@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Децата бегалци од Егејска Македонија очекуваат победа над грчката агресивна политика во судот во Стразбур
Во моменти на невидена грчка хистерија и агресивност врз Македонија бегалците од Егејска Македонија очекуваат да извојуваат победа над грчката политика со пресуда која ја очекуваат од Судот во Стразбур. До нив дошле информации дека и покрај лобирањата од грчка страна, за еден месец судот ќе донел пресуда со која ќе побара Грција да ги укине законите кои им забрануваат да се вратат на своите имоти. Пресудата очекуваат да пристигне во исто време со организирањето на “4-тата Светска средба на децата бегалци“ во Скопје во втората половина на јули.
- Во моменти на невидена грчка хистерија и агресивност врз Република Македонија, при жестоки притисоци и негации против нашето историско име и македонскиот национален идентитет, сведоци сме на широко обединување на македонскиот народ и на јакнење на македонскиот национален дух, кој што ни дава нова сила и мотивација нашата јулска средба во Скопје, заедно со Македонците од целиот свет, да ја крунисаме со уште една победа над силите на антимакедонството и нивните планови за укинување на македонскиот национален корен, изјави Георги Ајановски, претседател на организациониот одбор на 4-тата Светска средба на децата бегалци.
Грција лобирала против пресудата затоа што ќе треба да обесштети околу 20 000 протерани деца бегалци или нивните наследници. Тие ќе бараат да се обелодени архивскиот материјал од Обединетите нации за нивното раселување во текот на граѓанската војна во 48-та. Покана за присуство на средбата во Скопје ќе биде испратена и до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, до владите на Полска, Романија, Унгарија, Чешка, Словенија, Хрватска и Србија, затоа што овие земји ги згрижија децата бегалци, како и до Меѓународниот Црвен крст. Средбата ќе се одржи од 18 до 21 јули.
Извор:smir: