1TV.mk (национална и интернет телевизија)

Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
Леле, паника, без работа ќе останеле вработените. Според капацитетот на „бардовите“ Сергеј, Фаци, она девојчето со провинциска дикција, оној дечкото уфилман, оној што порно глумицата го стави в џеб може комотно да испратат ЦВ во фабриката за кабли.

Најсмешни ми се другите бардови што се умишљаат дека се истражувачки новинари или оние кои дури сега почнаа да се прашуваат од каде му се парите на Боки за телевизија.
А за оној бисерот од времеската прогноза шо ќе кажеш?:D
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Клетвата на каналот 6 од Близу пак удира по жртвата ....

Сеат Кочан беше прв, па сеа Бокица .....

Зачарани Круг :gjavol:
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
188
Поени од реакции
533
Шуќур ,ова зло од ТВ што ги собра сите антипатични и одвратни ликови што сите на куп пропагираа содома и гомора тип на вредности уз сељачизам,све се мислев кога ќе го снема...и ете, дојде и тој ден...идам зијам од фрижидер пиво сеа у оваа чест.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Кој и да се вработени, какви и да се, имаат фамилии и може од тука за леб зимаат. На никого не му се посакува да остане без работа. Каква и да била телевизијава 10-20 фамилии (независно од „шефовите“) имале плата. (најмалку се виновни луѓето од техника на пример)
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Зрачи од батхртизам напишаното, треба да проба барем малку да излезе од шупакот на Боки тој што го пишувал (ништо чудно да е Чомовски :icon_lol:).
 
Многу си далеку со констатацијата...само независно од овој случај никад не можам доволно да се изначудам колку народов едвај чека сеир да фати...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кој и да се вработени, какви и да се, имаат фамилии и може од тука за леб зимаат. На никого не му се посакува да остане без работа. Каква и да била телевизијава 10-20 фамилии (независно од „шефовите“) имале плата. (најмалку се виновни луѓето од техника на пример)
Со такви skills, како техника, камера, одма ќе најдеш работа во вукојебинава :) колку и да е чудно, дури можеш и да си бираш. Нека му ја мислат квази новинарчињата креатори на лажна авангарда.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337
Ај да не отварате новинарот е Дамјан Варошлија на Сергеј брат му.

До "вчера" си се поштуваа сите во 1тв ама после ситуацијава со Боки и рекетот ќе се изедат меѓусебно.
тој дамјан изгледа го има пишувано текстов, не ми делува како он да е некој новинар кој што знае нешто
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Со такви skills, како техника, камера, одма ќе најдеш работа во вукојебинава :) колку и да е чудно, дури можеш и да си бираш. Нека му ја мислат квази новинарчињата креатори на лажна авангарда.
Не знам баш..другаров долго работеше како техничко лице по телевизииве и покрај тоа што се технички спремни катастрофално ги плаќаат. Можеби последнива година нешто се сменило. Како и да е, не сум присталица на сеири.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Многу си далеку со констатацијата...само независно од овој случај никад не можам доволно да се изначудам колку народов едвај чека сеир да фати...
Јас не видов дека останаа на улица вработените во ТВ Нова која на сличен начин пропадна после една година од оформувањето, ни па тие од А1 пред 10 години. А за сеирот, па нормално деќа ќе се фаќа сеир кога со цел памет ставиле таков текст, толку комплекси истурени на едно место одамна немам видено. Никаде не фаќам сеир за луѓето што потенцијално ќе останат без работа.
А пак тотално друг муабет е како се дозволува туку така секоја будала да отвори национална телевизија и да пласира секакви гомнарии и само да ги плати казните што ќе му стигнат од оние АЕК дебилине и никому ништо. Ама ај, досадно е веќе истото да се повторува за секоја гранка во општествово.
 
Ова е коректно и точно мислење. Почитувам..
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Премногу телевизии во државава има.
На медиумскиот т.е тв пазар му е потребна сериозна чистка.

Од сите национални тв станици на секоја да има по 3-4 асални добри работи за гледање и тука завршува приказната. 80% од содржината на сите телевизии не вреди да се коментира.
Барем да беше соодносот 50-50 на квалитетни и убави содржини со оние бљувотините ајде некако, ама 20% солидни ствари со 80 % бљувотини на телевизиите е премногу.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154

Која солидна ствар ја има на нашиве телевизии?
Не памтам кога последен пат сум погледнал половина саат од програмата на нашите телевизии освен ако не даваат случајно некој македонски филм кој одамна не сум го гледал или пак некоја стара македонска емисија на собраниски.
 
Од тие 3-4 асални работи кои ги напишав да ги има на телевизиите се овие:
Канал 5: 1. Зевзекманија, 2. Еден на еден со Жарко, 3. Фчерашни новости, е да, народов го фати депресија и криза па не знае и хумор и сатира да ги прифати на прав начин како порано.
Сител: 1. е тука само што имаат утринска програма на ниво секако пред да дојде делот кога почнуваат да се јавуваат гледачи на телефон и да коментираат се и сешто во она на дневен ред, посебно ми се допаѓа што прават репортажи од живописните но напуштени села ширум државата во рамките на утринската програма, 2. Народни приказни исто би ги издвоил. Им фали кога се фалат дека се најпопуларна тв да пуштаат во нормален прајм тајм термин амерички филмови и серии, и врвен квиз, пример ХРТ во Хрватска од Септември повторно ќе го емитува Кој сака да биде Милионер со водителот Тарик Филиповиќ. Треба да се престане со форсирање на здодевното шоу со кутиите и со Лила, и да се понуди нешто поинакво.
МРТ: кај овие само временската прогноза им е врв на програмата, и репризирање на Преспав. Пуштаат во прајм тајм амерички филмови што е позитивно.
Телма: 1. Имаат најобјективни вести и метео прогноза. Добар е проект емисијата Код, но лошо што се дава во Недела кога треба да има релаксирачка програма и попрво би гледал Еден на еден со Жаре отколку Код. 2. Даваат солидни играни филмови, но се е тоа џабе кога немаат добра интернет страница на која би имало распоред на тв програма и филмови за неколку денови однапред па мора постојано да се следи нивната телевизија. 3. Даваа и тие минатото домашни тв серии што е за пофалба имаше кратко помрднување од место на пазарот.
Тв 24: 1. Патот до успехот со Мишко е супер проект. 2. Формула 1 иако ја има и на Спорт клуб. 3. Прават солидни дебатни емисии од типот на отворено студио. 4. Даваа руски хумор серии Кујна и хотел Елеон кој ги гледал знае дека се добри серии.
Алфа: Овие се дно дна. Дури и даваат српски риалити емисии, дно од телевизија, овие треба да добијат клуч на врата. Едино што на некој може да задржи внимание в со Ефтов но и таму често има гости кои тропаат, сеат црни сценарија и негативна енергија, човек добива впечаток дека ќе има кај нас катаклизма по она што го зборуваат некои гости во таа емисија. Инаку како и што напишав не преферирам во Недела да гледам политички емисии и во центар ако ја погледнам некоја емисија на интернет. Оваа емисија треба да оди во работен ден, како што одамна на почетоците оваа емисија се појави на Канал 5 и одеше во Понеделниците, тоа кој памети памети.
Алсат - М: оваа ја немам кај мене на мојоо кабловски оператор па немам мислење.

Ова се тие работи што ги следам на телевизиите од државава редовно. Кога ќе се погледне ова се работи кои можат да ги покријат две приватни телевизии.
Треба како што во Хрватска има само две приватни телевизии на национално ниво така и кај нас е сосема доволно да има две приватни како некогаш А1 и Сител. Размислуваа Хрватите да доделат и уште една концесија на приватна тв станица но увидоа дека со тоа воопшто нема да имаат квалитет и се откажаа, размислуваа на Мрежа телевизија да дадат национална концесија но паметно што се откажаа, Мрежа тв е телевизија која има локален сигнал во неколку градови во Хрватска.
Според мене подобро да има помалку приватни тв со национална концесија, и да имаат квалитет, отколку кај нас 5-6 телевизии и слаб квалитет.
2004 година кога се доделија национални концесии на неколку телевизии имаше логика, имаа тогаш странски фудбалски првенства, странски западни серии и филмови, денес кога нема логика јас би одземал лиценци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom