Лепа села лепо горе

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
А каде спомнав јас дека е комедија или слично? :wink: Едноставно многу ја сакам таа тематика, ме интересираат тие работи од тој временски период и сакам да го гледам.

Нема да згрешиш, многу добар филм, многу поразлично направен од вообичаените воени филмови, многу антологиски коментари во текот на филмот...
 
Српските филмови се едни од најдобрите и јас имам голем респект за српските глумци, филмови, серии можеби дека имам некое српско потекло.

Лошо е што премногу кај нас екс ју регионот на тв се репризираат овие филмови но добро од една страна тоа е за да ги видат и други генерации тие филмови.

Лепа села лепо горе е култен филм со сите најдобри глумци на едно место. Се паметат реплики,црн хумор кој го прави поинтересен филмот.
 
Култен филм, еден од најдобрите српски, и можеби најдобриот филм за војната во Босна. Останати ми се од филмов еден куп легендарни реплики, сцени и ликови.

Имам читано дека ова е единствен филм во историјата чија приказна е за војна која за време на снимањето се уште е во тек. На моменти било ептен тешко и мачно снимањето. Е сега може малце е контроверзен пошто ја прикажува војната од српска перспектива, ама јас не би рекол дека е националистички. Многу добро е прикажан хоророт и страдањето од војната. Мене ми се допаѓа тоа што е прикажано како сите ликови имаат различен мотив да учествуваат во војната. Така е реално кај секоја војна во историјата...

За мене ова е најдобар филм на Драгојевиќ. Ране е многу попознат, ама јас секогаш сум го сметал за преценет и погрешно разбран филм.
 
Националистички е ако не го догледаш до крај. Истата приказна е и со "Ране". Филмовите се критика на српското општество, ама беа поприлично погрешно сфатени. Интересно е што меѓу другите финансиери, главен финансиер на филмот е српската држава во времето на Слобо, а баш српските борци се прикажани како силеџии, крадци, криминалци и губитници на крај.

Ете Манда почина лани и Бата пред него, а најфрапантен податок ми е дека Драган Максимовиќ, една од главните улоги во филмот, (заглавен во тунелот), во 2000-та година е претепан на улица од навивачи на фудбалскиот клуб Рад, кои мислеле дека е циган и неколку месеци подоцна починал од последиците на тепањето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom