1TV.mk (национална и интернет телевизија)

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.516
Од тие 3-4 асални работи кои ги напишав да ги има на телевизиите се овие:
Канал 5: 1. Зевзекманија, 2. Еден на еден со Жарко, 3. Фчерашни новости, е да, народов го фати депресија и криза па не знае и хумор и сатира да ги прифати на прав начин како порано.
Сител: 1. е тука само што имаат утринска програма на ниво секако пред да дојде делот кога почнуваат да се јавуваат гледачи на телефон и да коментираат се и сешто во она на дневен ред, посебно ми се допаѓа што прават репортажи од живописните но напуштени села ширум државата во рамките на утринската програма, 2. Народни приказни исто би ги издвоил. Им фали кога се фалат дека се најпопуларна тв да пуштаат во нормален прајм тајм термин амерички филмови и серии, и врвен квиз, пример ХРТ во Хрватска од Септември повторно ќе го емитува Кој сака да биде Милионер со водителот Тарик Филиповиќ. Треба да се престане со форсирање на здодевното шоу со кутиите и со Лила, и да се понуди нешто поинакво.
МРТ: кај овие само временската прогноза им е врв на програмата, и репризирање на Преспав. Пуштаат во прајм тајм амерички филмови што е позитивно.
Телма: 1. Имаат најобјективни вести и метео прогноза. Добар е проект емисијата Код, но лошо што се дава во Недела кога треба да има релаксирачка програма и попрво би гледал Еден на еден со Жаре отколку Код. 2. Даваат солидни играни филмови, но се е тоа џабе кога немаат добра интернет страница на која би имало распоред на тв програма и филмови за неколку денови однапред па мора постојано да се следи нивната телевизија. 3. Даваа и тие минатото домашни тв серии што е за пофалба имаше кратко помрднување од место на пазарот.
Тв 24: 1. Патот до успехот со Мишко е супер проект. 2. Формула 1 иако ја има и на Спорт клуб. 3. Прават солидни дебатни емисии од типот на отворено студио. 4. Даваа руски хумор серии Кујна и хотел Елеон кој ги гледал знае дека се добри серии.
Алфа: Овие се дно дна. Дури и даваат српски риалити емисии, дно од телевизија, овие треба да добијат клуч на врата. Едино што на некој може да задржи внимание в со Ефтов но и таму често има гости кои тропаат, сеат црни сценарија и негативна енергија, човек добива впечаток дека ќе има кај нас катаклизма по она што го зборуваат некои гости во таа емисија. Инаку како и што напишав не преферирам во Недела да гледам политички емисии и во центар ако ја погледнам некоја емисија на интернет. Оваа емисија треба да оди во работен ден, како што одамна на почетоците оваа емисија се појави на Канал 5 и одеше во Понеделниците, тоа кој памети памети.
Алсат - М: оваа ја немам кај мене на мојоо кабловски оператор па немам мислење.


Ова се тие работи што ги следам на телевизиите од државава редовно. Кога ќе се погледне ова се работи кои можат да ги покријат две приватни телевизии.
Треба како што во Хрватска има само две приватни телевизии на национално ниво така и кај нас е сосема доволно да има две приватни како некогаш А1 и Сител. Размислуваа Хрватите да доделат и уште една концесија на приватна тв станица но увидоа дека со тоа воопшто нема да имаат квалитет и се откажаа, размислуваа на Мрежа телевизија да дадат национална концесија но паметно што се откажаа, Мрежа тв е телевизија која има локален сигнал во неколку градови во Хрватска.
Според мене подобро да има помалку приватни тв со национална концесија, и да имаат квалитет, отколку кај нас 5-6 телевизии и слаб квалитет.
2004 година кога се доделија национални концесии на неколку телевизии имаше логика, имаа тогаш странски фудбалски првенства, странски западни серии и филмови, денес кога нема логика јас би одземал лиценци.
Па да со ова што напиша можам да се согласам дека вреди да се погледне освен ФН и Преспав.Мене барем лично овие два проекта ми се вештачки.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Oвие не знаат што прават, нели ќе беше крај ? :icon_lol: Еве ги пак некаква програма во живо имаат. Ордановски на вести.
 
Член од
5 јули 2019
Мислења
12
Поени од реакции
9
Неотел веќе и пресудиле на телевизијава, ја исклучиле од каналите, а први ја ставија...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
1ТВ не работи повеќе? Долу се гледа тв распоред као одат емисии ама екранот е мрак. Или и од вип ја исклучиле?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
1ТВ не работи повеќе? Долу се гледа тв распоред као одат емисии ама екранот е мрак. Или и од вип ја исклучиле?
И на Македонски Телеком MaxTV не работи.

Реално и нема потреба да работи ако пуштаат репризи од емисии, серии, филмови по цел ден. Тие останатите во 1тв нека си најдат работа во други телевизии.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Чомовски го изгасна светлото на заминување?
Од новинари нема никој сигурно пола месец и повеќе, се беше во програмата репризи. До сега останале само од режија да пуштаат нешто или да се намести плејлиста цел ден што да врти.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Од новинари нема никој сигурно пола месец, се беше репризи. Останале само од режија да пуштаат нешто или да се намести плејлиста цел ден што да врти.
Ако вртат маратони Жикина Династија може да ги гледам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom