
Да, концертот беше супер, но и јас забележав дека концертот беше повеќе од комерцијален карактер, .
Баш мислам дека беше искрен кога кажа сите во Југославија си беа познати по различни карактери: Некои се темпераментни, некои се караа, а вие Македонци вие сте премногу добри, а тоа е лошо. Очекуваш дека цариникот ќе биде намргуден а тој ти вика па кај си бе Џоле... Премногу сте добри Македонци го повтори неколку пати и баш имав впечаток дека е среќен што е тука,наместо затоа што сме му недостигале, затоа што сме добрите јужњаци, или затоа што нас не сакал најмногу.
За ова воопшто не се согласувам, со тоа дека 98 посто од Македонците пеат подобро од него, алудираше на тоа дека сме музикален народ, што секој што доаѓа од бившите простори тоа го вели. Од времето на Југославија е останата изреката: Ако одиш во Босна немој да пееш, ќе бидеш натпеан, ако одиш во Србија немој да играш ќе бидеш надигран, ако одиш во Македонија немој ни да пееш ни да играш, затоа што и децата таму ќе те надиграат и натпеат. Воопшто не беше навреда - беше комплимент.
Друго, самиот кажа, не знам дали го чу дека во Универзална сала било поинтимно, али шта је ту је и дека се надева дека и овој концерт ќе биде одличен.
Трето, Баш мислам дека беше искрен кога кажа сите во Југославија си беа познати по различни карактери: Некои се темпераментни, некои се караа, а вие Македонци вие сте премногу добри, а тоа е лошо. Очекуваш дека цариникот ќе биде намргуден а тој ти вика па кај си бе Џоле... Премногу сте добри Македонци го повтори неколку пати и баш имав впечаток дека е среќен што е тука,
И не е само желбата на изведувачот да дојде, треба некој и да организира, верувам дека порано да го викнел некој да дојде - би дошол.
Концертот не беше направен ради реда, Ѓорѓе пееше со премногу емоции, целиот концерт беше премногу емотивен, а тоа не можеш да го правиш, ако го правиш ради реда. Во нештата кои се прават ради реда, не може да внесеш емоции, затоа што ти е сеедно за нив, а не беше тоа случај кај Ѓорѓе.
Барем тоа е моето мислење.![]()