Кампања: Да користиме МАКЕДОНСКИ зборови и термини!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Фала - Благодарам
Деси - Случи
 
Прво, од сега ќе ги бришам сите несериозни и навредливи коментари како и оние кои нема да соодвествуваат на подфорумот и темата.

Второ, ми се допаѓа “кампањата“ како начин на освестување на македонците за длабочината на својот јазик, односно да дознаат дека имаме збор за речиси се` на светот, но од друга страна... не можат да бидат исклучени србизмите, а особено не турцизмите како оној спомнат во првиот пост: “џам“. Тоа е влијание на една култура која остана и веќе е дел од нашата. Турцизмите се македонски зборови воедно и не треба да се исклучат од употреба туку треба да се зачуваат како дел од минатото, историјата па и културата. Како што македонскиот народ примил влијание од словенизирањето.

Србизимите... се нераскинлив дел на тетовскиот, скопскиот и особено кумановскиот дијалект и тие не може да се исфрлат од секојдневната употреба бидејќи без нив нема да бидам (јас конкретно) скопјанец. Тоа е како да барате од струмичанец границата со Бугарија да ја игнорира. Невозможно е.

Ако веќе сакаме кампањи, бојкоти или што и да е... да почнеме со исфрлување на “пинк“ и “планета“ ТВ... :wink:
 

Живели - Да живееме

Ова е специфичен израз и неможе да се „преведе“ туку да се користи изразот за наздравување кој е македонски.
Имено кога се наздравува на англиски се вели: cheers кога се наздравува на германски се вика: prost, но ни едниот нит другиот збор во буквален превод на српски не значи „живели“.
Затоа на макеоднски се вика „НА ЗДРАВЈЕ“.

Acid напиша:
Ми се сјеба маусот - Мојот рачен управувач за уредот за обработка на податоци повеќе не е во функција затоа што имаше однос самиот со себе.



Не бе, не зајадуваме воопшто, само се обидуваме да најдеме превод за интернационалните од типот на "компјутер", кои не нашле превод во ниту еден јазик.

За србизми поддржувам целосно, треба да се исфрлат и тоа под хитно.

Тука грешите малку на пример во Германија иако доста се користи компјутер сепак во многу повеќе се користи зборот rechner или на македонскио преведено сметач.
Значи не уред за обработка на податоци туку сметач. Отворете ги книгите по информатика што се на македонски и ќе видите дека и таму стои зборот сметач.
Знам малку смешно звучи сметач, малку звучи како нешто што ти смета (препрекува) ама од друга страна пак го имам глаголот смета односон пресметува кој одговара на функционирањето на самиот сметач, бидејќи сепак принципите се математички и логички на кои работи сметачот и всушност тој навистина пресметува, па заслужува да биде именуван како сметач. Но користењето на мешународно користениот збор компјутер неможеме да го негираме и тој збор е дел од денешната светска култура.

CD (компакт диск) - носач на звук.

За да се преведе CD треба прво да се најде македонски збор за придавката компактно. Диск е всушност геометриска форма која го носи потполно истот име како и во англиски, бидејќи како и во многу други јазици тие зборови потекнуваат од античките филозофи односно математичари па се уште во тоа време општо прифатени како зборови кои ги означуваат тие посложени геометриски форми.

Инаку што се однесува до стручните зборови, нажалост ние како народ кој не имал можност активно да учествува во развојот на ануката и технологијата сме приморани да превземаме странски зборови, како англицизми за доста електроелементи и други електрични уреди односно германизми за доста мажински делови.
Инаку еве замена на неколку германизми кои ми останале во сеќавање од предметот ОТП од основно

штраф (на германски е Schraube)- завртка
мутер (на германски е Mutter)- навртка
штрафцигер (на германски е Schraubenzieher)- одвртка
федер - пружина беше ако не лажам
 
Ааааа, кур, и видео е интернационален термин :)

видео е од вид(ело) ;)

коренот е Македонски

како и на многу други „странски“ зборови :0)

иначе да, се сложувам дека треба да се намали употребата на странски зборови, си имаме наши убави Македонски, ама не треба да бидеме ни виц-фигури ко Хрватите, наместо Билјард - четвороножно штапикало :р

треба да се има чувство малку :)

повелете почнете баш вие Скопјаните, со Скопскиот Дијалект, поќе личи на Српски него на Македонски.

Значи, кампања - Скопјани и другите Македонци, Говорете Македонски

А ние Битолчани ќе ве слушаме и ако грешите нема да тепаме по раце, ќе ви се смееме само :)
 
Ми пукна федерфуфната тука доле лево до цинцилаторот...

Глупости. Говорете македонски демек? Од кога е навредливо за својот сопствен јазик да користиш интернационализми? Од кога па е навредливо да користиш турцизми, кога самите турцизми не потсетуваат на турската окупација и нивното влијание во нашата култура?? Со пљукање по турцизмите, пљукаме по историја. Ама нејсе, ете имало попаметни, па сега јас ќе си го исклучам сметачот дека половиот орган ме заболе од вакви квази-патриотски-не-водат-никаде-муабети.
 
Македонскиот е сепак јазик официјален во државата каде што јас живеам, нели? Или и ти имаш став дека албанците немаат никакво право во оваа држава, без разлика дали се зборува за јазик, историја, име, па макар било и форумска дискусија? :)


П.С

Тангира не е македонски збор.
Касапи не е македонски збор.
 
Македонскиот е сепак јазик официјален во државата каде што јас живеам, нели? Или и ти имаш став дека албанците немаат никакво право во оваа држава, без разлика дали се зборува за јазик, историја, име, па макар било и форумска дискусија? :)

Инсинуираш пријателе. Немој.

Ако е Македонскиот оицијален, тој има и свои сопствени зборови за оние кои ги користиш како наметнати!

За кој кур да викаш ШАХТА(германски збор, а не интернационален) кога можеш да кажеш СЛИВНИК!?

Останатите ги има во претходните мислења.

Кењате. Многу кењате таму кај што воопшто не е потребно.

Темава повеќе требаше да даде до знаење дека за сите тие зборови кои ги употребуваат - си има Македонски кои се отфрлени, без никаква потреба.

П.С.

За оние што не знаеле - Ние зборовите што ги викаме „турцизми“ - во Турција ги викаат - Македонизми.
 
Темава повеќе требаше да даде до знаење дека за сите тие зборови кои ги употребуваат - си има Македонски кои се отфрлени, без никаква потреба.


Тргни од себеси па ќе го следам твојот пример. Чесен збор. Тангира, Касап, не се македонски зборови.

Факт. Не можеш да откорнеш архаични зборови во еден јазик. Уште поглупо е да се трудиш интернационални зборови како видео, камера, мобилен да ги преведеш. Бујрум, со тебе сум. Само почни од тебе прво.
 
Цигара како ќе биде? :)

Serrdarot, вие Битолчаните немате проблеми со србизми, само машки и женски род да научите правилно, и топ :)

Mу реков на мојана :)
 
Факт. Не можеш да откорнеш архаични зборови во еден јазик. Уште поглупо е да се трудиш интернационални зборови како видео, камера, мобилен да ги преведеш. Бујрум, со тебе сум. Само почни од тебе прво.

Кога ќе сфатиш дека поентата ми е друга наместо искоренување, можеби и нема вака аверзивно да пристапуваш на темава. Поентата е да се даде до знаење дека во Македонскиот јазик постојат веќе зборови, и сопствено право е кој, кои зборови ќе ги одбере во звојот говор.
 
јас мислам кога би почнале од себе, се би било подобро...:kafe:
zborihd3.jpg


во ред ви е сликава?
 
За цигара пушало е некако најадекватно.:wink:
Ја поддржувам идејава на Трн Во Око, но само за некои зборови, како и за тоа да се исфрлат србизмите од македонскиот говор, кои мене многу повеќе ме иритираат отколку интернационализмите.
На пример, Блутут како би го превеле? Чудно е дури и на кирилица напишан, а камоли да почнат сите Плав Заб да го изговараат.

Треба да се трудиме да не ги употребуваме : квар, се деси, бубњеви (овие најмногу ме иритираат), најпрво тоа, а потоа да се справуваме со интернационализмите.
Срамота е што дури на телевизиски програми не се употребува македонскиот литературен јазик, па и во преводи кога има филм.
Се`, не`, и`... ретко кој го гледам денес да пишува вака, иако има огромна разлика помеѓу негација и заменка. Ова па е уште посериозен проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom