2005-та успешна за Македонците надвор од земјава

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Регистрацијата на македонската партија во Албанија и пресудите на Судот за човекови права во Стразбур во корист на Македонците во Грција, Бугарија, како и извештаите на неколку европски институции во кои се зборува за прекршување на правата на македонското малцинство ја прават 2005-та успешна за деловите од македонскиот народ вон границите на земјава.

Нивните претставници велат дека има уште многу работа за Македонците во соседството да можат слободно да ги уживаат правата во областа на образованието, јазикот и култура, но се согласуваат дека минатата година конечно и меѓународните институции, но и дел јавноста прифатија дека Македонците мора да ги добијат сите права согласно меѓународните стандарди.

„Со учество во политичка партија ќе одиме со наш пратеник во Парламентот и ќе побараме враќање на националноста Македонци во другите делови каде што живеат Македонци, отворање училишта на мајчин македонски јазик во руралните средини, па потоа и ширум Албанија барање за паралелки за изучување на македонскиот јазик“, изјави Ефтим Митревски, Македонска алијанса за европска интеграција.

„Она што ние бараме како политички субјект е да се имплементираат и во Грција, една европска држава, сите меѓународни стандарди и конвенции кога станува збор не само за македонското малцинство, туку и за другите малцинства во Грција, било во полето на образованието, на религијата, на културата“, рече Павле Воскопулос, „Виножито“.

Иако во постојан контакт со официјално Скопје, досега Македонците во регионов не се задоволни со она што матичната држава го прави за нив. Европските искуства велат дека грижата е право, но и обврска на секоја држава.

„Не можете начинот на кој ги следите овие цели да го изедначите со останатите цели од надворешната политика, затоа што човековите права не трпат компромис, особено на меѓународен план“, вели Ѕвонимир Јанкуловски, универзитетски професор.

„Можеби најдобрата дефиниција за бескомпромисно следење на концептот на правата во надворешната политика, тоа е изјавата што ја има дадено Медлин Олбрајт во ОН кога беше амбасадор во контекст на тоа дека со човековите права не можете да правите компромис, затоа што правите компромис со човечки судбини, со човечки животи“, додаде Јанкуловски.

Пресудите со кои Судот за човекови права во Стразбур им налага на Бугарија и Грција да не ги спречуваат Македонците да ги изразуваат своите национални чувства се обврзни за државите. Земјите на кои се однесуваат пресудите се под контрола на судот.

„Тие држави се во обврска да ја исполнат оидлуката врз основа на пресудата што е донесена. Во самата пресуда можат да се извлечат начини на извршување, а тоа е под контрола на Комитетот на министри“, изјави Маргарита Цаца Николовска, судија во Судот за човекови права во Стразбур.

За Македонците во Србија 2005-та ќе биде запаметена по скромниот народен собир организиран на Илинден во Белград. Тие не сакаа дојдат на „Прохор Пчињски“ од страв дека со тоа ќе ги нарушат односите со своите српски сограѓани.

За разлика од Хрватска која пред неколку дена донесе одлука македонските ученици во Хрватска да можат да учат на свој мајчин јазик, во сите други земји од соседството овие права се лимитирани или воопшто не постојат.
 
Член од
17 септември 2005
Мислења
305
Поени од реакции
0
Macedalien напиша:
во сите други земји од соседството овие права се лимитирани или воопшто не постојат.
Това е безсрамна лага.
Правото да се учи на маjчин jaзик во Пиринска Македониja никогаш не е било лимитирано, на маjчин jазик се учи уште од турско време, преди Екзархиjaта, та до ден денешен.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Znaci onie od Strazbur "pijat mastilo" i pojma nemaat koga ja opomenuvaat Bukarija.
 
Член од
17 септември 2005
Мислења
305
Поени од реакции
0
ABC напиша:
Znaci onie od Strazbur "pijat mastilo" i pojma nemaat koga ja opomenuvaat Bukarija.
oние од Страрбург са неколко души, а како них да има 700-800 во цела Пиринска Македониja. Си ja читал пресудата од Страсбург ? Tам пишува и какво е нивното влиjaние.
И "Радко" е во Страсбург, македонскиот суд им забрани здружението како бугарско
 

Kajgana Shop

На врв Bottom