THW Kiel - Zagreb 31 : 27
Сосема очекувано. Иаку не играше Кил на ниво на задачата Омејер се погрижи малку повеке со неговите 13 интервенции кои вредеа како злато во тој дуел, али нашиов Лазаров немилосреден. Натпреварот беше динамичен многу брзина во играта. Ете АцеМаус што го фалиш Балич, го гледа на тој меч, паднат никаде го немаше. Најефикасени кај германците беа Јиха и Клеин со по 6 гола, Алм постига 5 а Карабатич 4 гола. Слабо издание имаше и Андерсон само 2 гола. Од Кил можам да го пофалам и Кавтичник убаво изигра. Од друга страна најефикасен кај Загреб беше нашиов Кире Лазаорв со 7 гола, и со тоа го завршува борењето за првото место на стрелците. Лазаров има 93 гола во моментов и е прв стрелец во ЛШ, додека втор е Вуин од Весперм со 89 гола и тој го завршу натпреварувањето во ЛШ, а додека трет е Јиха со 76 гола, а Кил отиде понатака, значи предноста е таа во однос на стрелците. Кај Загреб Валчич постигна 6 гола, а слабо издание имаше и Вори кој имаше само 2 гола и 2 исклучувања.
MKB Veszprém KC - BM Ciudad Real 31 : 29
Победа на Весперм ама не доволна за да одат во полуфиналето, Суидат тоа и го чекаше не голем пораз од Весперм за да одат без проблеми. Блескаше Вујин со 11 гола од Весперм ама не беше доволно да го совладат Суидат за да одат понатаму. Кај Весперм и Перез беше разигран кој постигна 8 гола. Со 2 играчи ништо не се прави во ракометот и тука се гледе колку се играле. Од друга страна кај Суидат најефикасни беа Фернандез и Рутенка постигнаа по 6 гола а 5 гола постигна Абало.
HSV Hamburg - SG Flensburg-Handewitt 29:31
Германски дуел, сосема интересен. И Хамбургер и Фленсбург победија на гостински терен а загубија на домашен. Разликата беше за само 1 гол разлика во полза на Хамбург, немаше да беше лошо и Фленсубрг да одите понатака. Во тимот на Хамбургер скоро сите беа разиграни од кој најдобар беше Бертнанд Жил кој постигна 7 гола и имаше 1 исклучување. Јансен, Лацкович и Лијевски постигнаа по 5 гола а по 3 постигнаа Жил и Линдберг. Од друга страна во тимот на Фленсубр кој славеше недоволно на гостински терен беше Карлен со 10 гола кој и имаше 2 исклучувања, а 6 гола постигна Хансен. Најдоброто крило во светот Кристијансен постигна само 3 гола.
Rhein-Neckar Löwen - Chehovskie Medvedi 36 : 28
Натпреварот кој го посакував, кој навивав страшно за Ловен, БРАВО ЗА НИХ. Едноставно ги прегазија на Русите. Да почнам со добрата игра на Ловен и најдобриот стрелец на мечот за них беше Јурашик со 9 гола. Фантастичен меч за Јурашик убаво изигра и сосема го реши натпреварот. Покрај него беа и Сигурдсон и Геншеимер со по 7 гола. Од друга страна кој ако не Игропуло постигна 8 гола, му правеа друштво Чипурин и Ковалев со по 5 гола. Слабо издание на Дибиров, само 1 гол, кој имаше и едно исклучување.
Еве ја листата на стрелците до првите 10:
1. Кирил Лазаров 93 гола.
2. Марко Вујин 89 гола.
3. Филип Јиха 76 гола.
4. Ларс Кристијансен 73 гола.
5. Фредрик Петерсен 70 гола.
6. Филип Џан 69 гола.
7. Константин Игропуло 68 гола.
8. Андерс Кристијанесн 65 гола.
9. Гудјон Сигурдсон 63 гола.
10. Тимур Дибиров 62 гола.