Поука на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
Извини,дури сега го гледав клипот,вчера неможев.
Аааам....чоек,на клипов има група луѓе шо горат оган.
И еден качен на маса шо мафта со два факели.
Многу добро би се осеќал,ако ми ја објасниш божественоста у сето тоа.
Мислам,убаво е тоа,народ,собирање,љубов,енергија,среќа,навистина е за почит колку многу се приврзуваат луѓето на настанов,ама,сето тоа е многу човечки.Тоа треба и да го правиме сите,секој ден.Не поради некаков си непостоечки Бог,туку поради тоа што сме луѓе.
Собиров можеби затоа изгледа му изгледа на некој толку чудно,бидејќи,луѓето што се таму чувствуваат вистинска среќа(без разлика какви се причините за тоа),а во денешниот свет,таквото чувство е многу ретко.
Но,нема ништо божествено во тоа.

п.с А каде има оган што свети а не гори?
Не сваќам?

Оганот се појавува од куполата на црквата,и најпрво го пали факелот на патријархот,а потоа на останатите.Сакаше детето да ти каже дека оганот гори,но никој не изгорува.Односно,види и сам на клипот,колку луге го допираат лицето до огнот,и тоа подолго време,а не чувствуваат дека горат,тоест како ништо да не ги допира.
Кога ќе заврши клипот,доле ќе ти се појават уште неколку,уклучи го тој каде што се гледа најмногу огнот,види го,и после пиши ми......а,и,види го и тој со змиите.
 
На овој линк на ѕоутубе,е прикажано уште едно чудо што се случува секоја година на Успение на Пресвета Богородица,на островот Кефалонија.Се појавуваат змии,во целата црква,и на иконата на Мајката Божја,а не касаат.Научниците кои го истражувале овој вид на змии,утврдиле дека таков вид воопшто и не е познат на земјата,и дека тие змии имаат крст на челото и јазикот.Никој досега не ги видел никаде на земјата,се појавуваат само за тој празник во Кефалонија,и потоа самите исчезнуваат.Погледнете го клипот,тоа е уште едно чудо,кое се случува.Уверете се сами,колку деца ги зимаат во раце,а ниедна од нив не каса.
Продолжуеш со празноверни глупости.
Има многу змии што не касаат,тоа е прво.
Во суштина,ниедна змија не каса се додека не се почувствува дека е загрозена.
Што треба да кажеме за луѓе од Индија што спијат заедно со змии и не се каснати ниеднаш?
Второ,ако не им е позната на научниците,тоа не значи дека е божествена,туку дека досега тој вид не е откриен.А има милиони видови што не се откриени,и кога ќе бидат,ќе ни изгледаат како вознемјани.
Трето,зошто змија?
Нели змијата е омразена во Хрстијанството?
Нели таа ја измамила Ева да го гризне јаболкото?
Зошто Господ би ја одбрал неа за свој претставник на земјата,кога тоа е суштеството кое го мрази најмногу?
Нема некако логика.
Четврто,оганот во куполата може да се запали од било кој,во секое време.
Петто,луѓето НЕ го допираат оганот до нивното лице,туку само минуваат со него.
Добро бе,толку ли си слеп,па не гледаш очигледни работи?Тоа е исто како да земеш запалка и со неа да минуваш по раката.Никогаш нема да се изгориш.Тоа се случува секогаш,со секаков оган.
Ја не видов ни еден човек на клипот да го држи оганот до себе подолго време.
И шесто и последно,клиповиве не ти вршат работа,најди нешто друго.
Постојат видеа со работи на нив,кои далеку повеќе се квалификуваат за чудни и натприродни,од ова што го приложи ти.Ова е само childs play.Ако судиме по ова,Дејвид Коперфилд е даааалеку помоќен од Бог.
Само тажно е колку многу ти се затворени очите.
 
Објасни му го случајот..не се сеќавам кај се применува...за одење бос по вжарен јаглен, а никој нема ни најмала изгореница...таму секако не беа христијани
Всушност, под услов да не ти е страв, курсот за обука за тоа одење трае 5 минути и си спремен шетач по жар.
 
