Матура...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ја го потцртав само „взаемно“. Ама ме јаде јанѕа „стравотност“ да не е?
 
е ок може ли да објасните? знам дека свршените глаголи одат со префикси

јас трчав - несвршено јас читав- несвршено
јас истрчав - свршено јас прочитав- свршено

да, трчав, читав, ама можеби уште читам и уште трчам
но истрчав, значи било и завршило. прочитав, толку. не читам веќе.
по таа логика најдов ми звучеше несвршен, а пронајдов- свршен.

извинете за офф топикот :toe::kesa:

А без да барате логики, еве ви едно правило. Во минато определено несвршено време во второ и трето лице еднина глаголите завршуваат на наставката -ше, а во свршено немаат наставка.
Значи, го најдоа е минато определено свршено.
1л. јас го најдов ние го најдовме
2л. ти го најде вие го најдовте
3л. тој го најде тие го најдоа

А несвршено време би гласело:
1л. јас го наоѓав
2л. ти го наоѓаше
3л. тој го наоѓаше

Извенете за оф топиков.
 
Кои зборови се неправилно напишани : здравство, срам, взаемно, стравотност или како беше оној последниот, не ми текнува сега
Јас тука си играв еци - пеци пец...:pos: :toe: на крај го чкртнав взаемно... мислам оти е заемно а не взаемно.. а и да е взаемно неможе да е него ќе да е в заемно... незнам, стварно незнам... може и грешам со постов... али стварно незнам...
другите ми се чинат точни...
 
Бај д веј, како го напишавте ова со зборовите бе? Кои зборови се неправилно напишани : здравство, срам, взаемно, стравотност или како беше оној последниот, не ми текнува сега

јас стравотност го напишав....така кажа и таа тестаторката шо беше во наша училница :nesvest: ако не е тоа, јебига...
 
а во писмото што требаше да пишуваме? да му кажеме дека сме во загреб или дека сме биле во загреб,јас прво второто го напишав па се предомислив.........таму сите бодови ми летнаа :pipi:
 
Јас тука си играв еци - пеци пец...:pos: :toe: на крај го чкртнав взаемно... мислам оти е заемно а не взаемно.. а и да е взаемно неможе да е него ќе да е в заемно... незнам, стварно незнам... може и грешам со постов... али стварно незнам...
другите ми се чинат точни...
и јас го подвлеков взаемно зошто мислам дека е заемно, затоа што др беа правилно напишани, и стравотност е правилно напишан,но мислам дека не е лит збор и можда има некоја замка тука:vozbud:
 
и јас го подвлеков взаемно зошто мислам дека е заемно, затоа што др беа правилно напишани, и стравотност е правилно напишан,но мислам дека не е лит збор и можда има некоја замка тука:vozbud:
за замка сто посто сум сигурен дека имало...
инаку за во пораката што требаше да ја напишеш, јас разбрав оти ти треба да го информираш/најавиш дека ќе присуствуваш во Загреб! Јас така и го напишав... пишав цела недела дека во петок ќе стигнам... и дека би сакал да го видам... инаку што барам таму, целта ми беше деловно завршување на некои работи... :pos:
 
Абе могуче и мамка да беше тоа. Имаше на страната 2 квадратчиња за поени па викав да не се два збора
 
Еве сум и јас... упаѓам повторно после некое време... :)

Инаку за зборот, взаемно го подвлеков дека професорката уште во текот на годината ни има спомнато дека взаемно е неправилно. А башка и проверив на речникот на оннет каде што има правопис, сите зборови ги имаше освен взаемно...

А, и да... на текстот за какаото кој го пронашол, што заокруживте? Малку ме збуни... ама сепак Мексиканците ги заокружив.

Друго се напишав, тоа што успеав да проверам дома, ми е точно... па се надевам дека ќе биде 5ка. :wink:
 
Абе могуче и мамка да беше тоа. Имаше на страната 2 квадратчиња за поени па викав да не се два збора
Не примети дека секаде кај што имаше да се допише има 2 квадрата? Тоа е затоа што секој тест го прегледуваат двајца.
Инаку взаемно мислам дека е правилно, а стравотност треба без В.
 
Во мојата просторија сите стравотност го поцртаа, за тоа имаше најмногу пцовки... Требало нешто поочигледно да стават, не вака да не е*ат...
А за писмото - требаше со него да информираме дека ќе одиме во Загреб (значи princess - ниту сме биле, ниту сме, туку ќе одиме)...
А за есејот мислам дека малку претерале со бројот на зборови, а и темата не беше нешто нај нај...:toe:
 
Абе могуче и мамка да беше тоа. Имаше на страната 2 квадратчиња за поени па викав да не се два збора
не, не, еден збор е... еден е точниот одговор... инаку за тие квадратчиња ако запримети на секое прашање го имаше! Тоа е затоа што два пати се прегледуваат тестовите како што знам... првиот пат мине од професори, а вториот пат од министерство како што знам... или така нешто беше... секој си ја дава својата оцена во тие квадратчиња... едното за проф. другиот за од министерство или кој и да е втор што прегледува што е на повисока фунскција!
а тоа е дефинитивно замка што беше за одговор... стварно незнаев што да заокружам... си играв еци-пеци пец... :pos:
 
Еј, а што заокриживте кај тоа прашањето со тегови... што беше кој го зема златото како прво место... незнам дали ме сфаќате што сакам да кажам... али во одговорите и под а и под в беше точно... само што едниот беше со една рака, а другиот со двете раце... не беше во прашањето ама баш ич објаснето за кој се бара... дали за тој со една рака или тој со двете раце... а и двајцата земале злато... :s
јас таму го заогружив а... зашто него прво го пишаа а и со една рака дигнал... врска неам... хаха
 
Имаше прашања што ми направија дилеми, па се каам сега што не си ги оставив првичните одговори...
Инаку прилично лесно, требаше да се чита внимателно тоа што се бараше зашто таму најмногу можеше да се утне.
А за оние кој е неправилен збор се мислев најмногу и последно го оставив тоа на крај го потцртав взаемно...
И дефинитивно ограничувањето на зборови за есеј и писмо е најглупата работа што можеа да ја смислат. Апсурдно е да се ограничуваат зборовите за уметничко дело, а и темата не им беше нај, нај. Сепак за нијанса беше потешка од пробната.
Да не зборувам пред време, ќе чекаме на резултатите. Како што повеќе прашувам секој различно кажува и се` повеќе си наоѓам грешки во одговорите. Сега нема назад, што напишавме тоа е. Џабе е да се кааме, затоа уживајте и подготвувајте се за во сабота.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom