Diabetes Mellitus

  • Креатор на темата Креатор на темата izrod
  • Време на започнување Време на започнување
...мене воопшто не ми е смешно, метформинот како лек се применувал кога ти уште си студирал, па питање дали и тогаш, се исфрли од употреба еден период поради страшни гастро тегоби и неоправданост како бигванидин повеќе бил како ,,придружен,, антидијабетски медикамент кај гојазни, читај, пациенти со голема телесна маса или тие кои внесувале повеќе храна, знаеме дека бигванидинот не делува на лачењето на инсулинот, но знаеме дека човек кој нема апетит и е слаб и му е пореметен метаболизмот со покачена гликоза во крвта со метформинот (бигванидин) дополнително ќе си има проблем со абдоминални болки,
за да по извесен период повторно влезе метформинот на голема врата како антидијабетски лек на избор за тип 2 дијабет, но проблемот со тебе кон мене е што ти не го читаш, а се смееш, што се прави со тие пациенти низ цел свет само се дозира метформин и тоа е тоа лечење? тоа е само лек за ,,остранување,, на зголемена гликоза во крв но не и причината зошто е зголемена, и затоа статус кво ситуација доживотно метформин? тоа е решавање на дијабетот со метформин и инсулин во 21 век? се додека така се размислува ќе има многу дијабетичари во светот повеќе и повеќе и нормално потрошувачка на една генерика орален лек и неколкуте инсулини, кажи ми дали вооошто некој се излечил од присуство на зголемена гликоза во крв освен што се етикетира ти си дијабетичар и толку, еве јас имам примери со делување на друг присутен фактор во телото со што се нормализира гликозата во крвта без антидијабетски лекови и се изема од ,,дијабетичар,,, само ќе се каже ,,имаш проблем на лачење од ЛХ на панкреас ,, тоа е доживотно ете ти метформин и инсулин...и тоа е лечење во 21 век?
Бијонс за нобелова награда за наоѓање на начин со кој се искоренува дијабетот (најверојатно со забрзување на прогресот на болеста и брза смрт па со тоа намалување на бројот на дијабетичари)

Бил Гејтс лајк дис :)

Да знаеше што е дијабет 2 немаше овакви тешки глупости да тресеш, ама тоа е. Се крепи земјата.
 
... остај ти форумски лик, истакни се ти со свое знаење тука, не биди себичен, форум е ова менуваме мислења, ако јас кажувам погрешно ти исправи ме, а не да се смееш и потсмеваш зашто ти испаѓаш посмешен, се потсмевнуваш на туѓо мислење, размисли малку и за друго поинакво мислење вон таа шема што се навлечени сите, иди во болница сите пациенти се лечат со иста терапија со иста дозажа во исто време како клонови да се, а тоа пак твое однесување „тресење глупости“ посебно применливо во ЕУ а?
 
Во право е Бјонс, наместо што цинички се подсмеваш, подобро би било да се обидеш да помогнеш, ако воопшто знаеш нешто за моменталната состојба во која сум и да објасниш зошто мислиш дека нема да има ефект ако прво се обидам со промена на начин на исхрана, со физичка активност, зошто мора да почнам одма со таблети!?
Убаво рекоа тројцата доктори погоре, треба уште додатни испитувања а не одма пиј лекови.
Дали ти знаеш што е дијабет 2 ?
 
Има цела наука која е базирана врз докази со гоодини и е јасно како бел ден што треба да се прави, нешто што е веќе кажано. Со коментариве си на ниво Иван Исцелител или Тино Кајшаров.
Што мислење да ти кажам освен тоа дека ги водиш луѓето во заблуда на нивна штета.

Одлуката на твојот матичен лекар е правилна и во склад со препораките на светската здравствена организација за лечење на дијабет тип 2. Не сум циничен, едноставно немам што да додадам плус на глупостите што ги читам. Ако не ти се допаѓа тоа што ти го кажал матичниот можеш да идеш по гатачки, бајачки, исцелители итн. Живееме во слободна држава и тука имаш право на избор.
 
ако воопшто знаеш нешто за моменталната состојба во која сум
Многумина знаат многу за состојбата во која си, и ти го кажале тоа тука на форумов.
Тоа што ти не слушаш и не сакаш да ја воочиш реалноста е друг проблем.
 
Има цела наука која е базирана врз докази со гоодини и е јасно како бел ден што треба да се прави, нешто што е веќе кажано. Со коментариве си на ниво Иван Исцелител или Тино Кајшаров.
Што мислење да ти кажам освен тоа дека ги водиш луѓето во заблуда на нивна штета.

Одлуката на твојот матичен лекар е правилна и во склад со препораките на светската здравствена организација за лечење на дијабет тип 2. Не сум циничен, едноставно немам што да додадам плус на глупостите што ги читам. Ако не ти се допаѓа тоа што ти го кажал матичниот можеш да идеш по гатачки, бајачки, исцелители итн. Живееме во слободна држава и тука имаш право на избор.
... е затоа ќе стагнира медицината, со докази базирани од пред 100 години, со еден орален лек како метформин и 4,5 вида инсулини и толку од дијабетското лечење,
хипо и хипертиреоза со само дозирање на готов хормон Еутирокс и Тиразол и гледање на ехо да се одреди денот на хирушко остранување, тоа ли е лечење базирана на докази од пред 100 години на штитна жлезда?
... ендокринологот треба да лечи причина на пореметувањето, а не само инертно да препишува само терапија за последиците од тоа пореметување, затоа медицината ќе стагнира, а тоа спомнување на несоодветни шарлатани споредувајќи со нови идеи на некои генерации кои поинаку размислуваат од „иста шема“ за сите пациенти, на поинаков медицински приод на здравствениот проблем базиран на стари искуства, но со нови размислувања зашто е нова ера, нова технологија, нови сознанија, за тебе е фрлање ниски на све што поинаку размислува,

... пеницилинот случајно се пронајде, кажи ми од кога не е пронајден нов антибиотик, а технологијата иде напред, медицината иде напред?
 
Последно уредено:
... е затоа ќе стагнира медицината, со докази базирани од пред 100 години, со еден орален лек како метформин и 4,5 вида инсулини и толку од дијабетското лечење,

Се зезаш или? Метформин е најдобриот третман за дијабет, побезбеден и поефикасен од другите алтернативни. Студиран интензивно и со дејство докажано во најразлични видови на висококвалитетни студии, научниот консензус е на негова страна, ти како доктор не смееш да идеш против истиот, си ја демантираш едукацијата.
 
... види ова е форум, никот мој и твој е тој што пишува, не сме лиценцирани никој овде, дополнително студиите знам како се прават и под која иницијатива се прават, знам кога некој седи позади некој труд и го брани тој труд и колку е платен да „докаже“ бенефит и најдобар третман од некој лек, да земам приближен пример со тебе ?
...јас не знам зошто се иритирате кога некој има поинакво мислење?
 
Да не работиш во битолската болница?
 
Не се иритираме, има очигледно проблем, а ти ја спречуваш да го почне и додаваш сомнежи, си има кажано дека пие и росувастатин, кој знае да има умерен но сепак негативен ефект на дисрегулација на гликоза како и малку зголемен ризик од забрзано развивање на дијабет/резистенција, а има и сериозно зголемување на HbA1C, што значи веќе се случува проблем кој создава сериозни ризик фактори и штета во сите органи и клетки, тука значајно ќе помогне метформин.

За хипогликемија има решение, за губење на вид, или функција на бубрези малце потешко.
 
... и сега следи одговор со прашање, а ти?
Срамота е да не знаеш патогенеза и терапија на дијабетес доколку си професионалец. Ги ставаш пациентите во ризик.
 
HbA1с дали може да биде покачен кога е ЦРП покачен? дали при инфекција се покачува ЦРП? дали треба да се излечи инфекцијата, да спадне ЦРП, а со тоа можеби и да се нормализира HbA1с?
 
Контекст знаеш ли што е? Во Контекст на нејзината општа здравствена состојба се прави препорака. Нека ги направи додатно тестовите во Авицена кои со голема веројатност ќе покажат колку е сериозна состојбата, но тоа не значи дека не треба да почна да пие метформин.
 
Срамота е да не знаеш патогенеза и терапија на дијабетес доколку си професионалец. Ги ставаш пациентите во ризик.
... срамота тоа да го кажува костур череп на фотка со име Кадаиф, па ништо не кажувам :toe:
а твоите пациенти вака со костур на слика имаат многу поверение?
ај да не се зезаме темава е сериозна, ако сакаш кажи на членот „топол“ мислење, а не само патоказ иди кај матична и толку, тоа сите знаат да го кажат и знаат кај да идат не ги понижувај толку,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom