Суперхикс

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мноогу ги сакам, имам суперхиксопсешн, ги слушам секој ден и тн... Најдоброто нешто од Македонската естрада, стварно се оригинални, единствени и тако даље не ми текнуе шо да ги фалам
 
Чим толку долго го работеле албумот, значи сакаат ептен нешто диво да напраат...Да се стрпиме и да видиме што ќе искочи, би требало да е јако, едвај чекам...:vozbud:
 
album.jpg

:je: :je: :je: :je: :je:
Има одма да си го купам :)

Инаку прв сингл е „Тоа не сум јас“. :je: :je:
 
Синглето е за никаде, звучи евровизиски, и воопшто не гледам каде е сето тоа за кое шо се качуваа на глава као наводно работеле 2 години, деникен, па тој типот шо им праеше мастеринг....:nenene:
 
Синглот баш ми се свиѓа. Можеби загубиле малку од острината ама доста зрело звучеше а и продукцијата ми се виде доста добра.
 
Каде може да се најде синглот?
 
Тука. И, не е пиратерија, официјално е пуштена песната на нет.
 
Зашто не ми праи мерак синглов? :raz:
 
Само да ве информирам дека во викенд изданието на 03. мај на весникот "Нова Македонија" ќе излезе и новиот албум на Суперхикс насловен како "И сега што..."
 
Ау закон! Не знаев дека ќе иде преку весник, инаку очекувам добро сработен албум, со оглед на тоа дека Суперхикс секогаш прават нешто интересно и + синглот "Тоа не сум јас" што е пуштен од тој албум е добра песна.
 
Значи ке се надмине редовниот тираж од 5 примерока sd
 
Па ако сакаат поголем тираж ќе мора да има многу вакви акции.Сепак не им е лоша идејата,а плус сите го заборавија Нова Македонија.
 
Ова е обостран маркетинг.
Нова Македонија од утре е со нов изглед, и со страници во боја.
Суперхикс го работеа албумов 2 години.

Сепак идејата да го имам новиот албум на омилената група за 15 денари е нешто навистина прекрасно. Веднаш ќе го конвертирам во мп3 и ќе го ставам во мп3 плеерот :)

Инаку скоро цел албум им го имам слушано по свирки, и можам да кажам дека е одличен. Плус тоа на пост продукција работеа луѓе кои навистина ги бива и се забележува тоа уште по првиот сингл.
Како хит од албумов кој ќе се врти по радија и телевизии ја очекувам преработката на Motorhead-Ace of Spades (балкан верж’н).
 
Сепак идејата да го имам новиот албум на омилената група за 15 денари е нешто навистина прекрасно.

Мислиш дека ќе биде само 15 денари ??? :ahmm:
Како и да е на 02.05 ќе си земам столче и ќе си седнам пред трафика. Некаде околу 22 часот ги носат весниците, нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom