Се пронаоѓам во темава.. и јас би сакал да го споделам мојот проблем со вас.. значи вака.. имам 17 години и имам сериозен проблем со потењето.. но моево потење е локализирано значи се случува само кај дланките, стапалата и под пазувите. Имам читано доста за болеста - Хиперхидроза и сум сигурен дека боледувам од оваа болест. Колку што успеав да прочитам и да дознаам мојава Хиперхидроза е Фокална бидејќи се јавува на одредени делови од телото т.е дланките, пазувите и стапалата. Без разлика кое годишно време е моево потење не запира и ми предизвикува навистина многу проблеми. Додека сум со моите другари никогаш не можам да бидам опуштен поради оваа потење..не можам да се ракувам со никого од срам. Раскинав со мојата девојка поради овој проблем. Никогаш не ја фаќав за рака поради потењето, беше многу незгодно кога таа ми подаваше рака.. Ова премногу ме иритира. Интересно е тоа што кога сум дома на пример сега во моментот не се потам.. Но кога ќе помислам дека треба да се оди на училиште или да одиме во некој кафич или диско со другарите..потењето ќе почне само што ќе излезам надвор и ќе почнам да одам. Значи и кога е зима ми се случува истото само што не е толку изразено но сепак повторно иритира и нервира и неможам да воспоставам нормален живот поради оваа потење. Всушност овој профил на кајгана си го направив само за да ја споделам оваа болест со вас бидејќи ја најдов оваа тема отворена овде. Им имам кажано само на моите родители за потењето, но тие не ме сфаќаат озбилно и не сакаат да превземат ништо за лекување. Како и да е некогаш јас самоиот кога ќе бидам полнолетен ќе се консултирам со лекари и ќе одам на лекување ако дотогаш не најдам некој лек за ова. Уф..сум напишал цел реферат.. нема повеќе да пишувам, а има уште многу да се каже.. од вас само ќе побарам помош доколку можете да ми помогнете некако и да споделите некој лек со мене кој што ви помогнал на вас против потењето.
Ви благодарам