Кампања: Да користиме МАКЕДОНСКИ зборови и термини!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
јас мислам кога би почнале од себе, се би било подобро...:kafe:
zborihd3.jpg


во ред ви е сликава?

Не се грижи ти за мене, или се вклучуваш, или не. Цинизмот поттроши си го на темата за охридскиот туризам, па врати се назад.

ЗБОРАМ, ЗБОРИ
ЗБОРУВАМ, ЗБОРУВА
 
Ми пукна федерфуфната тука доле лево до цинцилаторот...

Глупости. Говорете македонски демек? Од кога е навредливо за својот сопствен јазик да користиш интернационализми? Од кога па е навредливо да користиш турцизми, кога самите турцизми не потсетуваат на турската окупација и нивното влијание во нашата култура?? Со пљукање по турцизмите, пљукаме по историја. Ама нејсе, ете имало попаметни, па сега јас ќе си го исклучам сметачот дека половиот орган ме заболе од вакви квази-патриотски-не-водат-никаде-муабети.

Македонскиот е сепак јазик официјален во државата каде што јас живеам, нели? Или и ти имаш став дека албанците немаат никакво право во оваа држава, без разлика дали се зборува за јазик, историја, име, па макар било и форумска дискусија? :)


П.С

Тангира не е македонски збор.
Касапи не е македонски збор.

rymz гледам нешто сабајлево на лева нога си станат. Како и да е, во основа поентата на темава е да почнеме повеќе да ги користиме и македонските зборови кои веќе постојат за некои други кои потекнуваат од друг јазик и кои премногу се користат за разлика од македонските. Значи не станува збор само македонските зборови да ги користиме, туку да не претеруваме со странските со што би ги истиснале тотално македонските од употреба а со тоа и би го намалиле богатството на македонски зборови.

Тангира во основа мислам дека е македонска или балканска кованица, бидејќи зборот го нема ни во англиски ни во германски, и истиот збор потекнува од геометрискиот елемент наречен тангента кој како збор потекнува од антиката и нема замена за него.

Џену грл, Блутут (Bluetooth) неможеш да го преведеш односно воопшто неможеш ни да имаш свој збор за тој вид на размена на податоци бидејќи замиот збор е помлад од тебе и како и сите други специфични имиња на посложени електроуреди многу е поедноставно и попрактично да се користи краткиот збор отколку ред од зборови кои ја објаснуваат неговата функција.

Јас дома имам еден огромен речник на странски зборови, ама не сум дома да го отворам и да барам странски зборови со македонски синоними.
Инаку темава треба во основа да биде со давање на примери на странски зборови за кои имаме и македонски збор, а не да за препукување во однос на патриотизми, и борба на нечии идеали бидејќи ја уништувате идејата за темата, која малку беше пренапумпана од страна на трнот.
Едноставно ако ви текне широко користен странски збор со македонски синоним запишете го тука и ништо повеќе.
 
Aj да вежбаме малку:
Океј бе бачко - Во ред ти брате мој.
Абе сеј мирен ебате - Абе седи мирно, да водам љубов со тебе.
Пичка ти материна - Вагината на мајка ти.
Глуп си ко точак - Глупав си како велосипед.
И шо кур постигна сеа? - И, каков тип на пенис постигна сега?
Топ си еееј - Ти си како топ.
Ми се ќења од муабетоф - Разговорот кој го водиме ме тера на вршење голема нужда.

Знаеш дека може да е интересно? :)

Ѕвер! :)
Имам предизвик за тебе: “Шо кој кур, ебате!“

видео е од вид(ело) ;)
коренот е Македонски
повелете почнете баш вие Скопјаните, со Скопскиот Дијалект, поќе личи на Српски него на Македонски.

Хахахаха.. .ти друже се подјебаваш, а?
(нема ваљда да пишам: започнуваш полов однос под мене наместо подјебаваш)

Видео, илити video е “Јас гледам“, прво лице еднина од глаголот videre на латински.

А... моментот кога Битолчанец ќе има право да мрчи на било кој за правилен македонски, Блаже Конески ќе воскресне!

За кој кур да викаш ШАХТА(германски збор, а не интернационален) кога можеш да кажеш СЛИВНИК!?
А ти за кој кур велиш “за кој кур“ ?

пушало е некако најадекватно

Доколку се земе за цигара пушало, и онака крајно двосмислениот македонски јазик ќе стане уште по склон кон сеири ;)
 
Доколку се земе за цигара пушало, и онака крајно двосмислениот македонски јазик ќе стане уште по склон кон сеири ;)

Македонскиот јазик секогаш ќе си биде за терање сеир со неговата двосмисленост, ама тоа е поради менталитетот на народот а не поради двосмислените делови во јазикот.
 
Како би бил преводот за download(превземање и не ми е некако најсоодветен превод) и upload?
 
новчаник = паричник (одамна не користиме новци)

мерчандајзинг = WTF !?!?!?! (Демек еве колку сум учен и срам ми е да речам рекламирање)

хепенинг = настан, случување

 
мерчандајзинг = WTF !?!?!?! (Демек еве колку сум учен и срам ми е да речам рекламирање)
Meрчандајзингот најверојатно си го помешал со адвертајзинг. Мерчандајзингот како термин опфаќа многу посложени активности поврзани со ефективната продажба, кои во никој случај не можат буквално да се преведат како рекламирање.
 
Meрчандајзингот најверојатно си го помешал со адвертајзинг. Мерчандајзингот како термин опфаќа многу посложени активности поврзани со ефективната продажба, кои во никој случај не можат буквално да се преведат како рекламирање.

Merchandising refers to the methods, practices and operations conducted to promote and sustain certain categories of commercial activity. The term is understood to have different specific meanings depending on the context.

In marketing, one definition of merchandising is the practice in which the brand or image from one product or service is used to sell another. Trademarked brand names, logos, or character images are licensed to manufacturers of products such as toys or clothing, who then make items in or emblazoned with the image of the license, hoping they'll sell better than the same item with no such image.

Во ред си е тоа што не значи баш рекламирање, ама нека се употреби соодветниот збор: рекламирање, промоција итн.
Мерчандајзингот и тоа како не е македонски збор, значи би требало да му се најде некој достојна замена.

Ако го преоптовариме јазикот со вакви странски зборови, тогаш можеме и целосно да го изгубиме.

Download = Превземање(или симнување)
Upload = Прикачување

Точно така, и треба што повеќе да ги користиме овие зборови.
 
Реков и претходно - апсолутно поддржувам да се трудиме да ги исфрлиме сите зборови кои не се наши.

Но, кога се работи за интернационални термини, тоа не се случува само кај нас, туку секаде во светот. Компјутер е компјутер и во Франција, и во Англија и во Тунгузија, сегде.

Видео е видео.

Интернет е интернет.

Истото важи и за стручни термини од типот на мерчандајзинг, маркетинг.

И не е до тоа дека цел свет не може да ги преведе или глупи им се лингвистите.

Почнете прво од исклучување од употреба на србизмите, ги имаме многу повеќе од интернационалните термини кои се прифатени и се користат од цел свет.
 
Почнете прво од исклучување од употреба на србизмите, ги имаме многу повеќе од интернационалните термини кои се прифатени и се користат од цел свет.

Зошто да ги ислучиме србизмите и турцизмите а да не ги исклучиме интернационализмите? И едните и другите и третите се влијание на странски култури. Океј разбирам, овие ни биле душмани отворено но глобализацијата не видов дека нешто посебно ни е пријател. Сиромашни сме како етиопјани.

Од сите чуда спомнати, ми пречат само оние изговорени на места каде нема потреба и каде македонскиот термин е исто толку употребуван па и повеќе. Споменатиот мерчендајзинг/адвертајзинг, ступидно и слични...
Сакам веројатно да кажам дека ако може да постои “чушка“ во одреден дел во светот како збор, не ми пречи да постои и “у курац“.
 
Зошто да ги ислучиме србизмите и турцизмите а да не ги исклучиме интернационализмите?
Затоа што се интернационални термини и ги користи цел свет, од прв до последен меридијан на планетава.

Океј бе, исклучете ги :)

Почнете и брендовите да ги преведувате, се што е интернационално треба да се исфрли.

Чичко, дај ми едно "Гнездо" (Nestle) чоколадо.
Teтке, дај една "Млечнаа" (Milka) чоколада.

Еј, види мајката, и чоколадо е интернационален збор. Како ќе го преведете? Производ од какао, шеќер млеко, маргарин и додатоци?
 
Убава идеја, но за некој зборови нема да биде можно. Но како и да е одличен почеток.:)
 
Eве, лесна задача за имплементирање (?! незнам синоним на македонски :) ):

упаљач - запалка
 
змигавец = трепкач
захтева = побарува

и не ми текнува сега. Инаку, секоја заемка од странските јазици треба да ја примиме со многу внимание, да видиме дали одговара на нашата јазична средина, инт. Но не треба да правиме и како Хрватите, кои секој интернационализам го менуваат со некоја слозенка (пр. клавир = гласовир, универзитет = свеучилиште, сонет = ѕвоњалица), итн. Потоа, треба да се поработи и на транскрипција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom