Mainframe
Mr.Goodkat
- Член од
- 14 јануари 2008
- Мислења
- 336
- Поени од реакции
- 30
Едит: Од тоа што јас го поминав тука, гледам во Мк системот за оценување е за никаде...уствари тоа го направиле 30 бодови пролазна оценка, за да се намали бројот на оние кои нема да положат. Во другиве земји, зА да положиш морада имаш над 50% од секој предмет а воедно и над 50 поени од максимални 100 што се за оценката на крај..
И не се мислите мн мн на тоа сега и не дискутирајте на тема македонски испит, зашо потешко си правите, си наоѓате грешки и се разочарувате..Тоа помина, заборави го, неможеш ништо да смениш или да го вратиш..оди учи за она што доаѓа...
Абе сега, Македонија Vs. Австралија губиме службено 0-10 ако одиме според организираноста на образованието и процентот на образовани луѓе, затоа не збори дека бодовниот систем не чини. За нашата земја чини, оти ако го стават едно 50-60% има половина од матурантите во Струмица да испаѓаат како круши (барем според мое мислење). Има голем број ученици од „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, па и од гимназијата кои немат три чисти од Везилка и Чичко Горио, а не пак од Пеколот. Па ајде напрај една проста математика: ќе паднат едно 30-40% од учениците, и што ќе се случи со факултетите во Македонија? Тие ќе се празни, а за да си спасат газот ќе ја негираат матурата како испит и пак сме на тоа што бевме пред 1 година. А сега кулирајте, спремете се за утре и за наредните 2 недели.
Како сте препишувале бе луѓе, кај мене глас не се слушна! Имаше само 2-3 моменти кога излезе професорката, и тогаш малку, ама само малку зборување имаше, затоа што одма се враќаше.
Исто и во училницата кај што бев јас... Дури не ми дозволи професорот да му дадам пенкало на еден што полагаше со мене... :icon_conf
А не па да презбори некој...
Илустрација: другарот седи на прва клупа, јас зад него, а еден трет 2 клупи зад мене. Башка што се консултиравме јас и тој пред мене, овој зад мене се дереше како ненормален „Страна 11, второ и шесто!!!“