Се имам фарбано еднаш, поодамна али не ми излезе како што замислував.
Од тогаш не сум се решила за фарбање, а и ми се свиѓа природната боја што си ја имам.
Шатиран... и тоа јако, ептем бел излегов, баш ми стоеше, ама некако се премислив и веќе ни на крај памет не ми е да се шатирам фарбам или било што, и онака мислат дека сум фарбан
Најдобро природна, ама ја лично сакам промени и не можам да не се фарбам..Сепак не правам некој драстични промени, само така..нијанси потемна или црвени прамени..Сеа ај се неам одамна офарбано, сеа ми е мојата природна, ама кај и да е, ќе ја сменам
Фарбам, оти мојата природна, чоколадно кафена боја ми стана досадна, ама ваљда оти ја гледав толку долго, оти гледам девојки околу мене си ги убиваат фризерките за да ја постигнат таа боја.
Црвена ми стои многу подобро во секој случај, ме отварала))).
Не се фарбам и нема да се фарбам. Си ја обожавам косата и ниедна боја не ми се свиѓа како ќе ми стои освен оваа природната. Не правам муабети за фарби и такви ствари зашто не се разбирам, односно неможам да дадам совет ако го немам осетено на своја кожа.
:helou:
Леле многу сакам да се шатирам со плаво,ама плаво плаво-индиго,не жуто плаво.
А за фарбање цела коса,не знам,многу ми се свиѓа мојава боја природна што ми е,сега за сега не би ја менувала,можда некад ќе се фарбам или плава или црна или црвена (ајдее се набројав )
Па пред 4 години ми текна да се шатирам и мислам дека добро ми стои штознам
на моменти ми текнува мојата природна боја да си ја вратам али тешко ќе е тоа. И вака си ја шатирам 2 пати годишно, не е често бидејки не сакам да си ја уништам. И ја шатирам со бланш и 3-4 разни кафени бои за да ми излезе во разни кафени нијанси.
Природна ми е светло кафеава накај златна, (да не речам плава), али скоро 5 години се фарбам црна....планирам малку накај црвена да сменам....
Подобро ми изгледа фарбана коса некоја јака боја, од природна!:smir:
Jaс мојта коса долго време не си га бех видела природната боја... саа ми е природна ама пред некоо време нон стоп 3-4 години под ред га фарбаах или га шатираах.. и саа некак ми е цудно да се гледам со кафена коса оти бех забравила веке кафено ка изгледе .. оти се или плаво се фарбаах или послетли нијанси...
Ја не се сеќавам веќе каква ми е природната боја на коса:nesum:
Оние вообичаените као плава, црна, црвена...сите ги иам сменето. А сум била и розова, шарена ко папагал, со зелени прамени итд.
Не би се фарбала барем не во поблиска иднина. Ми се допаѓа мојата боја на коса и неможам да се замислам со плава, црвена или кафеава коса. Мартина црната, така ме препознаваат и таква ќе си останам
Тие глупостите со шатирање, матирање и слично многу ми се прости и сељачки ми изгледаат, а пак други девојки како што пиша Mlad Man се фарбаат во иста боја како природната Зошто да се масирам со фарбање на секои 2-3 недели и да си ја оштетувам косата ако веќе ја имам бојата која ја сакам? Глупости...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.