Книги кои НЕ би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Шагринска Кожа-Оноре Де Балзак
попусто потрошени листови и мастило.

"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:
и двете се многу добри книги но очигледно вие не сте ги сфатиле , така да само сте изгубиле на време :toe:
 
"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:
И баба ти на времето зборувала така, затоа имај малку почит, ти цивилизирано суштество ниедно
 
Не знам во последно време, не сум наишол на нешто многу ептен лошо, ама има една на која се сеќавам уште кога ја читав пред две години - Целестинското пророштво.
Сфаќам дека е многу популарна, преведувана и препрочитувана книга и многу пофалувана и затоа сфаќам дека е до мене, многу ми беше глупава. Само еден дел ми беше океј од книгата, друго ништо. Почетокот некако ветуваше исто така, ама понатака?... Потоа разбрав дека постои и Десеттиот увид, не се обидов да почнам да ја читам:toe:
 
Ерагон. Крадено од се и сешто, од Star Wars до Lord of the Rings . Не вреди ни за хартијата на која е испринтано, камоли да се купи.
 
Џејмс Патерсон - прв за Умирање
идејата на овој роман е добра, но некако не е добро напишана книгава или пак преводот на македонски е катастрофа.
 
"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:
Се надевам дека деновиве ке се вратиш и ке си го препрочиташ мислењево.
Да кажеш дека никој не би требало ова дело да го прочита е рамно на глупост и негација.Најверојатно не си ни навлегла аналитички во она што ова дело претставува.НЕ е љубовна шпанска серија , се случува многу , на еден реалистичен ,субјективен начин е претставен животот и битот на нашиот народ од еден временски период. Сите обичаи , култни верувања , митски белези се срочени во делото. Има многу поучна страна , но за жал не си ја увидела.

ПС Двете изданија кои јас ги имам прочитано имаат речник вклучено во делото
 
"Крпен живот" никако не би ја препорачала. Но ако некогаш ви се најде во раце, земете си турски речник, и баб ви или дедо ви до вас. Ке ви треба преведувач дефинитивно! А и плус тоа ништо посебно не се случува, нешто како шпанска серија од старо време( ама 1000 помалку интересно).:toe:

Ако во Крпен Живот ништо не се случува, не знам кај се случува.
 
Маркиз де Сад.. 120 дена Содома. Е не можев да ја дочитам, се откажав на почеток, ме фати мачнина кога се затворија на 120 дена. Не можев да најдам причина зошто да вложам еден тон концентрација и напор за да ја дочитам. Што ќе добијам? Ене ја ми седи дома 9 години на полица, човекот од кого ја позајмив не ја сака назад да му ја вратам.
 
Јас на никој нема да му ги препорачам книгите, на Ог Мандино, многу глупава филозофија, книга која изгледа како тешка филозофија меѓутоа е само изџвакана книга, без никаква поента и суштина, книга само за да се продава никаква уметност немам видено во ни една од книгите, имам две прочитано и претпоставувам и другите се исти како нив.
 
Никому, дури ни на Викторг, не би му ги препорачал книгиве:

Arnold Schwarzenegger: Man of Action - Daniel Bial

Let’s Talk About Adoption - Klibanoff

Let’s Talk about S-E-X, A read and discuss guide for people 9-12 and their parents - Gitchel and Foster

Schizophrenia: Losing Touch with Reality, Encyclopedia of Psychological Disorder

Let’s Talk About When You Think Nobody Likes You - Melanie Ann Apel

How Much is Too Much? The Effects of Social Drinking - Leonard Gross
 
Во основа не препорачувам „fast food“ литература, која нуди некакви евтини филозофии, или открива не знам какви тајни и мистерии и за која оддалеку се гледа дека е наменета за ефтина забава и брза заработувачка, а притоа милиони медиокритети ја голтаат со бескрајна сериозност и воодушевување.
 
Не знам во последно време, не сум наишол на нешто многу ептен лошо, ама има една на која се сеќавам уште кога ја читав пред две години - Целестинското пророштво.
Сфаќам дека е многу популарна, преведувана и препрочитувана книга и многу пофалувана и затоа сфаќам дека е до мене, многу ми беше глупава. Само еден дел ми беше океј од книгата, друго ништо. Почетокот некако ветуваше исто така, ама понатака?... Потоа разбрав дека постои и Десеттиот увид, не се обидов да почнам да ја читам:toe:

Истото и мене ми се случи ... 500 луѓе ми ја препорачаја и на крајо ко ја прочитав скоро и да се разочарав :) И не ни се обидов да го побарам десеттиот увид...
Сите кажуваат како им помогнала книгата ... си го подобриле животот бла бла
Обично ме нервираат такви книги .. ми изгледаат како обична евтина политичка програма на денешните партии ... :toe:
 
Исто така не ја препорачувам ни книгата Петтемина што ги среќаваш во рајот. Подосадна ја нема и на крај пак ништо не сфатив.


Здраво!
Проблемот е во книгата или во вашата концентрација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom