Ми го уништуваат животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Често посакував млади родители кои ќе ми дозволуваат да правам се, но како што врват годините задоволна сум со тоа што го имам. Да не беа такви какви што се, строги, принципиелни, сериозни, немаше да израснам во ова што сум сега. Жално е само што не се свесни дека со сите тие забрани кои ми ги поставуваа одгледаа уште една личност паралелно со мене, личност која скришно правеше се од нив, личност која тие ни малце не ја познаваат, не се ни сомневаат дека постои. Да, благодарение на нив јас не го избрав погрешниот правец во животот ама никогаш не почувствував како е да се биде вистинската јас пред нивните очи. Секогаш е лажна , фина , неизбувлива и тивка девојка која пази како се однесува, наспроти девојката која сака да ризикува, да биде слободна , да прави луди работи, да ги проба сите забранети работи во животот. И да, ги пробав сите работи кои ми ги забрануваа и да, жива сум, на прав пат и да, тие не знаат за тоа. Најголема желба ми е да соберам храброст и да им кажам сум правела тоа и тоа и тоа и ете ме, пак сум истата таа ваша ќерка, нема потреба од вашата контрола, јас можам сама. Благодарна сум што ја поставивте основата, дозволете ми сега сама да си го доизградам животот, но не скришно од вас. .
Да бидеме искрени тоа нема да се случи бидејќи секогаш ќе ја гледаат со осудувачко око таа другата јас, нема да ме прифатат таква каква што сум навистина, па затоа ете јас ќе ги прифатам нив какви што се и ќе ги сакам најмногу на свет.
 
Има решение и за ова.
Стани шо е можно понезависен. Шо поскоро.
Едноставно начин на размислување им е тоа. Од тоа дали ќе јадеш мајонез салата или еурокрем, дали ќе излезеш со овие или оние алишта, дали ќе си испеглан или не, дали ќе студираш ова или она, или ќе ти биде партнер овој или оној. Овие се у глобала неколку категории у кои си ги лечат фрустрациите.

Ама кога ќе престанеш да ги земаш у обзир нивните ставови, едноставно како да не се дешава тоа шо ќе ти го кажат.
Јесте, пак ќе ти кажуваат дали завесата да биде црвена или зелена, ама ти ако ја земеш каква шо сакаш, нема да ти смени ништо у животот.

Е кога ќе се најдете у таа ситуација на независност и пак ве „пасат“ како шо сакаат, тогаш не е вината у нив, туку у вас, и само у вас.
 
Шознам...
Тешко прашање у пм...
На овие години сега, кога и самиот сум родител, и си враќам филмот.... па, да... многу критички сум гледал на се она што моите родители ми го кажувале, правеле, дозволувале, забранувале...
Ми дадоа правец во животот, им благодарам. За некои работи сум им навистина благодарен, за некои и ден денес тврдам дека грешеле... Луѓе сме, сепак.
Секој родител го мисли најдоброто за своето дете.
И, кога еден ден стануваш самостоен почнуваш да ставаш се на вага и да мериш, да се потсетуваш на некои нивни фрази, зборови... па и со теретот на годините кои веќе сам ги носиш, носиш некој суд за се тоа...
Во глобала било се со најдобра намера. Моменталните фрустрации подоцна, кога ситуацијата се развива исчезнуваат.
 
Не е секогаш добронамерно. Има родители кои свесно, или несвесно прават огромни грешки. Како што пишаа погоре, лечат фрустрации преку детето. Го форсираат да стане доктор, а детето би било одличен глумец, на пример. Родителот треба да те поттикнува да станеш подобар во тоа што го умееш, не да ти наметнува квалитети кои мисли дека треба да ги имаш.
Понатаму, имаш и посесивни родители, кои не го пуштаат детето да се осамостои и ствараат стар и неспособен дебил од него.
Како што кажа Шкорпион на една тема, секој идиот може да стане родител, тоа значи дека не секој родител е добар родител.

Ова не го исклучува фактот дека на овакви теми ќе цмиздрат неблагодарни и разгалени дечишта.
 
Ако мислите дека родителите ви го уништуват животот тогаш вие сте големи идиоти во буквална смисла на зборот? вашите комплекси и компликаци,несериозноста,нерешителноста,лошите одлуки ви го уништуват животот а најчесто нормално подобро и полесно е да обвиниш друг (најчесто родителите се обвинуват) затоа каков живот имаш.Животот твој ти го правиш пекол или рај никој друг не ти е виновен што си ѓубриште од карактер.
 
Се пронајдов во темава...Многу, многу би можела да пишувам, но ништо нема да се смени се додека не се оддалечам од нив, а тешко дека ќе го направам тоа во скоро време...
Значи... @Samurai_Sk проблемот е тоа што за нешто што тебе ти е многу битно во животот не можеш да одлучиш ти, туку они...они управуваат со твојот живот или барем со еден круцијален сегмент...На пример, мене добрата и здрава исхрана ми е многу важна. Во основно одд. стигнав и до 90 кг., само заради несвесноста за тоа што и колку сум јадела. Заради тоа, јас немав проблеми само со облекувањето туку и со исмејувањето на моите школски. Ама тој што не осетил на своја кожа не може да знае колку боли кога некој што тебе ти е драг ти се потсмева во лице...
Денес сум 24 год., ги намалив килограмите но сакам сама да одлучувам што да јадам. Додека студирав во Скопје си бев на раат во врска со тоа, но кога и да дојдев дома почнуваа кавгите...Сега веќе не студирам, не работам а и да работам голема е веројатноста дека нема да успеам пак сама да одлучувам што да јадам се додека живеам во иста куќа со нив. Сум се расправала многу пати со нив и сум дошла до заклучок дека нема и нема да ме разберат и да ме остават на мир...А не е фер тоа, не е фер кога финансиската независност на своето дете и брачната состојба ја искористуваш за да го држиш во свои раце и да ти игра како што ти како родител ќе свирнеш...И реков, не верувам дека нешто ќе се смени и да почнам сама да заработувам затоа што мајка ми ако ме види дека сум ослабнала едно или две кила веднаш дига паника и ме гледа како да сум болна и анемична...и следуваат истите расправии....повторно и повторно...А не сум болна, јас здрава права, дури еден доктор ми подаде рака и ми честита за тоа што сум ослабнала толку, затоа што 90 кг. на 15 год. е нездрава работа...Сум размислувала на пример и да се вработам и да одам сама да живеам под кирија тука во ист град....тоа уште помалку би ми го дозволиле...А којзнае кога ќе се мажам...Не, дефинитивно ако еден ден јас бидам родител убаво ќе се преиспитам и повеќе пати ако треба, пред да се расправам толку време со моето дете за неговиот начин на живот, исхрана и сл...

Песнава кажува се...

Не викам дека нема такви случаи каде родителите не дека го искористуваат тоа што ти си зависен/на од нив финансиски, туку тоа го прават од лубов,премногу грижа за нивните деца, знам дека има такви родители што стварно претеруваат, сум го имал истиот проблем верувај ми, сличен тип на родители што едноставно паничат за се што ти правиш со твојот живот и да стигнеш +30 ти за нив уште си дете, уште не знаеш, уште си наивен/а,уште не си способен да се грижиш за себеси,уште не си зрел/а мислат и гледат да те убедат дека другите те искористуваат, те лажат а тие се единствените што те сакат во овој свет што не ти мислат зло,што се грижат за тебе и ако стварно ги слушаш и веруваш во таквите негативни мислења за животот ке те одалечат од социјалниот живот, ке те одалечат од друштво,ке немаш самодоверба во себеси и за тебе едниствена релација во животот ке ти биде дома-работа или ако си студент/ка дома-факултет,така ако го живееш животот со страв,со паника, со ниска самодоверба дури 4 годишно дете ке те убеди дека е подобар,поснаодлив и попаметен од тебе. Но ти си доволно зрела да знаеш што е добро за тебе а што не е и едноствано ке кажеш СТОП, и прво што ке правиш ке се убедиш себеси дека ти можеш да се справиш со сите предизвиции во животот,дека си доволно храбра. Ке си правиш план што сакаш во животот, што те прави тебе среќна, не мисли многу што другите мислат за тебе или за твоите одлуки.Ако си доволно решителна со тоа што сакаш во животот никој ама баш никој не може да ти се меша... ама ако живееш со мислите,со страв ако правам ова ако правам тоа можеби нема да можам сама, можеби ке биде многу тешко за мене ако се одлучам на таков чекор , е тогаш не ги обвини твоите родители или било кој што времето, животот го трошиш со двоумење,со мисли без никаква акција за промена.
 
Последно уредено од модератор:
Ако се работи за насилство, психичко или физичко, само треба полека но сигурно да почнат да се плашат на извесен начин од вас, и од ладниот однос на личност кој се самопочитува и не е тангирана од навреди/удари, и може да наштети ако е оштетена, со соодветно насилство, институционално/комшиско пријавување или други начини зависни од ситуацијата.

Ако се работи за држење до старите нивни начини ... На пример, горниов пример со тоа "да се јаде тоа и тоа", сепак тука ситуацијата е како во испревртенава држава, односно таму каде што се парите, е и моќта.

Ако очекувате да се ставаат во ваша кожа, пробајте тоа да го испробате и со други луѓе кои ви станале блиски во текот на животот. Ќе наидете на недоволно сочувствување и/или недоволна интелигенција, што ќе доведе до чувството дека другата страна не се замара доволно и/или не ве разбира. Али тоа е нормална човечка особина, да не може некој да се стави во ваша кожа. Па и мајка да ви е и да идете по линијата дека љубовта и` е бескомпромисна, нема врска, едноставно не ја сматра работата по истата линија ко вас од икс причини, и затоа никогаш нема ни таа, ни некој друг да може да се стави во ваша кожа. Просто е, и некој расказ/текст/било што да земете да прочитате во јавност и да побарате туѓи мислења, никој нема да го сфати како вас на иста линија. А не па да очекувате разбирање кога станува збор за цели искуства помешани со чувства, полемики, настани и одлуки.
 
Мене родителите во ништо во животот не ми се мешаат и се осеќам некако слободно пред нив и можам за се да се обратам.Уништување на животот ?-Само ме створиле и не ми ускртуваат ништо ...Е сега малку ми е тешко да трпам еден од родителите (мајка ми ) бидејќи е во климакс и по цел ден само лафе без престан (ми го уништува секој ден ми е напнат од нејзе) но и за тоа има решение -денес си купив од аптека тампони за ушите.И она ќе се изнадродоре и јас ќе си раатисувам.:D
 
Еее камо тампоните да беа единственото решение за сите проблеми на пола членови од тука или само дрдорењето единствен проблем...
 
Се` до моментот кога ти живееш во заедница со родител поради својата недоволна смелост да живееш самостоен живот/околностите кои ти ја диктираат економската состојба, се` додека родителот ти се меша само во малите одлуки, а не во клучните како избор на факултет/работа, ти немаш никакво право родителот да го нарекуваш деспот. (Не)работната состојба кај нас и околностите тешко да се најде работа, го диктира животот да ни` се сведува да го живееме во заедница. Како и да е, тука голема улога игра и „зоната на комфор“ што самите родители ни` ја имаат изградено а ние ја одржуваме по секоја цена. Сигурноста ја ставаме како приоритет, таа не ушкопува, ни ги ускратува сите поголеми желби кои изискуваат повеќе смелост. Да, родителите донекаде се виновни поради нашето немање муда да оставаме некои работи зад себе и да продолжиме понатаму. Од друга страна самата наша свесност што ја постигнуваме на одредена возраст временски не` е доволна за да почнеме нешто ново.
Денес додека не завршиш факултет мораш да живееш во заедница/од грбот на родителите. После тоа веднаш доаѓа моментот основање на твое семејство. Каде е меѓупросторот каде ти живееш и препуштен си сам на себе? Па ете макар и 2 години таков живот, создава разионализација на сите средства со кои располагаш, за да после кога ти ќе почнеш да основаш семејство да можеш лека полека да ги споделуваш своите лични искуства со твојот доживотен сопатник.
Истотака и факултетот... по дифолт МОРА да се започне година-две после завршување на средното образование. Многу малку луѓе ја гледаат опцијата за вонредни студии, што поради тоа што работодавците имаат премногу високи очекувања (а пренизок output - исплата :D).Така да споредбено родител - работодавец, скоро секогаш превагнува вториот, додека ние бараме дежурен кривец во првиот.
 
Интелегенцијата на човекот му служи за решавање на проблемите.Секој клуч лежи во темнината на нашиот ум..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom