Каде после средно?

  • Креатор на темата Креатор на темата dino-jr
  • Време на започнување Време на започнување

Каде после средно?

  • Технички науки

    Гласови: 5 25,0%
  • Медицински науки

    Гласови: 3 15,0%
  • Општествени науки

    Гласови: 7 35,0%
  • Ќе барам работа

    Гласови: 0 0,0%
  • Ќе си седам дома

    Гласови: 0 0,0%
  • Ќе бегам во странство

    Гласови: 1 5,0%
  • Ќе кликнам без врска

    Гласови: 4 20,0%

  • Вкупно гласачи
    20
  • Гласањето е завршено на .
Подобро ти е на Стоматолошки да отидеш, отколку на Високата школа. Не се грижи, знам што зборувам, ветар во магла е Високата, истото учење ќе го имаш на двете, а вака со факс ќе имаш диплома за стоматолог.
знам,ама многу е различно од стоматолог до забен техничар,а јас несакам на стоматологија ова ми е поинтересно, а и ова е со 3 а стоматологија со 6 год
...сепак фала на советот :)
 
изгледа на ПМФ на Интернет и мобилна технологија , ама се мислам , бтв сешто може да испадне послем матурава така да рано е да размислувам ке го пуштам мозокот на пасење до Август ..
 
Јас уште сега се одлучив каде секако ако имам можност би сакала правни науки ама на ФОН се надевам дека ќе ми се исполни желбата:smir:
 
Или машински или електро, ќе видиме со матурава што ќе биде.....
 
Планирам да идам на филозофски социјална политика социјален работник .
 
После средното незнам ни што предмети да полагам ни каде ке ме примат ни каде да одам. Сакам да одам нешто за новинарство. Има некој совет каде тоа?
 
Сакам да одам нешто за новинарство. Има некој совет каде тоа?

Пред пар месеци имаше убав саем за школување, на исто место беа собрани сите релевантни факултети од Македонија и можеа да се добијат информации од прва рака, програми, наставни планови...
 
Зборат дека факултетите во скопје се најтешки, доколку во другите градови и да одиш само на испити ке поминеш (нормално без ич учење ке паднеш)
така да ... би се одлучил за Штип - Информатика
 
Пошо оваа година сум матурант, 100% сум веќе одлучен дека ќе се запишам на ФЕИТ (електро), на смерот ЕРПС (електроника, радиотехника и процесирање на сигнали).
 
Сега за сега, план ми е Computer Science на UACS. Има многу мала шанса да не одам таму, ама рано е сеуште... (така викавме и на 31 декември кога баравме место каде да славиме нова година :pos2:)
 
[IH];1825802 напиша:
Зборат дека факултетите во скопје се најтешки, доколку во другите градови и да одиш само на испити ке поминеш (нормално без ич учење ке паднеш)
така да ... би се одлучил за Штип - Информатика
А ти сакаш да научиш нешто или само да имаш диплома во џеб?

Ако не успеам да се запишам на некои од Американските универзитети, ќе студирам тука, на ПМФ или на ФЕИТ, отсек информатика, иако понекогаш ми доаѓаат некои чудни идеи да се запишам на Стоматолошки.
 
...па сеа за сеа сакам да продолжам на фармација ..ама има време до 4 година =)..се може да се случи до тогаш
 
Хмммм или ФЕИТ на ИКИ, или ПМФ Програмско инжинерство. Некако ПМФ повеќе ме влече!
 
a zosto ne se staveni umetnostite ?
 
мислам да продолжам на опшествени науки (социјална работа и политика )ама сеуште има време ке се размисли
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom