Прогнозирам финале идентично на ланското,во кое се надевам како победник ќе излезе Суидад Реал.Сепак очекувам интересни и неизвесни дуели и во двете полуфинални средби.
Што се однесува до ростерот на Суидад,имаат еден куп на квалитетни и разновидни играчи.Крило како Абало,како бекови тука се и Рутенка,Фернандез,Стефансон,Метличиќ,Ентрериос,зверски пивотмени како што се и Динарт и Лаен,за голман од рангот на Штербик не требаат ни зборови.Ланските четириесет и една одбрана во двобојот од финалето со Кил говорат се.Исто и Кил располага со феномални играчи,да не ги повторувам пак нивните имиња кои сите ги знаеме.
Така да не прејудицирате со имињата на играчите на Кил и Суидад.Се знае таму игра европскиот шлаг и во такви дуели одлучуваат детали.Јас се надевам на реприза на ланското финале,до кое сепак треба да почекаме,бидејќи ништо не се знае,иако како што кажав мои фаворити во двата дуела се Кил и Суидад.