Господ толку не љуби,што дури и ни ја испраќа слободата,тебе никој не те тера да веруваш......Ајде објасни,што да кажам повеќе на ова што го напиша?Ако Коперфилд е помоќен,тогаш,тој би го имал создадено светот....И да ги видиш најголемите чуда на светот,нема да поверуваш.Џабе е се.Твоја работа што ќе правиш,јас не сум тука за да убедувам некој во нешто.Тука сум за да го проповедам она,во Кое верувам,и ништо повеќе.А кој ќе поверува или не,незнам......Се е до срцето на човекот,колку може да прими и осети.Се надевам дека некогаш и тебе ќе ти се случи,да почувствуваш барем малку......Стварно посакувам......
 
За да шетам по жар,ми треба обука.А,за да допрам оган,и да не се изгорам,ми е потребно друго нешто.Целта не ми е да шетам по жар...Туку огнот,кој не изгорува,е само чудо,кое за мене и сите христијани е врвот на целта.Но,знаеш,некои и да ги гледаат најголемите чуда,повторно нема да поверуваат.Нивна работа...нивни се делата,и само они се одговорни за истите.Некои имаат уши,ама исто како да не слушаат,имаат очи,но како да не гледаат,имаат срце,но како да не чувствуваат......за жал......
 
Господ толку не љуби,што дури и ни ја испраќа слободата,тебе никој не те тера да веруваш......Ајде објасни,што да кажам повеќе на ова што го напиша?Ако Коперфилд е помоќен,тогаш,тој би го имал создадено светот....И да ги видиш најголемите чуда на светот,нема да поверуваш.Џабе е се.Твоја работа што ќе правиш,јас не сум тука за да убедувам некој во нешто.Тука сум за да го проповедам она,во Кое верувам,и ништо повеќе.А кој ќе поверува или не,незнам......Се е до срцето на човекот,колку може да прими и осети.Се надевам дека некогаш и тебе ќе ти се случи,да почувствуваш барем малку......Стварно посакувам......
Тука си за да дискутираш за тоа во што веруваш, не да ми проповедаш, ако ти е до тоа..проповедањето..имаш цркви за таа намена.
Мики бар дискутира, нигде не тврди дека држи проповед.
 
Тука си за да дискутираш за тоа во што веруваш, не да ми проповедаш, ако ти е до тоа..проповедањето..имаш цркви за таа намена.
Мики бар дискутира, нигде не тврди дека држи проповед.

Па да,дискутирам.Но со самото тоа што зборувам односно,сум на страната на верата,логично е,и нормално,дека во исто време проповедаш......Самото зборување за тоа(во позитивна смисла)е проповедање.Така да,секој кој дебатира на овие теми,притоа зборувајќи за Бога,проповеда.....тоа е сосем нормално......
 
Старец Софрониј

Да ви го даде Бог на сите духот на покајанието! Плачете за вашите согрешенија, плачете за да не се исуши вашето срце!
I spomnuvaj si za tvojot Tvorec vo dnite na mladosta svoja,dodeka ne dosle teski dni i ne nastanale godini,za koi ke reces:Ne mi se mili.
 
Bog napravi pat za nas....

Bog napravi pat za Nas za da mozeme da se opravdame preku vera.

Bog mora mnogu da gi saka glupavite luge. Gi napravil mnogu.
 
„...не грижете се за утрешниот ден...утрешниот ден ќе се грижи за своето..на секој ден, доста му е неговото зло...„-Христос.
 
Старец Ефрем Филотејски

Истрајте во молитвата. Немојте да мислите дека големите нешта можат лесно да се постигнат. Ќе се трудите, ќе се потите, а Бог ќе ги види вашиот труд и смирение и тогаш тивко ќе го спушти над вас дарот на молитвата.
 
- Денес младите имаат добри и нови машини.На жалост,маслото во нив е замрзнато.Кога ќе се загрее,се добро функционира.
-Вредноста на материјалните добра непрестано расте,додека луѓето непрестано ја губат својата вредност.
-Најдобар “бизнис“ е отворање фабрика која произведува позитивни мисли.
-„Имајте трпение,бидејќи не постои друг начин да во денешно време преминете низ животот.Бидете трпеливи и немојте се да сфаќате премногу сериозно.Отидете до големиот пазар и купете си себеси малку бестрашност!“
(Старец Пајсиј Светогорец)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom