19 години,изгубен.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116
Не си спремен за у странство, брод би било премија за тебе. Една тура да издржиш и се враќаш со заработени пари па можеш да размислуваш што и како потоа. Иди во агенциите или на темата за брод на форумот, види што се бара, што ти треба за келнер таму и бркај тоа... Најди си работа за да стекнеш искуство да те примат на брод, дигај кредит за тренинзите и сертификатите што ти требаат и цепај...

После тоа можеш да размислуваш занат/факс/странство или кариера на брод ама сега ова ти е приоритет.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
И во државава има места каде може да се заработува добра плата и да се изгради кариера, без да имаш било какво искуство или образование, само треба да си упорен и истраен. И јас се препознав себеси до некаде во твоето мислење. На твои години (или 1-2 повеќе) и јас бев во слична ситуација како тебе. Одлучив да се вработам и да градам кариера во област во која никогаш не би се замислил себеси. На почеток работев за 6000 денари плата (до душа во тоа време, 2006-2007, можеа колку толку да се покријат трошоците и со тие пари), со таа плата плаќав и стан, и јадење, и купував облека... И успеав да го завршам факултетот, кој иако директно никогаш не ми бил од корист, но индиректно, без него никогаш немаше да успеам да сум таму кај што сум сега. Земам солидна плата за наши услови, плата со која успеавам да прехранам тричлено семејство, успеав да направам куќа, да створам нешто... Тешко беше, ама нема откажување. Ако ептен не можеш да се снајдеш за подобра работа каде можеш да напредуваш во кариерата, пиши ми, те молам, ќе се обидам да ти помогнам, секако, ако тебе ти одговара.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
2
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Од самиот наслов на постот ми е јасно во каква состојба си, ама мораш да развиеш флексибилен ум, да сфатиш дека не си единствен со семејни проблеми и уствари ретко кој иматака совршен живот приватно...Зборот ми е, немој никако да си дозволиш да те обземаат негативни мисли и емоции, затоа што сакал или не еднаш ќе мора во животот сам да си обезбедиш егзистенција, секако порано или покасно доаѓа време кога не може веќе да се потпираш на родител. Почнување со работа на тие години ќе те изгради во стабилен маж кој се соочува со животот со крената глава.
Зошто ти го кажувам ова? Затоа што јас бев како тие твои врсници, мене татко ми ми плаќаше студии и бев одличен студент, но студирав без врска струка, искрено не си го сакав факултетот и го завршив чисто за да му исполнам желба нему. Факултет кој вреди да го завршиш е само некој од медицинскаструка/ фармацевтски или компјутерско\програмирање\електро нешто тие струки, со било кој друг ќе се изнамачиш за кариера, на факултет се учат срања кои на работа не се применуваат, главно е така на повеќето факултети вон погореспомнатите. Такво промшување направив јас и тука имам една поента: дури и кога би можел да си дозволиш да студираш факултет, пример кога твоите би ти плаќале, ако е факултет вон овие струки кои ти укажвам, само ке ти поминат 4 до 6 години во малтретирање, на крај тоа ќе те направи слабак, ќе се навикниш на една средина која е премногу културна, интелектуална, на некој начин недопирлива од надворешниот свет, а за да се изделкаш како човек кој ќе се пробива во животот многу поважна е онаа реалната школа, "уличната" , што би рекле некои.....Кога би завршил екој факс, ако не се вработиш по диплома ќе мора да работиш др работа, најчесто физичка, па било келнер и што и да е, и тука ќе се соочиш пак со тешкотија, со друга мака, ќе имаш зад себе образование а ќе мора да работиш нешто што не сакаш. Ова го велам затоа што сигурен сум дека барем пола од луѓето кои се келнери и шанкери низ Скопје, а и работници во фабрики , и во Скопје а во и др градови низ мкд, имаат некаков факултет. Немој да жалиш за факултет макар и да е некоја струка што би ти донела добра заработувачка. За да те мотивирам, ќе ти кажам и дека многу важи за животот она" Роди ме мамо со среќа па фрли ме на буниште". Има космички сили кои ги редат работите по одреден тек, ќе видиш ќе испадниш поголем среќник од тие на кои им завидуваш сега. Еве сум јас, додека јас се глупирав со студиите и си уживав на некој начин, заштитен и безбеден финансиски, мој другар кој немаше абер од ука и наука работеше физичка работа, не знам под која околност или случајност запозна девојка од Австралија и се ожени за неа и живее таму, работи и добро заработува,се разбира, Австралијае, а јас сега сум физички работник во фабрика( оти заврше она "тате носи, мама меси"), тука и среќен сум што го работам ова, и не дека се жалам, ама реално, тој на некој начин испадна многу подобар од мене во тоа како го истера животот, заеби ти јас што сум стидирал и што сум стекнал интелект и такви срања. Мислам дека не е лошо да бидиш келнер/шанкер таква работа, затоа што ќе бидиш во опкружување со луѓе, со девојки, и тоа ќе ти речам, таа работа ќе ти даде животна школа, ќе научиш однесување, флертување, додворување, едноставно комуникација....Немој никако да си дозволишда станиш антисоцијален тип, прескромен и затворен, туку себеси терај се да се изградиш во тип кој е пожелен во друштво, кој знае да комуницира, кој се грижи за својот изглед, тип кој го води орото....Ако осетиш дека тие другари кои се на факс те отфрлаат, најди си нов/и другар/и, колеги од работното место, или на друг начин.Убаво е да се има другар, да се сподели со некој и радост и тага и несигурност, да се споделат тајни и медноставно да имаш некоја поддршка, неко со кого ќе излегуваш на кафе, во кафич, ноќни шеми итн.
Не си во години кога аџале мора да имаш ептен пристојна плата, не е оптеретувај сотоа, доста си млад, ма да потруди се да работиш нешто што ти дава здравствена и социјална заштита, да ти се бери стаж, да не бидат години поминати а незапишани нигде., значи ако се можи. И поважно е во тие години да работиш на самодовербата, на подобар физички изглед, на излегувања со девојки, секс крај краева, поважни се тие школи него ова интелектуалното. Изнауживај се во младоста, само мудро, стани имун на негативни влијанија, не дозволувај никој да те наведува на крадење, криминал, дрога, небезбедни сексуални активности и слични дејности, секој денар во новчаникот да ти е заработен, а не краден. За одење во странство па и на брод многу си млад, јас не би ти препорачал, не сме членка на ЕУ и се е потешко за нас балканците, а нарочито без стручен профил немашмни добра заработка, би бил само роб, многу проблеми и стативи има во странство, наоѓање стан со поевтина кирија, интеракција со други македонци таму од кои и многу не ти мислат арно верувај, рано ти е за таков чекор, според мене.Се наоѓаат и таму опции, сепак младси доста и со тоа уште и наивен, изделкај се овде, созреј, па отом потом, макар што не сум присталица за странство, сум бил, сум бил момок, измеќар, сум се разочарал, се е тоа срање, среќата се постигнува во својата земја. Не дека сакам да те демотивирам за странство, но главно ти ја кажав реалноста, ако мислиш дека таму ќе бидиш многу постабилен финансиски, не успева тоа така едноставно, само ќе поминат младите и луди години во борба од која може да бидиш губитник.
Не знам како ти е ситуацјата сега, сепак ќе сугерирам, и од Скопје или околина, ако не можиш угостутелство пробај во тие некои фабрики Џонсон Мети и сл., веројатно им треба млади работници, тоа е една идеја ама ти најдобро си знаеш што ти одговара. Ми се допаѓа еден коментар од претходните, и добро ти препорачува, да се научи некаков занает не е лошо, можеш добро да се обезбедиш егзистенцијално.
Ако си од Скопје не можам многу да помогнам, не сум оттаму и не ги познавам опциите таму, меѓутоа општо за некои ситуации знам да посоветувам.
Пиши како се снајде засега ако сакаш. Ти посакувам се добро, биди поздравен!
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Знаеш све сам да направиш на 16-19 години и се жалиш тука? Земи откажи се.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.160
И во државава има места каде може да се заработува добра плата и да се изгради кариера, без да имаш било какво искуство или образование, само треба да си упорен и истраен. И јас се препознав себеси до некаде во твоето мислење. На твои години (или 1-2 повеќе) и јас бев во слична ситуација како тебе. Одлучив да се вработам и да градам кариера во област во која никогаш не би се замислил себеси. На почеток работев за 6000 денари плата (до душа во тоа време, 2006-2007, можеа колку толку да се покријат трошоците и со тие пари), со таа плата плаќав и стан, и јадење, и купував облека... И успеав да го завршам факултетот, кој иако директно никогаш не ми бил од корист, но индиректно, без него никогаш немаше да успеам да сум таму кај што сум сега. Земам солидна плата за наши услови, плата со која успеавам да прехранам тричлено семејство, успеав да направам куќа, да створам нешто... Тешко беше, ама нема откажување. Ако ептен не можеш да се снајдеш за подобра работа каде можеш да напредуваш во кариерата, пиши ми, те молам, ќе се обидам да ти помогнам, секако, ако тебе ти одговара.
Извини ако е интимно прашањето,интересен ти е постот и се согласувам со тебе,за која работа точно станува збор?

На крајот на денот не е се во парите,ако работиш работа која ја сакаш би ја работел и за помалку пари.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Извини ако е интимно прашањето,интересен ти е постот и се согласувам со тебе,за која работа точно станува збор?
Тогаш, 2007, се вработив во fast food ресторан, како обичен работник, напредував брзо, позиција по позиција, и многу брзо, за нецели 2 до 2 и пол години станав менаџер на смена. Сега ја работам истата работа на друго работно место, но за многу повисока плата. Значи, се исплатеше трпеливоста.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.305
Поени од реакции
10.314
Реши што сакаш од тебе како човек. Дали ќе си го колнеш родот или ќе сфатиш дека тие се картите што си ги добил треба да ги изиграш.Многу гледам ти дале опции што можеш како можеш.Јас ќе ти кажам да седнеш и да си ја чукнеш главата зошто ова што ти се случува е живот.Среќно и со лесно.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.009
Поени од реакции
1.217
Јас 25 имам па се чувствувам изгубен, не знам дали ќе се пронајдан но работам на случајот.Замисли друже цело време живеев во комфорт зона, еден ден беше потребен цел живот да ми трегне во поинаков правец.До пред 3 год. мислев се што лета се јаде шо би рекол народот, но тоа е живот како што рече членот над мене.Не се предавај, you'll grow thicker skin шо викаат англо-саксонциве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom