Зошто некои викаат „мама“ и „тато“ место „мајка ми“ и „татко ми“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Бреее?
Знаеш и јас сакав да отворам ваква тема, и мене ме нервираат сите дијалекти кои употребуваат 'мајка ми' и 'татко ми', не можам да ја слушам таа препотентност па уште да морам и јас да речам за моите така.

Што има да те нервира?
Демек намерно го зборуваат луѓето тоа за да се лигават.
Јас лично и Скопјани верувам дека не зборуваат така за намерно да се лигават (освен оние добри 10% на златна сандала), туку веќе така им иде.
Во Велес е нормално да кажеш така, и психопат кој си ги заклал родителите ќе ги нарече мама и тато.

Ова нема ВРСКА со литературност, момче, затоа слободно глеј си пред чергичето.

:uvo:
 
Леле колку го мразам ова кога некој ќе ми рече така.Не ми се мене родители тие!Јас секогаш кога зборувам со друг викам пр мајка ми не мама.....Глупаво е...
 
Безвезе ми е веќе овој муабет шо го терате “не ми се мене родители“ ...епа фала богу дека не ти се , јас уствари незнам и кај ви текнало на тоа, мене на пример до сега на крај памет не ми текнало дека може ко така да се сфати :S
 
Не знам зошто ама јас а и некои друго така го сфаќам(е).Кога некој ми вели "Мама, ми рече...." Тоа некако ми изгледа како брат да ми е или сестра па за истата жена зборуваме.Јас пошто сум без браќа и сестри и ми е глупо.Секгаш велам мајка ми, татко ми...
 
Сметало не сметало на некој, јас секогаш ќе си ги викам мама и тато, што има сега еве во друштво сум и да се правам некоја госпоѓа ти се молам. "мајка ми вака, татко ми онака.." Толку ми изгледа како прчење, веднаш ми се создава некоја слика од некоја прчла, шмизла пред мене, ау бљак. Мама и тато ми се, и така и ќе остане.
А и баш слатко ми изгледа, и најнормално, кога слушам дека и други така си велат...И дај ве молам не мешајте овде литературно било, врска нема!!
 
Во Струмица никој не вели „мајка ми“ и „татко ми“. Таков ни е дијалектот сите се служат со „мама“ и „тато“.
 
Сметало не сметало на некој, јас секогаш ќе си ги викам мама и тато, што има сега еве во друштво сум и да се правам некоја госпоѓа ти се молам. "мајка ми вака, татко ми онака.." Толку ми изгледа како прчење, веднаш ми се создава некоја слика од некоја прчла, шмизла пред мене, ау бљак. Мама и тато ми се, и така и ќе остане.
А и баш слатко ми изгледа, и најнормално, кога слушам дека и други така си велат...И дај ве молам не мешајте овде литературно било, врска нема!!

Класичен пример дека проблематиката има психолошки ефект, ондосно тоа реферирање кон родителите со мајка/татко ми, мама/тато, или по име е условено само од тоа како околината и луѓето кои ја опкружуваат.
Нема врска тоа дека ако некој реферира кон родителите со мама/тато дека е лигав или пак дека реферира со мајка/татко ми е сноб или сл.
Инаку литературно точно е мајка ми и татко ми, и обично поради силното влијание на училиштето за користење на литературниот јазик доведува да тоа повеќето ги користат мајка ми и татко ми. Но секако по одредена возраст доста луѓе во последно време едноставно ги користата нивните имиња.
Инаку постот кој го цитирав исто така е пример како тоа психолошко определено користење на различните форми се причина за многу предрасуди.
Јас зборот мама и тато ги користам исклучиво во комуникација со мајка ми, татко ми и двете баби. Не знам може во комуникација со другари мже да почнам да ги користам нивните имиња, инаку во мобилен нивните броеви ми се запишани под нивните имиња.
 
Не ви го сваќам муабетот ич :toe:
Мој се бе јас како сакам така ќе си ги викам,мама,мајка ми,мојата мајка,Божанка,Бокица,тато,татице,чале,татко ми,стариот итн...и ако речам мама ваљда нема соговорникот да биде толку глупав па да се збуни.Секој знае дека се работи за МОЈАТА мајка и за МОЈОТ татко,а ако сакам да ја спомнам мајката на соговорникот ќе речам мајка ти...што има тука толку нејасно:toe:

Стварно ја тупите.
 
А сте слушнале за МАМИ или ПАПИ. Абе дете од 15 години на татко му го вика Папи или Папичко. А што се однесува за мама и тато незнам дома викја си ги така. А во школо како мали полсено е да напишеш мама и тато а не мајка ми татко ми. Дека како мало дете си поглупо и нема ни да сфатиш дека не се пишува мајками туку мајка ми. Ама не праат глупи што ако сум прво одд ќе учам од тогаш ко што треба. А има многу деца кога зборите за родителите они вака зборат:
Вие: Абе те не нервираат твоите?
Тие: Абе мене МАМА ме нервира многу, а тато па да не збориме!!
На што личи ова или ова:
ПР: Мене мама ми прави секој ден убаво јадење и јас си јадам!!!
ПР: Секогаш кога искачам мама ми вика немој така да правиш!!!
Незнам дали ме сфаќате кога зборите со некој тие нека ви кажат кога ви објаснуваат за нивните родители дека со Мајка ми а не Мама дека звучи како и мене да ми е мајка мислам не само тоа незнам како да ви објаснам само ме нервираат да ги користат зборовите во тој контекст.
А и обратно има деца вака зборат:
Пример има двајца браќа и сеа едниот е на улица а другиот доаѓа да го викне да оди да јаде дома и сеа му вика
ПР: Филип(пример е имево) мајка ти те вика да јадеш. Звучи ко да не се браќа е тоа е глупо!!!
 
Јас им се обраќам со мамо или тато а пред другите велам мајка ми или таткоми :pipi:
 
...и ако речам мама ваљда нема соговорникот да биде толку глупав па да се збуни.Секој знае дека се работи за МОЈАТА мајка и за МОЈОТ татко,а ако сакам да ја спомнам мајката на соговорникот ќе речам мајка ти...што има тука толку нејасно:toe:

Стварно ја тупите.


Aj читајте уште еднаш воа.
:nesvest:
 
Aj читајте уште еднаш воа.
:nesvest:

Па убаво си кажа Наташа!
Како сакам така ќе си ги наречам моите родители. Пред блиски луѓе знам да кажам мама и тато, некогаш викам мајка ми и татко ми сеедно е.

А глупаво е да збориме не е литературно кога и во англискиот го има истото не викаат my mother него почесто е употребувано my mum. Секаде низ светот тоа постои.
 
Кратење и олеснување во говорот. Ова ниту е нелитературно а ниту пак верувам дека е навредливо за нашите родители. Напротив мене ми искажува одредена блискост и љубов кон родителите.
:helou:
 
Па убаво си кажа Наташа!
Како сакам така ќе си ги наречам моите родители. Пред блиски луѓе знам да кажам мама и тато, некогаш викам мајка ми и татко ми сеедно е.

А глупаво е да збориме не е литературно кога и во англискиот го има истото не викаат my mother него почесто е употребувано my mum. Секаде низ светот тоа постои.

Па убаво си кажа де, мислам јасно беше дека и ја тоа го потенцирав?
А си кажа арно и ти.
:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom