Точно така
Кил е под истрага за наместени меѓународни натпревари
За ставот дека ловен ќе му земе на кил некој играч е последица од договорите кој Нока ги прави со Раи-Некар за ова лето да застане на нивната клупа како менаџер, а со тоа и играчите како карабатич и компанија кои цела своја кариера му ја должат нему би поминале во раи-некар...
Карабатич имаше дадено изјава(ќе се потрудам да ја најдам)каде што вели дека во неговиот договор со Кил стоело дека Нока ќе му биде тренер до 2013 год. Лично ја оправдувам неговата изјава, бидејки играта која сега ја игра Кил, е резултат на долгогодишната работа на Звонимир Сердарушич - Нока...
На сето ова кога ќе се додаде и скандалот за наместени натпревари, каде еден од оние кој го потегнаа оваа обвинение е самиот Нока, тогаш остануваат многу неразјансети работи...останува да видиме што ќе одлучат челниците на ЕХФ, дотогаш не верувам дека “машинеријата“ на Кил ќе запне некаде